30+ до сега како кај папокот и доле ги чувствував бебињата. Овие 2 дена мислам во ребрата под гради буквално се напикани и многу мрдаат неможам ни да спијам, не ме боли ама многу нелагодно ми е и имам чувство како и на нив да им е исто Мокрам на 1 саат и како некој притисок постојано чувствувам кај препоните и грлото Исто ме подболува левата срамна коска, и цревата нон стоп како да ми кркорат ( незнам дали е од што ми се јаде дека ме ставија на диета заради алергија или..), како журка да се случува во стомаков по цел ден, и киселини имам, толку во прво тромесечие немав. Си се пожалив
Дали се киселини кога ви гори грлото? Нели се викаат желудочни киселини? Очекувам желудникот да ме боли. Али еве не можам да спијам мислам дека ми гори хранопроводот и грлото, како да ми стои некока храна која жеже. Тоа ли се киселини во бременост?
Не не царски беше. Само тогаш не стигнавме да закажеме, бидејќи падна чепот и почнав да се отварам. Познавајќи си го своето тело, не би ни покушала да родам природно толкаво бебе
И мене последниве две недели, многу често ми кркорат цревата, се тешам дека е од што расте бебче. Јас денес сум 28+4
Истите киселини ги имам и јас... не се тие како во првите месеци на бременост. Сега на моменти се чувствувам како змеј,мислам ако отворам уста оган ќе исфрлам . Растварам мноооогу малку сода (медицинската од алкалоид без жива)во пола чаша вода и така ме спасувам од неа. Не сум на диета а цревата постојано ми кркорат. Дури мм се чуди и мисли дека сум гладна,па од кога се врака од работа додека да си легнеме 100 пати ме прашува што сакам за јадење или пиење.Јас мислам дека киселините и кркорењето ми се зголемено од тоа што сега јадам многу овошје.
А зошто мислиш дека ќе те искасапат и шијат, а нема да успееш да се породиш природно? Пукаш или те сечат кога излегува главата на бебето, чим глава излезе цело ќе излезе. Ако си царски, здравје. Докторите не можат да знаат ништо во овој момент. Како треба ќе биде, немој да мислиш негативно само. Ќе помине сѐ, ем нема веќе да си трудна ем бебуш ќе го запознаеш. Ќе издржиш сѐ, нема да трае бесконечно тој период.
И јас ова сакав да го кажам, не е возможно да се случи да распукаш или да те сецнат па да завршиш на цезареа, зашто веќе со сечењето значи дека прошла главата низ карлицата и каналот, и веќе телото на бебето после лесно излегува. @Fallen.Angel непотребно си правиш стресови и страшни филмови во глава Многу жени родиле крупни бебиња па здрави прави се после тоа. Но многу ми падна во очи тоа што дозволуваш фамилијата од страна да ти влијае, односно им оставаш простор да зборуваат, напињаат и те плашат. Не ли можеш едноставно да не дигаш телефон овој период, да си опуштиш мозок, уживај дома гледај филмчиња, излези прошетај со мажето и воопшто не мисли дали ќе го носиш до термин или не. Тоа нека одреди медицинскиот персонал, ослони се само на нив, пушти муабети и од фамилија а богами и од форум
Земи си Рупурут безбедни се за трудници мене матичната ми ги препиша без рецепта одат киселините веднаш поминуваат Моја комшика едното дете го родила 4200 другото 4700 двете природно и не било многу тешко вика.Ми кажа битна е карлицата ако е широка 5 кила дете ке излезе ако не е и 3 кила да е мора царски.Сите препорачуваат природно не знам зашто
Тоа сакам и јас да го кажам. Мене до сега 4 доктори ми кажаа дека природно тешко дека ќе успеам да одам и за првото и сега за второто. При прегледот најверојатно гледаат каква е кралицата.
Во државна со првото во 7 ми месец ме гледаше ( докторката ми беше врска и ме породи), а сега матичната ме гледаше во 6 месец.
Мене акушерката ме мереше дента кога ме качија во родилна сала со една справа што наликува на шестар со тоа се мери колку ти е широка карлицата. Незнам дали имам пишано ама мојот доктор во систина последно кажува колку е тешко бебето во 8 мес. На прегледите кога ќе влезеш во 9ти не спомнува повеќе колку е тешко бебето јас баш во првата бременост на неколку пати прашав колкаво е и он ми рече дека јас со такви работи нема потреба да се замарам и јас искоментирав дали ќе можам да го родам он ми рече ако има проблем нешто јас секако сам ќе ти кажам твое е да бидеш спокојна и да се опуштиш.
Женски за цтг треба ли јас да се јавам во Чаир да закажам или како иде тоа...прво дете ми е, никој ништо ми нема објаснето како падната од марс сум...
Ќе земеш упут од матичниот гинеколог. Со него ќе појдеш во болница и ќе им кажеш дека си дојдена за ЦТГ. Барем кај мене така беше.