Јас чувствувам нешто слично на грч...ама без болката т.е боли малку- издржливо најчесто после долго седење (одам уште на работа и цел ден седам таму). Затоа и прашувам ,да не ми се случува така од многу седење. Мене ми се случуваше , докторот ми рече дека е нормално бидејќи бебето било ниско
Девојки, јас бев на преглед, ради цервихот 25мм што ми рекоа скратен. Тогаш бев приватно, а сега кај матичниот. Вика 34мм цервих, еве најкратко 31мм. Како е можно? Он вика лошо измериле....зарем е можно? 3 недели на трепки газам нема везе драго ми е што одмарав и ќе продолжам. Ама каква паника ми направија, некоја што паничи ќе се породеше од нервози. И инекции за зреење примав ок нема штета од тоа. Сакам да кажам, мило ми дојде и среќна сум што е се во ред! 30+5 бебе е 1720гр, Др е супер задоволен, има огромни образи со главче наместен многу е сладок Ве гушкам
Може да ти е како мене, динамичен цервикс. Супер е бебето баш имав пишано и моето во 30+6 беше иста килажа.
И кај мене се случува така ама се гледа дека ќе се натрти со газето или главчето мислиш дека од пупак ќе искочи секој момент дури некогаш и боли од толку тегнење. Пробај пипни ги двете страни лева и десна ќе видиш дека на едната е мекичко,а на другата топка цела има .И се додека нема болка и крварење е нормално така да не се секирај
За истово прашував и сега кога гледам дека скоро сите го имаат малце се смирувам дека е нормално؛ Нз дали ве фаќа еуфорија, јас едвај чекам да ја видам мојата малечка а само 27 и 4 сме
И јас едвај чекам да дојде денот да искочи да го изгушкам ама со целава ситуација си викам нека седи кај мајка ако треба и уште 1 година ќе го носам само добро да биде
Zdravo. Mene cel den denes mi se stvrdnuvase stomakot (29 ta nedela sum) bez bolki ama epten neprijatno i cesto. Bev sega na CTG mirno bese so epten mali kontrakcii. Mi dadoa diazapam od 5 utrogestan vaginaleti, pa eve duri sega se smiriv. Ne e strasno ama pak me fati panika malce
Од 36 недела со болки сум, цтг 100 покажува скоро 10 дена веќе преку глава ми е отворена не сум. Прашањето ми е дали ова болкиве се знак дека ќе родам природно или ќе завршам на царски..:/ дали има некоја со слично искуство?
Здраво идни мамички јас веќе два месеци сум префрлена во тема БЕБЕ...вчера баш @Kitten мислам спомна за тоа да се отвори тема за доење тука се со цел совреме да си читкате искуства и да прашувате тоа што ве интересира за да не се зафекните како мене...поради неискуство и недоволно информации 2 месеци сум со пумпата во раце и молзам..наместо да си земам бебе до мене и да дојам јас станувам среде ноќ да молзам и стерилизирам пумпа и шишиња...Почнете си тема тука или читајте во тема Доење...Ве поздравивам и ви посакувам со лесно да си помините...
Здраво, јас сум 29+6. Втора бременост ми е, првата заврши со царски моето бебе беше мрзливо и нејкеше да искочи. 14 дена после термин ме породија со царски а пред тоа ми даваа и провокација ама џабе реакција немаше. Е сега пак е карлично со вторава бременост, докторката ми кажа дека е можно да се сврти има време. Ако се свртело дека ќе може природно секако ако се отворам. Па сакам да ве прашам има ли шанси да се сврти затоа што пред тоа ми рече на следниот преглед веќе би требало да е свртено. И затоа се замислив. А иначе имам контракции и ми се стврднува стомакот и кажав ме гледаше вагинално рече не сум отворена. Има ли некоја од вас вакво искуство?
До 36 или 37 недела бебе се врти, така да не е дефинитивна положба и јас пред 30та брв как матичен ми кажа карлично оној ден беше како што треба не се плаши
Здраво мамички, вчера бев на скрининг 32 недела сум др го измери бебето и ми кажа дека бебето де развива одлично... кога дојдов дома видов дека главата на бебето е поголема за 2 недели а докторката ништо од тоа не ми спомна Многу сум загрижена, толку сум загрижена штоо сакав сега на ургентен у систина да одам да видам што ќе ми кажат... но нели ургентен е само за ургентни... Иначее и јас ко бебе сум имала поголема главаа Незнам веќе што да мисламмм
Немој да се грижиш, и мене матичната нон стоп ми кажува дека за недела ипол му е поголема, а во систина на мерките си е таман за неделите секогаш... Мислам дека обемот на мешето покажува ако нешто не е во ред, така да уживај