Денес бев на цтг 38+2,покажа контракции али немав никаква болка, сега седам во станот и одвреме навреме осеќам нешто али е ептен слабо. Бебето ми е помало за неделите али само да излезе жива и здрава потоа ќе си расте како што треба. Се надевам ќе ме изненади мојата бебушка наскоро.
Може глупаво прашање ќе поставам .. Мора ли цтг да покаже контракции за да е почнат пораѓајот или не мора?
Па треба да покаже, ама еве јас 2 недели сум со контракции на ЦТГ а не ги чувствувам. Кога ќе ги чувствуваш не е ни важно што ќе покаже ЦТГ-то. Ама верувам многу појаки ќе бидат и почести. И јас така си мислев, ама не мора да значи.. Мерките на ехо секогаш беа недела дена понапред, ама нема врска..
Кај мене имаше врска. Се породив точно во 38 недела, бебе 4 200. Сега повторно ми рекоа дека е понапредно, само што сега здравје ќе одам на закажан царска.
Моето е поголемо, докторот не мисли дека ќе биде порано. Инаку денес чистевме нели по дома, т.е. јас повеќе се мафтав лево/десно ама скроз изумив да одморам. Цел ден на нога од соба во соба и сега нозете ми се потечени. Никогаш не ми биле вакви ама па и никогаш не сум била на нога цел ден откако останав трудна. Еве лежам сега, се надевам ќе помине.
Ако ти е за утеха мајка ми ме родила мене 4кг . природно реално имала претежок пораѓај ,а брат ми го родила 4600гр. 54цм. ко од песна вика без никаква мака исто природно ,пак ќе кажам се е индивидуално ајде блиску си многу до најубавата средба во твојот живот издржи уште малце
Здраво женски, дали некоја од вас се чувствува деновиве уморно, само да и се спие...утре влагам во 37 недела два дена веќе сум ко утепана а и чувствувам повремено болка во грбот нешто како стискање, чукање не знам ни самата да опишам
Знам многу жени што родиле природно бебиња над 4кг. Ама не знам јас дали ќе ја имам таа среќа или ќе ме искасапат секаде и ќе ме шијат и ќе се измачам два пати, ем пробање природно ем царски рез на крај..
Мајка ми брат ми го има родено 4.200 нити распукана, нити сечена...и тоа со проблем и одврзување папочна врвка па се природно и без шиење..
Не смееш така да размислуваш ,никој не знае како ќе се одвива пораѓајот сепак најпаметно што можеш да направиш е да пробаш да се смириш ,да не слушаш околу тебе многу и пред се со добра мисла да отидеш .
Мислам дека си многу оптеретена, немој така сега на крај. Никој не знаеме како ќе се породиме и како ќе поминеме се додека не заврши постапката без разлика на планираното до тогаш Олабави си ја душата, како ќе биде така ..добро да се заврши на крај да сме здрави и живи сите и ние и бебињата.
Па Па оптеретена сум. Од секаде и од секого слушам искуства,совети и мудрувања кои не ги побарав. А уште повеќе ме нервира тоа што докториве креваат раменици и ништо не кажуваат ниту ми разјаснуваат. @elcezelce се трудам јас да бидам позитивна. И се надевам дека ќе биде добро, ама ме напнаа од сегде веќе. Немам сила. Ме збунија и сите мисли ми се измешани..