Значи ќе полудамм.... до сега све беше во ред.. Амаа докторката вчера и се брзаше и можно е да не измерила убаво а тоа што се брзаше и не обврна внимание ме нервира повеќее
Срцка не е ништо страшно. Јас си читкам и во таа група се имам исчитано за доење али како ќе биде ќе биде. Никој не можи да знај . Битно е да дајме се за да успее. Се надевам ќе помогнат и во болницата сепак е техника , не секој одма ја совладува. Али си велам и да треба да молзиш сепак не е страшно ништо , млекцето си го даваш бар твоето. Може со електрична пумпа да помогне појќе и во фрижидер. И на ад колку има деца што се ете здрави прави. Битно е стрес да нема
Така е ама не е на одмет да си читкаат совреме после сепак помалку време ќе има..А за електрична досега немам потрњба и со оваа вадам доволно дури и вишак имам...и тоа за 15 мин
Осеќам благи менструални болки само од левата страна доле, се напив магнезиум и лежам. Ве фаќаат вакви менструални болки чат пат? Инаку 27 скоро сум.
Да ме фаќаат и мене 25та сум јас едно време скроз ги немам сега знае левата страна доле и мене да ме заболи
Јас сум 30 недела и понекогаш ме фаќаат такви болки обично пред да влезам во нареден месец. Бев на доктор и ми рекоа декс тие болки се поради ширењето на мстката и раснењето на плодот. Кога лежам болките ми поминуваат. Поздрав
Девојки малку сум загрижена дај споделете искуство знам дека секоја си се радува ко ќе речат бебето е напредно и сето тоа.. Денес бев на преглед малио 2 недели поголем и главчето исто мидлам цело бебе... Др ми вика да не нешто со датумите згрешено од последен циклус.. Ме праша и за прииска тестот колку било тогаш поголемо... Лее незнам 100 мисли ми се вртат... Ве молам за искуство ако го има некоја..
На моето главчето му го мереа 4 недели понапред заради гестациски дијабет. Си родив здраво право дете, фала му на Бога со нормална главичка. Која недела си ти?
33недела сум, а бебе е 35 недела... На почетокот шеќерот ми беше 5.3 па правев два пати за скриен шеќер испитување таму си беше океј мислам немав скриен шеќер.. Лее малку ме утеши фала ти многу
Си дојдов и јас од преглед. Вчера револуција во стомак имав, бебе напикано во ќоше, дијагонално. Едвај се мрдам. Таман си е со мерки. Дека се пожалив на болки вчера, кичма, доле како да ќе испадне бебе и си заработив преглед со сонда и вагинален. Вика, сама си го бараше со муабетот Подобро мирна глава него да се секирам. Ништо не сум купила за ова бебе. Не може ни да се користи од дада затоа што ептен малите работи ми се од друго годишно време. А страв ми е да се акам по дуќани. Вие како правите?
Јас извадив се што можам да искористам од прво дете, дури и нешто розево и појдов во Вајкики-Рамстор, нема жив чоек све изнакупив од таму. Доле од маркет и аптека со едно одење све завршив. Стави маска и не се секирај до толку. Само совет не шетај многу, гледај од едно место земи се.
Исто и јас цел ден и цела ноќ лумпува дури и доле коската ме боли како со игла некој да ми боде...за бебушот земав некои работи али за искачање ќе земам последниот месец не знам колку дебело ќе испаде . Што ти кажаа за прегледот и болките?
Кажувајте жени што треба да се купи ... јас сум 32 абер немам прво искусто не ни знам што треба да се купува!? Хелп
Во тема ‘Бебе’ има подтема ‘Што сѐ е потребно за новороденче’. Таму научив се - и мене ми е прво бебе, таа тема ми помогна ептен
Првото мое е мајско дете. Додека наполни 40 дена ги израсна 56 и 62 ките. Од тие најмалку купи. 68мици повеќе. После цело лето претежно боди носеше жешко му беше. Значи за топло бодиња или шпихозни по кратки.Чорапчиња, лигавчиња, во џамбо најдов едни мали памучни крпчиња се наоѓаат кога ќе бљуцка.Тетра пелени купи има и потенки и подебели, од двете по едно 5-6, многу се наоѓаат за бришење, како подлога за лежење, а и за покривање летно време. Подлога за пресоблекување како пелена одоздола со мушама исто е многу практична посебно за на гости. Подлога за пресоблекување за врз креветче ме спаси за кичмата уште ја користам 2 години е веќе детево, а и ова кога ќе се роди ќе ја користам. Капчиња многу малку користев. Тенко ќебенце за почеток. Козметика минимално нешто купи зошто може нема да му одговара на кожата. Памперс 2ка, кецот првата недела две можеби ќе ги користи, а ако е поголемо директно 2ка. Мало шишенце. Моментално тоа ми текнува.
Јас сум малку нетачна Не сакам второво да носи од првото. И да носи, малите алиштенца ми се зимски, а ова во септември ќе дојде. Топло е да носи на долги. Мора да се купува.
Второво најверојатно се ќе носи од првото. Уште ништо немам купено, имсм 2 неотворени кутии за новороденче ете тие ќе ги искористам. Зимски ќе треба да купувам за после 40 дена затоа што тој период првото само по боди беше летото. Мислам дека ќе ги искористиш зимските. Сепак си еден ден пред мене со термин. Крај на септември веќе може и ладничко да биде...
Не знам. Некако не ми се поклопуваат годишниве времиња. Посебно кога се мали и растат ден за ден. Потаму ќе се најде нешто, ама за почеток тешко. Здравје, ќе се престрашам и ќе одам.