Тогаш докторот ќе знае што да направи. Јас кога го прашав за ехо тој ми рече мене цтг ми е важно. Докторите таму гледаат се што треба да видат. Ако има нешто ќе погледнат и на ехо. Инаку, мојот доктор со рацете ми го напипа стомакот и килажата на бебето ја промаши со 100гр.,а друг доктор со мерки од ехо ја утна за 400гр. Сакам да кажам си знаат докторите.
Јас денес бев на цтг и ехо. Бебка е супер рече, наместена баш како што треба со главата надолу и не знам како ми рече грбот и бил наместен. Рече баш како по книга е. Уште да фатиш болки ми рече. Цтг мирно. Бебка мрдаше, ама немаше контракции. Наредна нед само на цтг сум. Му се качив на глава за хемороидите ,упорно не сака ништо да ми даде, вели ќе се повлечат после пораѓај. Викам страв ми е природно да раѓам, плус со хемороиди. Ќе ми пукнат. Вели не сакам да слушнам за царски. Бебето има мала глава (на татко му) не е многу големко, околу 3кг ми рече. Ќе си родиш природно. Реков доброо
И мене вчера ми излегоа хемороиди , баш се чудев како изгледаат и оп нешто чудно на допир си викам што е ова бре хахах Не ме болат , ни па ги осекам вака да ми сметаат ама одма денес си земав една крема за хемороиди на Леа и ќе се мачкам неколку дена да видам дали ќе се повлечат.
И мене на почеток не ме болеа, сега ме чешаат и на допир ме болат. Ставам кантарионово масло. Ми поминува чешањето од тоа само. Ќе ми ја сликаш кремата?
Јас сум со истиот случај од 26 недела.Скратен цервикс 2.5cm и мал отвор.Ми дадоа 4 инекции флостерон 2 примив истиот ден на прегледот 2 следниот ден.После 4 недели во 30 недела примив уште 4.Еве сега со Господ напред 32 недела сум стигната ,но овие 6 недели од кревет не сум станата.Ми рекоа строго мирување во легната или полулегната положба.Така да се надевам барем до влез на 9ти да стигнеме .Иначе докторот тече барем до 34 да издржиш после не е проблем.Едино што после инекцијата имаат такво дејство па бебушка е успорена нема толку да ја осрќаш ама после 2 до 3 дена се враќа во нормала.Немој да се мислиш тоа е превентива за не дај Боже.По што дејствието е после 2 дена од примање не е одма.
Женски јас неколку псти се разбудив со средна по јачина менструална болка долу ниско и во грбот.. Па презаспивав реков ако е време ке де зголеми болката д ане паничам и еве сега пак ме разбуди и помина.. Пред неколку дена исто ме фати вака цтг беше мирно.. Нз што да мислам ств како да осетсм дека време е
Фала ти, ме охрабри! Ќе идам во понеделник на уште една консултација ама ќе ја примам дозата секако. Ми спомна и Др дека бебето ќе е мирно тие денови да не се плашам. И јас лежам и ќе лежам тоа е сега, за бебе све ♡
Кога ќе биде време, ќе имаш нон стоп болки нема да прекинуваат. Мислам и други пишуваа за овакви болки почеток на 9ти месец. @LadyC вајда рано ни е на нас за тие стврднувања. Јас немам киселини, многу ретко. Последно јадење ми е во 20h може и затоа. Ако јадам покасно знае да ми биде тежина.
Ич не е рано мила,има жени ги осеќаат од 20 и некоја недела нагоре. Ама јас изгледа не забележувам тоа.
Женски од денес сум 39та недела, од сабајле стомакот ми е камен тврд, дали е тоа нешто проблем или е нормално? Овие две недели баш како да ми се спуштил стомакот, а денес како пак да си се подигнал горе..
Убав ден, мешиња Второ цтг денес, плус ехо и како бонус, фамозниот преглед со рака Цтг мирно, покажа само една контракција во тие 20тина минути, бебе уште е малечко има доволно плодова вода, ќе чекаме уште до средба Прегледот со рака дефинитивно непријатен, но мене не ми беше болен да бидам искрена, можеби очекував поболно да биде па психички си бев спремна Грлото омекнато но ми мереа и карлица па испадна тесна и ми рече докторката дека голема е веројатноста за царски рез, што искрено ми дојде малку како шок, но ако мора, нема што да правам освен да прифатам. Подобро царски отколку да се мачам со часови и пак на крај на царски да завршам... се надевам ќе имам време да ја обработам информацијава во глава дури да дојде време за бебка да излезе, бидејќи бев сигурна дека спонтано ќе раѓам и царски како опција не го имав размислено дека може да се случи
Прегледот до рака е нешто нсјгрдо што сум осетила барем јас, и да зависи од нежноста и од раката. Мојот матичен кога ме проверува искрено не ме боли ја става раката во еден правец и ја вади, а во гак ме проверуваше најверојатно млада стажантка можеби без многу искуство и таа ја стави внатре па правец како нагоре и кога почна да допира и се задржа доста време внатре е тоа ме бллеше многу. Солзи пуштив истата секунда. Нз оти ни како ама ме болеше мене.
Станува тврд кога грлото омекнува и тоа се подготвителни контракции нормални и очекувани за твојата недела
Јас од 32 недела почнав да осеќам .. Некогаш појаки некогаш послаби ама ги има . Кога лежам и мирувам се е океј тогаш.
Прегледот со рака ме асоцира на тоа кога ветеринарите буричкаат во кравите. Буквално така се чувствувам.
Најгрдото најужасното нешто што сум осетила.. Тука спаѓа и познатиот спекулум.. Ама тоа е жена за тоа сме
Ааа значи и ти го помина фамозниот преглед со рака ...јас понеделник пак ќе имам А како се мери карлицата тесна широка ? Појма немам мојава каква е хах ,ни па ми спомнал некој доктор до сега..
Сакам да ве прашам оние кој сте веќе влезени во 9ти ,37нед сум ова бебе за разлика од првата бременост го носам пониско и при движење го осеќам толку доле што дури и непријатно е чуството поготово кога бебе ќе се размрда ,дали имам простор за паника дали на вас ви се случува вакво нешто ?