@Thallia Мислам дека ми падна на 3ти јуни. Види сега кој датум сме Мене ми потврди докторот дека почнал чепот да ми паѓа. Од тогаш уште два пати имав малку така лигаво, ама не беше со крв ниту кафенко. Бебка моја абер нема. Ај можеби ќе имаш среќа ти ,бар до утре болки да те фатат
И јас вчера бев на цтг кај матичната и мирно беше.Доволно плодова вода,постелка супер, контракции болки нема 37+3 сум.Сакав да ве прашам кога се мери карлица и кога го прават тој преглед со рака
Ние сношти имавме прв пат односи, дали може од тоа да сме го "активирале" процесот? Од мисла на 15мин одам во тоалет и чекам нешто со крв да видам
Можно е. И мене првиот пат ми падна еден ден од кога имавме односи Јас на цтг сум во понеделник, се надевааам дека ќе каже докторов нешто. Се мислам ќе терам после термин и на крај со провокација ќе завршам.
Мене карлица ми мереа во 36та недела и тогаш си го добив прегледот со рака. Ама ме прегледа затоа што му реков дека најверојатно ми падна чепот, па да проверел. Инаку мислам дека после 38,39та некаде е прегледот со рака.
А колку всушност треба да излезе? Која "количина" е чепот? Уште на два пати ми испадна по малку, пак без крв или променета боја. Јас мислам дека тука сме негде, нема да тераме до термин @Ivona S мене ми мереа карлица во 38ма недела и тогаш прв пат преглед со рака имав.
Е тоа не знам ни јас. Мене ми падна поголема количина и тогаш рече почнал да паѓа чепот. Од тогаш на два пати помалку ми падна и ништо. Ваљда има уште за паѓање штом немам абер Ау едвај чекам да се олесниме. Синојка ме болеше кичмата 10тина мин, сабајлево исто. И толку. Вчера бевме во Охрид. Цел ден пешачевме. Ниту умор ниту болка осетив
Ја сабајлево кога станав на гаќите голем слој (како мрсул) извинете за описов ама не знам како поинаку да го опишам. Ваљда е дел од чепот.
Тоа е тоа, изгледа ни се ближат средбите со бебушките @Kate Rina 93 јас не сум почувствувала болки во кичма, освен ако подолго стојам во место без да движам (на пр,кога мијам садови па морам да одморам и после да продолжам), ама тоа ми е од 7ми месец, не ќе да се “тие“ болки @Petrova Ceca прегледот со рака сите различно го доживуваме, неколку страни наназад баш го дискутиравме. Лично мене не ми беше болен туку непријатен, среќа кратко трае па не е страшно, барем мене не ми беше како што замислував
Хај гледам сите во исчекување ама изгледа ниедна нема абер а... тууу што бебиња беа бре хаха Кај мене нема ништо ново си седам и си чекам ни чеп ни ништо.. менструалните болки стандарт навечер ми доаѓаат па си поминуваат и така во круг.. во четврток ми е краен термин па се надевам наредна недела ќе бидне Утре сум на преглед па ќе видиме до кај сум @Petrova Ceca јас па мислам обратно е.. вагиналниот преглед ме болеше само пред пораѓај кога веќе бев 9 прсти а првиот пат кога ме прегледаа бев 2прста и не осетив болка туку само ми беше непријатно некако
И јас тоа помислив. Дека неколку членки сте веќе во 9ти месец. Изгледа сите заедно ќе се породите со лесно да ви е само, после вас доаѓаме ние од 8ми месец @monka_bonbonka @LadyC @stoimanovskamarija верувам дека имаше уште некоја со нас
Пешачење, скали, секс, дома ко луда работам ,демек ќе предизвикам контракции, пукање на водењакот. Не бе, ништо. Синојка што убаво се размрда, ќе ми излезе од стомак. Вчера зборувам со една пријателка ,ист термин имаме. И таа девојче носи. Вели сместено ми е бебето со главчето во родилниот канал, не можам да ги спојам нозеве. А јас седам и ја слушам со ПРЕКРСТЕНИ нозе и си викам, а мојава мрза не видена, ни до канал не се спушта
Mene ova so merenje na karluca ne mi se slyci vo prva bremenost, barem kolku sto pametam ne. A kakov e princiopt kolku grozno izgleda taa alatkata. Boli li i toa?