Женски дали мукозниот чеп мора да е како со крв или не е правило пред два саата на бришење ми се појави така лигаво (извинете на објаснувањево ама како желе) ама бело беше. Веќе ме фати трема дека почнува процесот па осеќам некоја нелагодност. Засега немам никакви болки...
Не е чепот ама изгледа почнал да паѓа. Очекувај уште таков исцедок и кога ќе падне ќе има баш многу и ќе има и крв. Спремај си ја торбата ако не ти е спремна и одмарај си. Ќе биде работата веројатно за неколку дена.
Женски кога влеговте во 9ти го прекинавте магнезиумот ? Од наредна недела влегувам во 9ти. Па не знам дали треба да се пие. Некаде читав дека се прекинувал..
Индивидуално е. Најчесто се прекинува со влез во 9ти бидејќи и самата функција му е да ги држи контракциите под контрола, а тоа веќе не е потребно кога бебето е спремно за раѓање. Најубаво консултирај се со доктор
@Филотеа планирав омега да земам посебно, б комплекс посебно, ц витамин посебно, другиве цинк и магнезиум си ги пијам стално посебно. Е сега имам алергија јас и прекинв се. Не знам што ќе правам понатака ама сакав да кажам дека ќе си земам посебни витамини, не така во едно апче сите. Иначе преска многу чудно ми дојде, јадев и пешачев по дома 30мин. После тоа си раскревав во кујна и одеднаш се осетив многу слабо, морав да легнам, ептен почна да ми се спие. После тоа ми се стврдна стомакот и почнаа менструални болки. Заврши тоа и сега сум океј ама едно 45мин не се осеќав баш најдобро. Мислев дека е до шеќерот ама го мерев и супер е. Пулсот нормален. Не знам што се случи. Денес сум 36+1
По дефиниција чепот не е крвав. Најчесто пукаат и капилари и тие го "бојат". Ако е поразлично од регулар исцедок. Тоа е.
Сега кога ги средував документите прочитав, ова е од вчера. Докторката пишала : цтг реактивно без утерин активитет. Што значи ова? и другото пишано не разбирам тие во првите редови..Кога лежев на цтг дојде и кога го виде ме праша дали ги осеќам болките кои се регистрирале. Осеќав ама ептен слабо. Денес осетив јака болка како менструална, траеше 1 минута и ми помина. Се нема повторено.
Истото ми се случува и мене денес, само што имам и некаква чудна болка во долниот дел од грбот и јас сум 36+1
Здраво на сите Нова сум на форумот подолго време ве читам а денес барам совет.Бремена сум 34 та недела и од сабајлево имам ужасна главоболка , пробав со парацетамол , б6 , кафе ама без резултат. Се консултирав со гинекологот и ми рече дека можам да се напијам ибупрофен.Ме интересира дали некоја од вас има пиено Ибупрофен ,да не ми е толку шубе да се напијам ?! Ви благодарам
Јас сум овие 2-3 дена исто со страшна главоболка,и сум 36+1, инаку до сега пиев само по едно кафе а овие два три дена пијам по две со цел да ми помине главата,ама сепак џабе.Инаку мене ми е баш шубе за апче,не би пиела никако.
Кафе со лимон пробај,јас после пораѓај од спиналната имав многу главоболки само од тоа ми помина Со лесно на сите ,јас влегов во 7 ми и помалку го осеќам овие денови,дали е во ред?