Најубаво едното дете да ти е крај на лето, почеток на есен, а другото крај на пролет почеток на лето и истите облеки да ги искористиш
Моето е крај на пролет почеток на лето. Второво крај на лето почеток на есен ќе биде.Тие што првото ги носело летото на второто од ноември ќе му бидат точни значи ништо од летните алишта.
Ќе ти кажат кога ќе дојде ред за пород ако се пораѓаш у Систина. Е ако можат да го планираат (ако си отворена малце, има простор за природно со договор, цезареа и сл ќе ти прават тест што бтв е 4000 и го плаќаш одма а резултати чекаш мислам еден ден (нека пише @elcezelce точно) . А ако мора рапид тест тој е за еден саат, тој е 100евриќи и си го плаќаш исто одма надвор од пакет за пород и добиваш резултати за еден саат. И да си позитивна на Ковид примаат, само ќе бидеш во изолација. Тоа е разликата. Јас ја прашав мојата докторка и сестрите, затоа знам.
Не. Не ми бараа првиот пат. Можеби ме прашаа која крвна група сум,не се сеќавам, ама не бараа да вадам. Која недела си ? Јас сум кај Кацарска (она ме породи и со првото), влагам во 36та во четврток, во петок ќе ми каже се.
Јас сум 36+5, кај Ивановски, и јас сум во петок на второ цтг Точно една недела сум пред тебе, во четврток 37ма
Ајдеее со лесноо, може ти е рано, ќе ти кажат се срце. Ич не се секирај. Мене итно ме задржаа првиот пат, се ти даваат они, се што треба они си проверуваат така да слободно целосно препушти им се.
Фала со лесно нека ни е на двете мене веке почна страв да ме фака, незнам што да очекувам, тоа највеке ме плаши...
Иста сум и јас. Ако ми е второ. Си викам ќе минам ли лесно како претходниот пат,ќе се справам ли со две деца (претходно со едно), како ќе биде, дали и со второво пак животот скроз ќе ми се смени како и со првото итн итн... Заедно сме, ќе си даваме кураж една со друга.
@Среќичка @LadyC Значи не го прават 2 недели пред пораѓај, туку две недели важи корона тестот, а исто така признаваат и од друга лабараторија пср тест ( брис од нос и грло ) само исто да не е постар од 2 недели. ( и не е само во ремедика така, генерално валиден ти е тестот од било која лабараторија за било која намена 2 недели ) А колку време по тестирањето и дали има одредено време за пораѓај како во систина 72 саати незнам, до сега не ми спомнале.
Ќе ти каже докторот за тестот кога да се направи ,пошто он од прилика би знаел кога ти би раѓала обично спонтантаните раѓања се со индукција (провокации догоцоворени ) сега боже мој има и непланирани случувања болки добиеш ти прсне водењак ама пак се е тоа во договор со докторот .Иначе во систина не ти признаваат крвна група од надвор ,посекако ти прават јас знам првиот пат кога се пораѓав ми земаа и крв за крвна група е сега дали тоа плус ми го наплатија не се сеќавам.
Е гледаш мене исто сигурно ми земале кога ме боцкаа доле пред пород, ама не ми кажаа што и како . Убаво инфо е ова, мада мислам сега нема да имаат потреба за крвна оти веќе не' има у систем. Освен ако не сме ја смениле меѓувремено. Пиши како сте со малата? Домче ли си? Дали сте по две во соба мила или сама по сама? Ради коронава ме интересира и дали маж бар пуштаат на посета?
Не признаваат крвна група од надвор. Имале ситуации да не се совпаѓа и мора да имаш резултати од кај нив. И секако, ќе ти ги наплатат екстра, надвор од пакетот. @LadyC корона тест се прави со брис од нос (ама подлабоко). Преку крв на жал само антитела може да се испита Истото тебе што ти го кажале, мене вчера ми го кажа Ивановски. Вика, се први корона тест, само што сега ни дадоа можност да не ги препраќаме пациентките. Имале посебен бокс и хоспитализацијата е во посебен дел. Истово ми го кажа и комшика (сестра во Систина). Наводно собите за позитивните се над ковид тест центарот.
Ги читав на твитер се жалеа. Зимото кога и земаа брис за инфлуенца на дунде мое исто ми рекоа мора подлабоко