Ааа па ти уште малку имаш Одмарај повеќе,по малку шеткај. Спремај за бебушот што треба и ќе помине време @prinstongirl2 Супер е до 37ма недела да издржиш. Веќе во 37ма мислам дека се сметаат во термин дека се родени бебињата. Немај гајле
Здраво, да прашам за трет скрининг кога го правевте што се испитува и дали некој знае колку е во Систина ? Убаав ден <3 <3
Луѓе, ме скина глава. Ама ме скина. 3 дена по ред, може и повеќе, не постојано ама кога ќе фати фатено е. Притисокот ми е во нормала, не знам дали е од времево. Пиете ли нешто вака? 29 недела терам.
Мене ми го наплатија како обично ехо 2560 денари мислам беше. Го гледаат бебето, протоци, ништо посебно специјално. Јас дека одам кај Димчев само го прашувам дали е во ред и ќе рече во ред е и толку, не ме интересира повеќе
Денес бев на цтг контракции ми покажа јас ништо не осеќам од нив 10 км можам да изодам. Си добив и преглед со рака... Бебето пак ми заостанува за 3 недели е помало, па мислам дека овие денови ќе ме прават царски нема да ме остават така. Јас бев решена за денес но Ефремовски рече да почекаме уште некој ден. Така да наскоро ќе се запознаам со мојата принцеза
Леле луѓе како се средувате за на преглед. Минатиот пат со брич лом се направив. Утре сум пак на цтг и си мислам ако имам и преглед со рака сега пак треба да се средам. Ама како не знам
Каков е тој лидера прашок прв пат слушам сигурен е во бременост? страв ми е од инфекции од такви работи.. Јас исто со бикче и со огледало до сега се немам раскрварено а скоро и ја на слепо се праам. Нема шанси да одам во козметички сега ептен ми е страв од коронава да се движам меѓу народ се уште
Го има во зегин, како прашок е сама со вода си го правиш како крема...мене други како депил креми не ми одговараа од како останав бремена, дури и ќе ме изгореа, а со ова си немам гајле ниту ме пржи за неполни 5 мин се трга
Внимателно и со лидерата ако ти е почувствителна кожата, јас така не гледав каде мачкам и се испогорев.
На депилација секако нема да одам Сум ви кажала што работи мајка ми и како ја немам видено со месеци, а од хорор приказни ќе ве поштедам. Во моментов за ништо не ризикувам а најмалку за влакна
Исто... ке полудев од чешање еднаш се избричив за вториот преглед баш во пикот и како луда се чешав. Како вошко доле да имав. Уште еднаш Таска моја не гледа брич. А на толку депилирање со првата бременост... сестрата пред царскиот над срамна коска ме помина со брич... па мислам повејќе од раната ме чешаше
Леле и јас во првата бременост цело време си одев на депилација и коа ме примија у болница таа болничарката ми вика не си доволно средена сеа јас бев као 10тина дена пред пораѓај на депилација ,па ме помина со брич што срам се утепа некако да ти кажам искрено .
И јас неможам да поднесам со брич , како луда ме чеша после , се изфрлам цела на препони а и за 2 дена ми растат влакната. Кога почнаа со работа одма закажав , еве и сега утре ќе одам на депилација, 38 + 4 сум , се надевам до пораѓај нема да ми пораснат да не ме поминуваат таму со брич , не сакам
Јас цел живот се бричам со пената за бричење на маж ми, трудна не трудна и никогаш ништо не ми излегло.