Цел живот па и во бременоста одам на депилација ама доле само со чист восок на лице место ми го топи кај другарка одам
Јас не знам што ќе правам дека со брич неможам, прашокот на ептен малку не фаќа ако ме фатат болки дали смеам да се поминам во тој момент пред тргање во болница или па да почнам секој ден да се поминувам со бик па и лом направена тоа ми е...
Изгледа шема им е. И јас депилирана отидов, па ме мина со брич. И реков, де за неколку дена толку пораснаа што мораше. Јас ќе и се срамам.. Него сега ми е страв со ситуацијава, а мора да одам
Јас со брич и огледало се средувам. Ми треба малку повеќе време, ама успевам. Сега дека 9ти сум, клекнувам, меѓу нозе го ставам огледалото и терам работа. За 10тина мин готова сум Здравје и кога ќе ме фатат болки, планирам да ставам чепче дома, да се истуширам , да се поминам со бикче па да тргнеме. Прворотка сум, не мислам дека одма штом ќе ме фатат болки ќе излезе бебка
Јас предходно се слушнав со депилаторкава она знае дека сум трудна се договоривме прва од сабајле да бидам она маска си носеше восокот посекако е чист за една употреба си завршив работа ,се договоривме здравје уште еднаш пред пораѓај да си појдам .
Вечерва прв пат ми се случува да ме фати болка како со нож долу под папокот од околу 30 секунди да ме препоти и ми се испапчи стомакот на десната страна ко шпиц. После 30 секунди помина болката и стомакот се врати во нормала. Инаку сум 31+5 Има простор за паники? Мислев да не се контракции а мн е рано(Сега сум на штрек веке 40 мин дали ке ме фати пак)
Денес бев за брисеви успат докторката ми зема и пап зашто од лани сум немала правено.Ме ѕирна и на ехо супер е бебе ,плодова вода овој пат има супер рече а и убаво пораснало бебе од предходниот преглед до сега со ова ги завршив прегледите кај матичнаѕа.Сега следен преглед здравје следната среда имам со цтг во систина ,ситно остана до гушкање со дадичката наша
Abe ajde dosta se machite. Aktivirajte toa mazite neka fatat nesto. Jas se doma se depilirav, samo intima na depilacija odev . Od strav od infekcii i sl. prestanav periodov. Od kako razbrav deka sum bremena nozete i racete so depilator ili so patroni i lenti, a prepon so mashinka za shishanje (samo za intima) i toa se mm go pravi.
И јас денес бев на последно ехо 36та недела сум плодова вода доволно има плацента ок наредната ќе одам на цтг бебе 3150 грама со 2 недели понапредно е.Ајде уште малку
Јас дека крварев доктор рече не иди на депилација да не се стегаш да направиш контракции. Прв пат сум си брич, маж ми сега ме бричеше цркнав од страв мислам бетер се стегав блазе вам ви се ближи термин, како кај мене да мине побрзо време, едвај го чекам бебе.
Јас денес бев на второ цтг, мирно е, нема контракции. Малце се извадив од памет, уште не сум си дошла при себе, апаратот не ми го ставија убаво, се уклучи аларм, гледав откуцаите дека паѓаат и мислам дека срцето ќе ми пукнеше. Ама после сестрата рече апаратот не бил добро ставен и не одговарала положбата и кога ме сврте си беше Ок. Не знаев дека е можно такво нешто Едит: Следно цтг за една недела. Не ме гледаа на ехо. Дали дека е мирно закажуваат на една недела или нема врска тоа? А на ехо значи веќе нема да ме гледаат? За во Систина прашувам.
Да се пријавам од денес во 9ти Бев на цтг супер е, клексан примам (уште 14 имам за примање) притисок нормализиран со метилдопа. На 10ти ехо контрола, а цтг на секои 3 дена ради притисокот. Ме интересира кога матичните ве упатија на болница кај тој што ќе ве порајѓа, пошто мене сеуште ми нема споменато ништо матичната
Мене така ми свиреше пред пораѓај. Прво јави таков звук кога ме примија, ама се смири. Сабајлето мислам повеќе пиштеше отколку што нормално работеше. Што ти кажа доктор за ова?
Мене матичната ми рече 37ма недела цтг кај нејзе и после тоа да одам да се пријавам во родилиште кај што ќе се пораѓам и понатака тие следат и цтг и ехо ако има потреба
Јас во 35 недела бев за брис кај матичната и последен ехо преглед. Од 36 недела веќе си одам во Чаир еднаш неделно на цтг и ехо.
Женски, два пати во рок од не знам колку време вечер осетив долу како нешто да ме прободува дали нешто се случува 37+4 сум...