И јас сум 37+4, имам од време на време како менструални болки и тоа ме тера да одам во тоалет. Понекогаш и ме пресекува стомакот ама мислам дека не е страшно, сепак сме при крај...
Мене ми дојде вечер чудно дека до сега само како што осеќаш ти, а вечер пак беше како некој со нож доле да ме прободува, па ме фати страв
Zdravoo Sakav da te prasham dali ti sama odluci kade ke se poragas ginekologija-drzavna bolnica ili vo cair te prati maticnata, mene mi e malce rano 28-29 nedela sum, sega za sega nemam nikakvi komplikacii,no sepak sakam da si znam Sakav da ve prasham isto vo koja nedela vi go pravea brisot bidejki mene maticnata mi vika toa e se pravi vo 38 nedela no nekako mi e predocna, mi e strav da ne imam nekoi bolki bidejki i sega znae mnogu cvrsto da me stegne stomacheto ps. 29 nedela sum
Мене 4 брисеви микробиолошките ми ги зема во 33та недела а тој за стрептокока вчера ми го зема 36та недела сум.
Па сега со коронава не сум сигурна ама мислам сите ги праќаат во Чаир , иако јас и за таму бев одлучена . Во 35 + 5 недела матичната ми ги зема последните 3 брисеви, мислам дека 38 недела е касно до тогаш може и да се породиш
Здраво Ве читам дека во трето тромесечие се прават некои брисови па може ли да ми пишете од кога до кога треба што се проверува ?
Денес 38 +5 , бев на цтг , се напнав во Чаир не покажуваат контракции сите цтг апарати , мене ми се ослободи место на тоа само за срценцето на бебуле. Инаку немам никакви болки , само во движење осеќам некои сечења ептен во долниот дел на стомакот, ама сакав да видам дали ќе покаже некакви контракции или ништо.Можно е да имам а да не ги осеќам... После на ехо ме виде , супер е дундето мое , вода има , постелка 3 степен . Иии толку се спремав за тој преглед со рака и ми вика да не те чепкам денес ај напраи полна 39 недела па во понеделник ќе те видам...
Тоа последното што е до прозорот е тоа уствари што не покажува контракции? Си вика ајде уште малце нека поседи дундето да не го провоцирате Кај кој доктор беше ти инаку?
Даа, тоа Па да така мисли да не го провоцираме Кај Младен сум И ти одиш во Чаир , тука сме со термините
Јас па се чудев првиот пат зашто ништо нема доле обоено и мене ми рекоа Понеделник пак на ЦТГ, ако во меѓувреме не бидне нешто може ќе се видиме тогаш
Имав да ради ХПВто да провереа дали имам кондиломи, плус дека второротка.. Тоа беше понеделникот само 1цм отворена. После тоа имав зголемен исцедок малку и со крв измешано. Веќе секој ден си имам почесто стврднувања и некои слаби болки, па се надевам кај и да е ќе се запознаеме со бебче Јас кај Илиевски бев, ако нема ништо во меѓувреме контрола за една недела..
Немаме уште многу до запознавање со бебушките, само со лесно да биде и се како што треба. Јас уште не осеќам ништо , ни стврднувања , ни болки , ни па имам зголемен исцедок . Ќе видиме после прегледот со рака како ќе биде здравје
Ајде пак јас. Мислам дека почна да ми паѓа чепот. Сега кога бев во вц,ми падна нешто лигаво, го повлеков со раце јас и се скина, не е цел, мислам дека малку ми падна само. 36+3 сум инаку. Има шанса до 38нед да гурам? Утре сум на преглед, ќе видиме што ќе ми каже гинекологот. Ме фаќа паника малку
Леле јас се возбудив, дека сме со два дена разлика со тебе Мислам не мора да значи дека кога ќе падне чепот за брзо ќе се случи породувањето, барем што сум читала тука, а и ако е само дел, тогаш не е страшно. Нели беше скоро на цтг? Покажа нешто?
Ништо, до 30ка одеа контракциите. Се беше во ред. Јас ништо не чувствував. Од пред една недела бебушка е мирна, слабо мрда, мислам дека нема место веќе. Имав често стврднување на стомакот овие 2 недели и чат пат менструални минливи болки. Утре сум на преглед. Ќе му кажам на гинекологот, да видиме што ќе рече А може и од тоа што вчера пешачевме ,па почнал да паѓа
Не верувам да е од пешачење, јас цело време движам и сум на нога и дома, некогаш и по два часа активно пешачење имам, ама кај секоја различно веројатно. Моја бебка баш овие денови нешто се активира и претка нон стоп, а јас не сум била на цтг се уште Ајде ќе те чекаме да ни пишеш утре што ќе каже докторот, без грижа само, ќе биде се во ред може вашата е нестрплива поскоро да ве запознае