28ми јуни, имам уште за веслање. Ама ме израдува чепот. Мислев готово ќе биде и кога видов дека нема бебка абер се разочарав
имаш имаш ја мислев поблиску си. Ајде теши се дека бар нема цело лето да си трудна друго ќе е со бебка ќе шеташ
Женички 28н 2дена сум. Овие 2 дена некако бебчо ептен мирен е. Го осеќам чат пат ама не како претходно. Простор за паника? Или сепак не?
Велат дека кога расте движењата се намалени, ако за ден два не се “активира“ како претходно консултирај се со матичен гинеколог
Кај мене мн ретко мрдаше нежно само еднаш и толку и јас некогаш мислев дали е нормално... Сега сум 36 недела и последните 3 4 недели почна повеќе.. И појако да го осеќам а иначе беше слабо
Еве јас 29та недела денеска почнуваме, овие два дена баш слабо синоќа легнав ставив раце на стомак и така го чувствувам али претходно баш секоја вечер кога легнев лумпуваше сега не .
Не се секирај има денови помалку има денови повеќе,јас имаше денови лупа мислиш ќе излезе е сега веќе само осеќаам по некој удар и многу превртување.Не паничи си бара одмор и тоа а рачунај сега веќе и просторот им е намален.Јас кога прашав ми рекоа за клоцање многу нема да осеќаш зошто им се смалува местото само превртување и движење.Се е во ред опушти се
Мене ми беше така ептен густо пред пораѓај и баш тука пишав, сите ми рекоа тоа е тоа, имало случаеви кај што е без крв ама ништо си терав недела дена. Вечерта во 11 видов со крв И знаев дека е сигурно слижбиот, болки ме фатиа за пола саат, другиот ден се породив.
Денес бев на цтг и ехо ,се е добро докторот рече неможело да биде подобро ,следно цтг и ехо за две недели ми рече во 38 нед.За стрептококата ми даде да пијам панцеф 5 дена рече ќе се среди да не се секирам ич ,искрено ме смири малце пошто бебе полуде на цтг незнаете колку мрдаше
Мешиња мене утре краен термин , иако докторов од Чаир кога отидов кај него првпат во 36 недела ми го пролонгира за 20 јуни.Бебушка сеуште многу активна, клоца мрда се превртува, не се смирува како за пред пораѓај , може и нема врска тоа Во понеделникот бев на преглед , 2 см отворена , јас никакви болки Утре сум на цтг и преглед ќе видиме што ќе каже дали и се излегува на бебушка или ќе ја чекаме сепак уште недела дена
Обично велат ден два пред излегување се смирува и тогаш се спушта во родилниот канал, макар што не е правило, тука многу членки имаат пишано дека им биле активни бебушите до крај. И кај мене е многу активна последнава недела, јас сум во сабота на второ цтг. Те чекаме со свежи информации утре
Јас на пораѓај бев па моево мрдаше ко лудо ,незнаеш колку беше активно ,така да нема правило ,со оваа бременост сега бебето ми е далеку помирно во меше од син ми ,ама еве како влегов во 9 ти од минатата недела стана премногу активно незнаеш колку мрда ,така да се е индивидуално изгледа
Да пишам... Се вратив од преглед , стандард муабет , ништо ново , бебе не е скрос спуштено во карлица , вода има , постелка добра 3 степен , уште си качува на килажа малата..вагинален преглед немаше. Ее веќе да одам на два дена , здравје понеделник , па среда , па ќе се договараме зависно од ехо и цтг.