Истото и јас денеска.. 40+1 ЦТГто добро (пак ме ставија на тоа што не покажува контракции ) Плодова вода доволно, постелката гледам пак стои 2/3.. бебка околу 3.500гр, вагинален преглед не добив ( а пред тоа два имав).. и баш ми падна чудно минатиот пат изгледаше како да е напредно и да ќе биде порано, а сега еве ништо и нареден преглед понеделник па здравје исто на два дена
Јас и ти исто Кај кој доктор си ? Ја мислам ќе си јадам провокација ако не се породам до следен петок
Да и јас така знам ,што ми кажувале,и во мојот случај, од кога ќе се влезе во 9ти , еднаш неделно се оди на цтг и ехо , при крај веќе или со поминат термин на ден - два.Е сега ако се има болки да се оди почесто на цтг ама тоа цтг без ехо преглед ништо не значи.
Кај Илиевски сум.. едвај чекам веќе.. со малиот точно на ден на термин се породив и сите ми збореа демек второ ќе биде порано ќе видиш али не било баш така како што сакаме
Да епа добро пак на недела ќе биде, како што кажа и @Maja92@ во 9ти на една недела контрола, а после ако продолжиш над термин на два дена ќе ти бидат контролите..
И јас чекам дај боже да истерам до крај.. 36 почнав а ск ми рекоја до 37 ќе издржиш бидејќи плацентата веќе ми е 3 степен. Некако ме фајќа нервоза и страв цела ситуација
Девојки здраво, Денес 28ма недела, бев на преглед и цервих е мн скратен. 26мм затворениот дел, а тој почетниот дел кај што е залепено со главче е подотворен поради Y обликот и не ми го рачунаше. Мислење е да примам ампула Флостерон 7мг на 2 пати во период пд 24ч. Значи 14мг вкупно. Искуства и мислење? Рече никој не може да предвиди, може и да терам вака до крај, а може и пред време да се породам.
Не бе, никакви болки, ниту исцедок некој. Ме праша и Др Ги виде рез и друга Др за ризична бременост што е, рече не е за паника, но не е само плука има и други органи. Дека она после 30та ја давала таа инекција за зреење...
Јас и сега и во првата бременост со секое цтг и на ехо ме гледаа ,иначе ова за систина зборам да знаеш само пошто јас таму одам .
може и поранп да се даде доколку има индикации за истата сма ако немаш болка ни контракции не се секирај
Не се прави толку редовно ехо ако цтг е мирно. Јас имав ехо во 37ма (и тоа на мое упорно барање да го видам) и следното ми беше закажано на терминот ама мене вечерта ме фатија болки. Така да, едно ехо имав во 9ти.
Јас имав пред една недела прво цтг и ехо, утре сум повторно на контрола, мислам дека и утре ќе имам ехо да видиме дали бебка качува на тежина, бидејќи беше малечка 2400-2500гр (со толеранција нели +/- 300гр)
Нашата заспа на сред мерење па докторката ми го тресеше стомакот да ја разбуди, дури и ме праша дали сум нешто јадена, затоа за утре ќе си каснам благо да биде активна