Мене двапати со рака ме имаат проверувано и не осетив некоја болка, туку само непријатно чувство некое. Ама затоа кога ми земаа брис за да проверат стрептокока, многу лошо, болно и крајно непријатно чувство (ама кратко траеше за среќа). Проверката со спекулум е ништо во споредба со тоа.
Мене во 35 недела ми земаа еден површински ,тој за стрептокока ништо не осетив , ама освен тој ми земаа и уште два , брис од вагина и брис од цервикс со спекулум , не болеше ама непријатно е
Леле каква дискусија се отвори за прегледот со рака Ама што убаво се изнасмеав Сега сите прво во рацете и прстите на докторите ќе гледаме
Мене ме болеше и зависи лд раката многу прво ме прегледа млада веројатно на специјализација и кога ја пикна ми се чини дека кружеше внатре со незе и срцето ми го изваде.. За да цела нок не спијам од страв бидеќи знаев дека наредното утро ќе ме очекува истото.. Следниот пат за нијанса беше малку понежна но се работеше за доктор.. И сватив дека се зависи од раката и не се сите нежни
Денес официјално го почнувам 9ти месец 36нед стигнав ,ама се настинав многу дома кречевме и изгледа промаја ме фати па денес некако се ме боли и цел ден кивам Се напив вит Ц 1000мг ,еден парацетамол и лежам ај валјда ќе помине брзо .
За женските што сте пред породување, како иде, почнаа ли секој ден пораки да ви стигаат? Јас ако не одговорам на вибер или на фб одма леле да не се породи Почнуваат на живци да ми одат, башка што кога ќе се пораѓам не сакам никој да знае, само јас и мм.
Мене повеќетпо пријателки, колешки немаат родено и си мислат дека до термин се иде па затоа уште не прашуваат така директно. Само дали сме добри, едно др.. Едино со мајка ми што си се слушам секое сабајле, и ако не ја побарам некое време, она обавензо ќе ми се јави и така дискретно што правиш како сте
И мене мајка ми секој ден ми ѕвонеше убаво ми беше ќе си се пожалам дека ми е мачно. После се освестив дека ќе примети кога ќе отидам во болница и и реков дека јас ќе ја барам на 2-3 дена кога ќе можам баш од таа причина. Се согласи без проблем зашто секако не сакаше да знае кога ќе добијам болки, сакала да дознае кога ќе биде завршено