Јас денес бев на прво ЦТГ 37+1 сум, и си мислев ќе ме задржат. Др вика рано е , за 10 дена се гледаме. Пред ЦТГ то ,јадев па и кока кола се напив. Бебе беше толку немирно, клоцање, прашав дал не требаше да јадам ?! Добро си направила ми кажаа. Па тој вагиналниот преглед , не беше пријатен.... Уште 10 дена
И јас денес бев на второ ЦТГ , полна 37 сум , немав вагинален преглед, доктор вика до термин ќе си терам
Јас сакам природно да се породам . И сега за сега Др. рече дека така ме планира,бебе си е наместено со главче . Но ,Боже мој , можело да дојде и до промена во текот на пораѓајот. Како и да е сеедно , е дека не сакам сечење не сакам но што можам ако е индицирано !
И јас денес на прво цтг исто 37+1. Добро беше, мирно цтг, ама затоа прегледот ме расплака . Сум заборавила какво е чувството ☺️ уште ме боли ама мора да издржиме. Ми рече докторката рано е сум била еден прст отворена, да не брзаме. Ама нема правила како ќе се отворам ☺️ајде нека ни е со лесно на сите
Денес бев на преглед кај докторот што ќе ме пораѓа. Тежиме 2490гр. Свртена е како што треба, нозете и се подвиткани бидејќи нема место, па кога ги исправа гура со главата надолу Докторот рече се е перфектно добро. Ме стави и на цтг,прв пат. Мирно цтг. Одеше до 30 таа линијата за контракции. А отчукувањата на бебуш 140, после 160. Рече во ред е се. Да дојдам за две недели. Некако ми помина стравот од пораѓај. Сега само чекам да влезам во 9ти и да реши принцезава да излегува. 34+5 сум инаку
Zdravo feminki. Jas sum nova vo forumot od deneska. Bremena sum i imam deneska za prv pat pojaki bolki vo preponite, jajnicite, nad beshikata i pozadi vo dolniot del od grbot. Dali ovie bolki se normalni za 24nedela od bremenost?
Имаш ли проверено микробиолошки брисеви и уринокултура ? Секој различен праг на болка има . Јес дека матка се шири ...ама тоа не е "силна" болка . Незнам некоја членка ако има да додади за оваква болка. Јас конкретно не сум имала. Мој совет да си одиш на гинеколог , цервикс да ти проверат на ехо .
Јас од почеток ги имам тие болки сега сум 19та.. во кичма јајници препони како менструални болки. Но секако ако е нешто ново и ти се појавува сега мислам дека е подобро да провериш.
Imam proveremo urinokultura i se e vo red. Pijam magnezium 2x1 od 250mg na den i koga go ispijam se smiruva bolkata. Deneska e podobro. Vo vtornik imam termin kaj doktor pa ke mu kazam za ovie bolki. Ima li nekoj drug sto pie magnezium i po kolku mg dnevno pie?
Мене Magnezium Direct во прав не ми помагаат. Jaс пијам MagCitra 1900 mg , на HealtAid. По едно дневно.
Јас после породување ќе земам посебни витамини. Количината во овие мултивитамини е многу мала, тоа и во аптека ми го имаат кажано. Во фембионот има 200мг ц витамин, тоа е ништо. Исто важи и за другите.
Фала @Fallen.Angel @Butterfly1107 а на кои посебни витамини мислиш, оние кои не се за трудници/доилки? И јас сакам да ги сменам веќе Фемибионот, ги пијам уште пред да останам бремена.
Знаеш ли која цена се? @Butterfly1107 Прашај си прво за Ц вит зашто цитрусни овошја за време на доење не се препорачуваат, а за Ц витаминот се поделени мислењата. Јас пиев два дена и ми плачеше многу и прекинав.