А тоа го правеле за што повеќе луѓе да им пишат коментари Цена Ценааа, и за на тие што ќе пишеле на нивните пријатели да им излезело Тој и Тој коментира на објава, па повеќе луѓе да ја виделе страната Сељачка работа Плати реклама 3 долари и ќе стигне до повеќе луѓе Ај на една страница за 15 работи да прашам за цена, па глупо ми е И се откажувам Има страници со објавени цени Каква контра услуга си прават, не се свесни
За почеток ќе купиш на кратки ракавчиња, но рачунај октомври (па некогаш и септември) може нагло да сврти времево па да требаат долги. Спреми си ги ти и тие од големата дада Немора џемпери, ама шпилхозни, бодија.. Верувам дека веќе 62ките од големата ќе можеш да ги користиш, дури и мерак ќе ти биде, ќе те фати носталгија кога таа била бебе
Сега имам многу од 8ми навака. Мада можеби треба со доктор да се провери најубаво. @monka_bonbonka @Среќичка тука сте? Ве мислам
Тука сум драга, квачам се бројат денови така ми мириса, имам и некои болки од време на време, секој ден ми е се потешко. Тешко спијам, едвај се вртам, мокрам пречесто, притисок тежок осеќам и така и се плашам искрено што ќе биде како ќе биде Во среда сум на цтг и корона тест. Ти како си добра си?
Јас засега сум супер, да не се урочам. мене стандард паники ме маваат, за син ми, како ќе не биде еден без друг јас на цтг сум во сабота а тест за корона, наредна недела. Тебе ти спомнаа во Систина кога ќе ти прават тест?
Не се сметај ти за нетачна,нетачна сум јас што бев во waikiki и гледав интересни целосни ромпери и не му ги купив за бебето бе.... си се завртив и купив за син ми шорцеви... не сум тачна навистина. А исто и на мене не ми се поклопуваат едново пролетно другово есенско бебе.
Леле зошто? Ај нека ти текне по 2 недели носат првите месеци, зошто фрлаш пари. Нека не те фаќа лудило биди практична ако можеш нешто искористи нешто од мерак купи. Ќе порасне па ќе му купуваш да го дотеруваш. Инаку септември не е баш за по кратки, јас по долги све планирам.
Јас септември за топол го бројам И за од болница планирам куси ракави @Kitten кога ќе залади, ќе се најде по нешто, иако не можам да замислам друго дете во на дунде алиштата. Затоа и не ги дадов @Happyinlove ти ептен си ја утнала
@Среќичка @monka_bonbonka не знам ништо за тест, ќе видиме, једино сум на контрола у петок и ќе видиме што на даље. Тоа беше најбитно, да истуркам до 9ти, ќе каже мојава што како, оти корона тест се прави 72 часа пред пород у Систина. У Ремедика повеќе ли? Да не се спремаат да ве породат штом ви закажале?
Сега препрашав, во Ремедика две недели важел тестот. Тоа ми е чиста глупост, колку е тоа веродостојно..Систина се подобри во случајов дефинитивно
Како што знам 2 пати во ремедика ти прават еднаш за време на цтг и еднаш на сам пораѓај и чекаш резултат сама во соба па после ти резултат ти носат бебе ако нешто не смениле месецов во процедура И кузнај дали и двата пати ги наплаќаат ама претходно членки ова го пишуваа дека е така
Излегува дека правиш тест и после треба да се затвориш во карантин до пораѓај, дека нели анкета и изјава потпишуваме на секој прием баш и за тестот и почитување мерки до прием во болница има дел
Облеката мислам најголем проблем е Среќа пролетта зедов нешто тенко, а на долги. Имам и од батко му многу, треба да разотворам и да докупам што фали. Него, најмногу ме нервира што скоро сите комплетчиња одат со капче Големиот колку коса имаше, така останаа сите, ниедно не му ставив.