Ве читам за корона тест за во систина ако можам да ви помогнам.. Пред скоро бев во систина примена на итен операционен зафат, немаше врска со бременоста. Ме примија ми направија корона тест првин со земање на крв од вена за анти тела па брис од грло и нос и платив 6.000 плус од пакетот. Крвна група си знаев со картонче но не ја признават си прават свои анализи и за крвна група тоа не се сеќавам колку го платив ама мислам дека не беше многу..
Не сум прочитала дека си ме прашала за начинот на зимање ,брис од нос е и многу е непријатен миалам со тоа стапчето низ очи ќе ми излезеше ама ми објаснија дека мора така длабоко да се земе .Јас бев во апартман искрено незнам како е ама беше преполно со пациенти да знаете баш коментираа дека се преоптеретени со работа ,90%ради ситуацијава бегаат за пораѓај во приватниве болници.Пуштаат само маж на посета со специјална картица за посетител секој ден од 10 до 12 ч. Инаку морам да напомнам дека од пред 3 год.до сега сум многу позадоволна од услугата на сестрите на акушерија ,неонатологија си се супер и предходниот пат беа исто за нив немам зборови јас имав проблем со доење со малава пасивна е неќе уста да отвори незнаете колку само се трудеа и помагаа форсираа да ја натераат да почне да цица ,се на се овој пат многу пофални зборови за сите и педијатарот на раѓање ми се погоди .Инаку лејди дома сме вчера не пуштија ,добри сме се снаоѓаме батково полудува од радост за дадата ,пресреќен е
Мене и од грло и од нос ми земаа брис, плус ImG преку крв. Брцаат бааѓи длабоко, не како за редовен микро брис
Така читав на твитер. Се жалеа сите дека мн било нелагодно и дека долго го чувствувале стапчето за брис. Како ни се погоди у пм. @simonka93 не сум те прочитала - подобра си? Домче си?
Да мила, ме испратија во неделата. Строго мирување, терапија и чести контроли. До 36 недела бар да стигнеме. На моменти осеќам по некоја контракција, ама ми рекоа дека е нормално.
Elce, треба ли нешто да се земе за во болница, или како што читав само полнач за мобилен И сакав да ве прашам... на од прилика секое 5то 6то бришење ми се појавува како малку обоен кафеавичок слуз... што би можело да биде? 36+5 потоа наредно немам, па ке ми протече чат пат безбоен секрет.
Само со помин да е Симонка. Кажи ми како ги осеќаш контракциите? Инаку јас пред 3 недели правев пср тест корона пошто качив тт на крај искочи стомачен. Да ве спремам дека е доста непријатно и трае пола минута тоа "брцањето" солзи ми течеа искрено дури и се развикав на таа од биотек ко божем она ми е крива али тоа е ќе издржиме.
Истото го чувствувам веќе 3, 4 дена последните 2 дена по интезивно, само што не се на одреден временски интервал туку на пример ќе ме фати сабајле па на ручек па вечер и трае подолго време. Последно цтг беше океј во петокот, сега ќе видиме дали ќе покаже нешто здравје утре
Јас како најпаничар на форумов, би одела на ехо.. Болки имаш? Јас сум со тебе од прилика, засега немам такво нешто.
Немам болки, бебе си мрдка, шо знам.... Си мислев да не се некои мали делчиња од чепот или ств.не знам. Во петок сум на цтг ако ми се зголеми, секако ке идам пред тоа
Јас кога лежев во Систина само преку крв ме проверуваа за корона. Сега зар и брис земаат? У п. м многу е бре непријатно да не речам болно тоа, јас прв пат земав брис регулар на почеток на бременост се исповратив, не па ова подлабоко. Аман бе се нервирам, кај клизма ке ми бутаат кај катетар уште па и другиве дупки да ги фатат
Добар ден Посебно ми е драго да почастам овде како што е редот, од денес официјално и во оваа групичка, да ве поздравам Заблажете се и напијте се капучино, кафе, какао и безалкохолен коктел од мене
Jas 3 kg.sum kacila pa sega bez ic ne biva Kako pa oslabnav 10/11 mi vika doktorkata sega pri kraj da pripazam na jadenjeto. I onaka posle porogaj ke si oslabnam
Се додека бременоста е почната до нормална килажа нема потреба за паника нормално е да се качи некое кило,а доколку и предходно си имала вишок килограми е тогаш припазувај