Проѕирен беше и се тегнеше како мрсул. По тоа што сум читала мислам дека таков е чепот. До сега такво нешто сум немала. Немам болки, многу малку ми падна. Би ти пратила слика во лп ,ако не се гадиш Секако сум утре на преглед, се надевам ќе ме прегледа. @Thallia јас и не се движев мн цела бременост, во 8ми месец имав болки ,сега од 9ти рекоа може пешачење и јас веднаш почнав
@Kate Rina 93 не знам дали ме прочита минатата недела и јас исто мислев дека чепот ми падна ама излезе дека не бил чепот туку само исцедок.. баш вчера бев на преглед и док ми рече штом не било со крв значи не е чепот И јас се возбудив ама кога ми кажа дека уште ќе терам дека според бебе рано му било за искачање.. јас ко што си викам цело време така и ќе биде изгледа ќе си гуркам до термин и со ова
Девојки здраво. Јас сум за неколку денови 28 ма недела па влагам во ова тромесечие...некоја што е по расположена да ми каже што е следно сега ...што треба да се испитува и кога. Последно ми беше скринингот во 22 недела. Поздрав до сите.
Имаш испитување за скриен шеќер, д димери и стандард секој месец крвна слкка и мокрача.Здравје 9ти месец цтг и на крај пораѓај
Има време до порагај...просто со ситуацијава незнам веќе како да ми помине време цело време сум дома... кога се испитува ова? Мојата матична не е многу ажурна ...
Во 28ма скриен шеќер е добро да провериш, во 35-36та брис за стрептокока, после тоа барем еднаш неделно цтг, ако треба и почесто ќе ти каже докторот. Цервикс мене ми измерија уште во 18та недела, од тогаш не ми мереле, ама можеш да побараш од матичен гинеколог да ти измери чисто за твоја сигурност.
Девојки здраво.. Можеби не е тука постот се надевам некој со слично искуство ќе даде совет. Значи имам клндиломи надворешни мали не ме чешаат немам никаква мака од нив. Еднас ги горев и имав само три пред да останам бремена.. За во 5 месец некаде ми се појавија пак сега сум 35 недела и имам 6 7 можи незнам точно.. Матичниот ми вика царски ќе е дека се пренесувало на бебето. Па сакам да знам дали им некој што можи да даде некој совет околу тоа дали се пренесуваат или можам и природно.
Здраво да прашам од вчрра почнав да го осеќам бебето на стедина на стомакот долу како да кажам на кај бешика дека мрда, до сега се беше или од лева или од десна страна и некако чудно ми беше ниско да ми мрда ?
Може со ноџињата е таму па затоа таму го осеќаш, јас пак да не речам цело време ама многу често го осеќам долу ниското, дури се случува мислам дека толку многу се бута таму и често таму се наоѓа стомакот на тоа место станува мн тврд само таму, потоа ќе се помести некако и се си е нормално ова ми се случува овој месец можеби дека сега е поголемо па поголем притисок прави, денес сум на контрола па ќе видиме што ќе каже докторот
И јас во 28 недела мерев скриен шеќер.Д-димери во 33та испитував, а цервикс еднаш само ми мереше во 35та тоа знам се мерело ако има потреба
Јас сум 29 недела и од 28 недела па еве уште го осеќам многу доле буквално како да ќе излезе, па во препони ќе мислам дека е.. Многу често кога се качувам по скали си го држам мешето, зошто мислам ќе ми падни.. За една недела сум на 3ти скрининг па ќе прашам... Ако ти кажат нешто подетално на преглед или бар дека е нормално да ми олесни пиши ми.. Фала
Точно е дека се пренесуваат, најубаво ти е да ги изгориш и да ги излечиш со специјална терапија има за нив другарка ги имаше пошто ќе ти прават проблем и понатака
@Kate Rina 93 што ти кажа докторот, проверувам цело време дали имаш нешто пишано, ми остана во мисла Дали е средба со бебе на повидок?
Во 16часот сум на преглед. Веднаш ќе пишам Ме болеше кичмата, цела вечер немам око склопено. Само ако се движам не ме боли. Се надевам ќе има нешто , да ме израдува докторот
Да пишам како поминав Бебка е добро,,има плодова вода. Цтг мирно, одеше само еднаш до 40ка. Си го добив и прегледот со рака Болеше луѓе.. рече почнал да паѓа чепот, ама не сум ич отворена. Рече за 1 нед на контрола , а ако ме фатат болки да си дојдам порано