Лелеее кај ги спомна сега бре Колку им мерак и онака а не па сега трудна 9ти уште и во 12 ипол навечер хахах... ќе си ги сонувам вечер изгледа
@simonka93 Може ананас, може нешто против хемороиди да ми донесеш за добредојде, може и крофни. Не прибирам
Леле јас ич значи за ништо не сум стрвна цела бременост ,ниту па имам некоја храна што ја јадам премногу дур сум трудна ,ама ми се увртеа крофни незнам од каде и земав дури и да праам ама нажалост ич не ги погодив катастрофа искочија Па следниот ден мм отиде и купи од крофни да ми помине меракот
@Kate Rina 93 @elcezelce @NNK19 Влегувам од денес тука. 27+1 а се осеќам ко во 36 да влегувам @Kate Rina 93 хемороидите си ги носам уште од првата бременост
Ајде и јас да си пишам.. вчера прво цтг и ехо во Чаир се е добто плодова вода доволно постелка 2/3 степен само бебко е мнооогу ниско (затоа и такви болки у срамна коска имам) вагинален преглед не си добив ама психички ме спреми за нареден преглед дека ќе добијам да види дали сум отворена зошто кога ми отвори историја виде дека многу брзо се породив со првото и сега го фати страв да не не издржам до болница дека второ Цтг добро (на тоа што не покажува контракции ме ставија) и тоа е тоа.. абер сеуште си немам а немам сили и нерви веќе едвај чекам да се породам многу ми станува тешко
Ајде добредојде.. да ти кажам право исто се осеќав и јас, може дека втора бременост ама од старт мислам дека ми беше потешко се за разликата од првата Еве си се пожалив и горе дека не можам веќе (за два дена 39та)
Таман ајде на тараса кај мене јас частам кафе Добредојде во последното тромесечие со лесно да си го истераш
@simonka93 добредојде во Трето, лесно да ти е до крај @LadyC и мене ми летна твоето кога те видов пред некој ден во Трудници 32ра дека пиша, велам не е можно кога стигна толку како 4 месеци да си трудна ми се чини, а ти 8
Само мене бавно ми мине времето. @simonka93 добредојде @elcezelce колку убава тераса и ја би да сум таму на едно кафенце.
Кажете ми 32 +1 сум дали некој од вас има проблем како цело време да му се оди во тоалет по мала нужда а ко ќе отидам многу малку.Дали бебушка притиска толку ниско што цело време го имам тој осет.И некоја тапа болка ниско околу бешика околу препона непријатно баш.
Денееска сме во 30та недела , кажете ми нешто правевте ли проверка на брисови наредна недела планирам да закажам трет скрининг може во 31 ва недела така ? И интересира ме од кога почнавте ЦТГ има ли некое правило кога се влегува во 9 ти месец или кога ? Иначе јас се будам секое утро подувана после ми снемува оток али имам разлика од претходно, и денеска добива коментар колкава сум подуена . Вака многу гледам да внимавам на исхрана преку ден јадам салати, овошје, домашни јадења како да кажам ориз, компир манџа, пржени домати пиперки, варени јајца. Не јадам леб со години тестенини исто,ама навечер ми се пријадива благо и неможам да заспијам ако не јадам не знам дајте ми некој совет како да се одржам сега ? <3 <3 <3
Ајде и од мене кафе. Што да правам што сум спанка па подоцна правам кафе Со лесно женски Си ги чекам овие 12 дена до термин. Ко вечност ми се. Бебка абер нема. А кога не требаше да излегува тогаш сакаше да излезе
Повеќето од нас го имаат тоа, посебно ако го носиш пониско, или ако е со ножињата долу баш ќе имаш кконстантно притисок на бешика. Јас ноќе ако не се разбудам за час-два за тоалет страшно ме боли, дури не можам да се исправам понекогаш. @Anaouou на цтг обично препорачуваат од 36та недела кога ќе влезеш во 9ти месец, а ако има потреба може и порано, тоа сепак гинекологот ќе ти каже. Трет скрининг “официјален“ јас не правев, имав преглед кај матичен на ехо и во 35та недела брис за стрептокока.
Девојки дали сеуште знае да ви се деси бебето да се спушти ептен ниско доле и да ве клоцне? Ептен ме исплаши сега на сред пазарење, мислев тргнало да излага како ме исклоца... Ептен неугодно ми дојде.
Јас цело време така ниско го осеќам ама јас и ниско го носам поготово сега ептен е спуштено доле што не можам да мрднам од болка у срамна коска
Daa se slucuva, i mene mi e epten dolu i mislam izleze koga ke klicne. I mene apla me bolat preponite.