Kate rina koga te citam kako jas da se gledam vo prva bremenost, nikakvi bolki ni nedela ni den osetiv, ni idkako mi pukna vodenjakot. Nitu se otvoriv i na kraj zavrsiv so carki. So lesno ne mora da znaci so bolki ke bidis. A sega luge so ovaa bremenost mesec i kusur sum so bolki, muslam se zbudaluv. Nozete ne mozam da gi doblizam iako ne e spusyeno vo rodilen kanal. Kolku mi e tesko koga treba da mi stojat podignati na pernica za da ne mi otekuvaat ne mozam ni da gi mrdnam nekad ne da gi pidignam na pernicata. Odma preponite me bolat kako nekij so noz da me seci.
Одење по скали ,дневно незнам колку пати се качувам и симнувам башка што син ми како фитнес тренер ми е мама стани ,мама дојди таман сум седнала одма ме станал ,моево нели пред крај треба да е помалце активно,а лепотицава моја не престанува да мрда од 24ч.во денот мислам дека 20 сигурно е активна се мислам ќе ми испадне од што некако ниско ја носам.38 полна недела сум абер нема ,а јас мислев вториве деца побрзо излегуваат ,за син ми сите ми викаа а првородките одат до крај и плус дури ама изгледа врска нема сите сме си различни
Тоа е како шестар и ти ги местат краевите на колковите и мерат. Мене кога ми мереа во Чаир не знам што и беше на таа сестрата ја искоментирав и пред некој ден. Комуникација нула може дека не бев од "нивните" и ме притисна многу на колковите онака да ме здоболи, а немаше потреба. А јас па ќутам и се чудам. Многу им ќутев кога ќе си го вратам сега филмот...
Искрено одвај чекам толкууу ми е мачно и тешко дали ве фаќа нервоза без потреба? Значи по цел ден сум напнена се дерам за глупости И одмаа солзи кога се движам сум океу а седнам или легнам се укочувам, киселини јаки имам, се сум гладна а што и да изедам одма ми е тешко некој за утеха
Па јас бев и сум навредена од нејзиното однесување...а не ни помислив дека кога ќе се пораѓам дека ќе се соочувам со такво нешто. Може на друго место има и обратна ситуација таква, не знам...
Не боли воопшто, како што кажа и @K7M10J надворешно се поставува, и мерат на оној дел каде си најширока на карлицата, точно на колковите се поставува. Мене ме измерија и попречно,се завртев на страна,едниот крај го стави позади, над задникот, другиот ниско под стомакот, мислам дека добро ти објаснив. Боли само ако силно притисне ама со мене нежни беа @elcezelce @Kate Rina 93 и јас дома не застанувам, си најдувам работа цело време, движам,пешачам ама изгледа џабе ни е, јунскиве бебиња инаетливи уште неродени
Јас строго лежам. Многу слабо се движам, а богами и односи немаме (језиво ми е). Па ќе видиме која техника ќе се покажи побрза
Последниов месец можеш се да правиш, всушност многу сакаме, а малку можеме ама се најдува начин нас од кога ни рекоа може односи одма се активиравме доста чекавме Пробај да се движиш повеќе сега кога си во 9ти, велат дека така побрзо бебе ќе се спушти во родилен канал и полесно ќе излезе, може само да добиеш нели?
Ќе биди, мора да излези вака или така. Еве сега на мочање, пак ми испадна друг дел поголем од чепот е сигурно. Баш ист дел како една членка пред некоја недела во рака што го имаше сликано. (не ми текнува која беше) @Kate Rina 93 била, сега видов.
Веќе 2 саати имам менструални болкии, кај 5ч првата ме разбуди од спиење. Не се огромни болки али сепак се непријатни, на 15/20 минути се појавуваат и траат негде минута/две. Ајде денес нека бидни, убаво неделно
33+ сум и сум поактивна од пола спортисти. Се нека биде само во ред. Бебуш мој е мн активен, се надевам кога ќе излезе од меше ќе биде мирно. Ако биде вакво ко у меше има тешко мене да биде.
Ти си барем со искуство, како беше со Константин? Мене ми рекоа дека какво е во меше, такво ќе е и надвор, јас се спремам да имам голема немирка Туку имам едно прашање, не знам колку е глупаво ама ајде може ќе се најде некоја да ми одговори. Ако водењакот пукне дури се туширам на пример, како ќе знам? А нели тогаш мора да се јавиме во болница бидејќи без вода бебе станува подложно на инфекции и треба да се оди за брзо време. #прашањакоимемачат
Да се убацам непоканета Ми дојде смешно, сори. Ако ти пукне водењакот кога се тушираш, ќе ти изгледа како да мочаш, а колку и да ги стискаш мускулите тоа уште ќе тече. И кога ќе излезеш, уште ќе тече. Ќе приметиш, не се секирај.
Здраво женски.Ноќеска се разбудив испотена жива вода ,со болка во желудникот и страшни киселини.Не спиев цела ноќ,не знаев што да правам,земав еден гастрогард од кој имав некое мало ублажување на болката и киселините.Сега немам болка и киселини,но некако осеќам како да имам мачнини и како тегоби,и бебе го сеќам претежно во долниот дел,баеги активно.Од што може да биде болката во желудникот?Досега не сум имала вакви болки,а веќе еве терам 30та недела.Искуство,совет ваш?
@Kate Rina 93 @monka_bonbonka Мешиња, како поминавте на преглед/ехо/цтг, пишете нешто да не ве мислиме