Зависи како е цтгто, обично кажуваат докторите кога да дојдеш нареден пат. Јас и со двете до 40 одев еднаш неделно (може со второто да бев последната 40та два пати, но така ми кажа докторот. По 40та веќе на 2 дена.
Јас со цтг почнав од 36 и одев два пати неделно, ама на моја иницијатива. Докторката која ме пораѓаше ми кажуваше за една недела да одам, ама јас приватно одев уште еднаш во неделата.
Нешто ме интересира. Моето цтг започна во 28 недела, тогаш ми почнаа контракциите. Еве сега скоро 36та, ми прават термини дури и два пати неделно (додуша има бааги јаки контракции, до 100ка и развлечени, ама тоа не е ништо ново). Не разбирам зошто толку често? Ако дојде време за пораѓање ќе осетам валјда
Цтг не се прави само за контракции, туку повеќе за срцето на бебето. Гледаат како реагира бебето после контракциите, следат осцилации на срценце.
Можат ли контракциите да му наштетат нешто на бебче? ко што гледам на извештаите, откуцаите се меѓу 120 и 140
Не можат, штом одиш два пати, те следат докторите, баш за да се осигураат дека бебчо е добар. Ако видат нешто сомнително ке ти дадат инекции за зреење и ке те породат. Штом си скоро 36 значи дека се е во ред, ке истераш уште малку и ке се гушкате со бебуш. Не се нервирај, и бебето чувствува. Мисли позитивно и спремај алишта.
Zdravo zenicki, jas sum nov clen i me interesira nesto. Jas sum bremena 31+4 nedela, i momentalno go osekam bebusot mnogu dolu, go custvuvam kako da ke se pomocam, kao da saka da iskoci... Dali se toa lazni kontrakcii ili?
А болки имаш или само клоцање осеќаш? Нон стоп е тоа чувство или повремено? Јас сум тука некаде, и кај мене е уште со нозете надоле и докторката ми рече дека затоа така го осеќам на моменти. Само контракции имаше од 28ма без друг проблем? Цервикс ти имаат мерено? Дека мене ми е страв да не ме фатат контракции и почнат да го кратат цервиксот. Јас и моите филмови
Само контракции. Не плаши се немаш потреба. Моите цтг-а од 28ма наваму, се поразиграни од на некоја пред пораѓај Цервикс над 3.5 цело време, така што нема врска. Сепак ако имаш нешто консултирај се со доктор најубаво
Да се пријавам јас Од денес сме 36+1 Вчерашниот ден го поминав на нога. Бевме на крштевка. Имам чести стврднувања на стомакот од пред една недела веќе, а почнаа и болки. Обично од сабајле Кај Долниот дел од стомакот, менструални,малку јаки, а и понекогаш кај кичмата. Штом се раздвижам поминуваат. Знам дека се лажни. Се надевам дека полека полека бебка се спрема за излегување, За 5 дена сме на преглед и цтг
Леле мила, летна времето. Туку, браво за храброста да одиш на крштевка. Јас овие два месеци со никој се немам видено, искрено се плашам од коронава.
Кај ептен блиски бевме. Немаше смисла да не одам,штом бебуш од 2 месеци беше што го крштеваа. Со маска цело време бевме. Ма да јас и да сакам не можам целосно да се изолирам. Маж ми е полицаец, цел ден е со луѓе,по болници.. секаде. Се пази,ама знаеме и дека многу лесно од него можам да префатам ако има тој.. Господ само да не чува. Баш ми летна времето. Ко вчера да пишав дека сум бремена
Во право си. Само Господ да не чува. Со лесно да ти е до крај, уште малку остана Јас веќе 31+, одвај чекам да се пријавам дека сум 36та Давај совет како побрзо да ми мине времето.
Јас почнувам 35 недела моментално... Пред една нед ме фатија контракции стведнување н стомакот без болки.. Но бев во болница поради тоа што почнал да се скратува цервиксот.. Бев 3 дена таму ме пуштија без промени но со коментар ќе издржиш до 37 нед.. Момент немам контракции.. Океј сум одмарам.. Сакам ваше слично искуство.. Инаце плацента веќе 3 степен на зрелост
Vcera vecerta go osetiv cuvstvoto za prv pat, bolka imav, imav cuvstvo bas kako saka da iskoci. Koga bev na posledniot pregled mi rece maticniot deka e namesten bebusot so glavata dole. Mnogu se isplasiv vcera vecerta...
Јас и ти сме исто до ден 31+4 Јас минатата недела го осекав така 3 дена, буквално на шоља седев но потоа само си се поткачи и го осекав околу папокот