Добро поминав, се смирив конечно. Цел божји ден не мрднаа само што легнав за цтг ламбада почнаа , да се чудиш Важно добри се, цтг океј, 33+4 рече докторот дека сум во безбедна зона ама да издржам до 36та полна би било одлично.. па да се надеваме Фала Талија што не помисли Денес сум со страшна главоболка и матен вид/поглед. Му кажав на др ми вика мери притисок. Не ми е до тоа, незнам дали од времево, вие женски како сте?
Супер, сега само смирено, ќе издржите не се сомневам во тоа Можеби да ти е од промените во времето главоболката, а можеби и од што беше вознемирена дури не појде на преглед да ти кажат дека се е во ред со бебињата. Јас друга мака имам, почнав многу да потам и веќе почнувам да се плашам летово што ќе се прави. Само се туширам и менувам маички ама нервозно ми е, срам ме фаќа.надвор посебно, во маркет или бутик каде има луѓе
Супер поминав и јас. Госпоѓава моја абер си нема, а мене термин ми е во недела. Рече докторот нема врска и 7 дена плус да седи, не е страшно. А после тие 7дена ако не излезе ќе одлучиме што ќе правиме. Цтг мирно. Рече не те чепкам сега, ќе дојдеш на 29ти ако пред тоа не те фатат болки да те проверам вагинално. Јас од вчера почнав да осеќам некои минимални болки. И се радувам. Значи при крај сум Ти како си?
Ајде ситно броиииш Ќе се радуваш уште малце. Женки вие во 9ти дали си читкате нешто како психолошка поддршка пред пораѓај или применувате некои смирувачки методи, на кратко како се тешите? Да пробаш сода бикарбона да истриеш па исплакни , мене тоа малце ме смирува. Која недела беше ти?
Јас до пред малку ептен бев исплашена, испаничена. На докторот секое одење му досадував да ме направи царски. Ама од денес нема веќе паника. Си имав искрен разговор со докторот ептен ме смири. Сега само го чекам големиот ден. Ќе се издржи се
Браво девојче, така треба.. се надевам и јас ќе добијам таква сила пред крај што се мора, мора се Офф значи не сум единствена... многу ми е лошо, глава ми паѓа врат ме боли, глава ме боли незнам веќе што ме боли
@Thallia лепото сеа те читам. Не сакам да верувам у гласини, оти викаат како у меше така надвор. Константин пр беше у меше активен, уствари јас МИСЛЕВ дека е ултра активен се додека не останав со второво... Ако е Константин збеснат, што ќе е со второво, ќе завршам у лудачка.
Јас со првата бременост сватив дека најбитно е психолошки да си смирен и опуштен ,така да сега некако лабава сум ,ма да искрено некој страв ме фати вечерва да не ме задржат утре кога ќе отидам на преглед незнам зашто такви мисли ми се увртеа Иначе и мене ме боли глава од времето ни е на сите сигурно . @Thallia ти кога си на преглед ?
@monka_bonbonka цел ден ми се вртеше, лошеше и глава ме искина, измерив притисок и ми беше 72/48. Излегов у кафиќ да се размрдам, денес до 12 работеле. Сеа ми заврна и заглавена сум овде, битно главата боље.
И јас да се пријавам со главава. Ме боли многу денес. Јас баш сакам така да ме задржат, да не му ја мислам многу
@Kate Rina 93 Ние денес активни два часа пешачење, ама и на нашево нешто не му се излегува... А баш мислев кога почна да паѓа чепот дека се ближи средбата, ама изгледа како кај тебе, ќе си чекаме дури бебе да реши кога е време за да се запознаеме @monka_bonbonka читам по нешто, ја слушав таа од Астарта имаше едно убаво видео за психолошка подготовка, ама се трудам да не се оптеретувам бидејќи реално не знам од што да се плашам. Не гледам породувања и такви работи, едноставно се молам да биде се во ред со мене и бебе, да мине без компликации за да не завршам на царски. За болката немам претстава ни каква е, ни колкава може да биде, ама дај Боже да имам сила да ја издржам, жени сме и силни сме. Техники на дишење подгледнувам, иако не сум сигурна дека ќе се сетам како треба да дишам тогаш @elcezelce на контрола сум на 26ти, кога ми закажаа ми се виде многу далеку, ама еве таман изгледа си е, тогаш и преглед со рака ќе имам, ехо и цтг задолжително @LadyC ме пресмеа со лудачката
Притисок 145/90 да одам на лекар или да чекам до сабајле? Во првата бременост имав прееклампсија, до сега ми беше нормален ама еве почна да се качува и баш ме фаќа паника...
Колку што знам на 145 со 95 веќе се реагира. Штом имаш едно искуство, напиј се б6 и појди да те видат
Отидов прво во дежурна амбуланта, ај викам да ми измерат да не греши мојот апарат. Таму ми измерија 165/90 и ми рекоа да одам или во чаир или пак. Отидов во чаир, таму 140/80 не ми дадоа ништо, ми направија цтг и ехо и контрола за 7 дена. Ако во меѓувреме било што се сменија си одам во гак ми рекоа. Утре ќе се јавам на матичната да видам што ќе ми каже. Извештајот во глобала го разбирам само дали знае некој што значи PL: fundus gr II -III ?
Ова го гледав, за психолошка подготовка за породување и мајчинство, можеби на некоја ќе и е од корист http://www.cps.org.rs/Knjige/bezbolan_porodjaj.pdf ова е една мала книгичка во пдф формат, од анатомски и физиолошки аспект го објаснува процесот од зачнување до породување, плус на крај има и техники на дишење кои би можеле да се применат во различните фази од породувањето