Bev 93 kg simnav na 78 pa na 83 u 27ned. 83 kg sega u 30ta onaa nedela na prvi bev rece 30 nedeli sum. 86 sum kacila. E sega 3 kg.mislam nisto strasno ne e. Si se dvizam se e ok. Od 36ta g.n. pa natamu racunat 9ti mesec? Koga da idam na pregled na ctg? Prvoto go rodiv u 37ma nedela. Do 15.08. mislam deka ke bide.. pozdrav
Зависи и колку си висока ако си 180 висока таман си не се устручавај до толку. Цтг прво во 36та се прави ама сега државниве не знам дали прават од познаничка што знам во Чаир не примаат за ЦТГ освен ако веќе имаш болки и се пораѓаш малце е стегнато ради ситуацијава
Jas sum 167 visoka, ne sum od Skopje od negotino sum, planiram u Kavadarci da odam. Do 15ti ako ne bide ke odam na doktor sama
Лелеее ме замисли сега, а баш деновиве сакав да прашам како е во Чаир дека нели нема мој термин, како одат на прегледи... Па ако не примаат на цтг и на преглед како ќе се пораѓам таму ???
И мене тоа ме интересира. Од кога треба да се почне со прегледи таму? Јас сум 33 недела, се мислам таму да одам за пораѓање. Ако знае некој нешто по детално нека пише
Хаос е таму рачунајте дека скоро цела Македонија оди во чаир гужва невидена е другаркава при крај е и си тера кај матичен лекар прегледи во чаир не можела да влезе во државна се само ризичните и заболени од ковид
Па да ти кажам, не знам мене како ќе ме водат, може и ќе ми речат оди во ГАК. Гестациски, хашимото, клексани... кој ги знае...
Јас одам во Чаир еднаш неделно веќе три недели по ред и воопшто нема гужва, дури последниве две недели и празна беше чекалната а одам секогаш во различно време. 39та недела сум, таму ќе се пораѓам и до сега освен првиот пат пред 3 недели што имаше неколку жени кои чекаа за цтг воопшто немаше луѓе следните два пати.
38 недела сум. Кога требаше да ме препушти матичниот имаше отворени термини на Гак за ЦТГ, но јас најдов и врска, па отидов без упат. Два пати ми направија само ехо досега и преглед со рака. Самите доктори велат дека апаратите не им функционираат како што треба, на сам преглед ги рестартираат и хаос е едноставно. А и поради тоа што примаат повеќе заболени и ризични се договорив да си одам кај матичниот на прегледи до крај за да не се изложувам на ризик. Мојот матичен самиот го предложи тоа како опција, па јас се консултирав со овие од Гак, се согласија. Кога ќе добијам болки се јавувам за прием и тоа е тоа.
Девојки, Кога ги правевте последните брисеви? 32ра сум за 2 дена па да си закажам на време. И дали овие недели има уште некој преглед што треба да го направам. Тенкс!
@LadyC драга зафатена си нешто денес очигледно кога го отворив форумов очекував да имам нотификација од тебе ама еве овој пат вие од мене @Среќичка Ај честито полна 36та
Хаха и јас ја чекав. Иако не знам зошто јас сум понапред... Вајда дека циклусот не ми е редовен. Како и да е, со лесно да ни е. Не ми се верува дека уште малку и си одиме од темава.
@monka_bonbonka @Среќичка леле женски да. Трчав на депилација, по нотари, пеглав, чистев и еве сега седнувам. Како сте со болки? Јас денес едвај на 5 чекори до Сити мол отидов кај мојава да ме издепилира. Мислев бебево ќе го посеам по пат. Болки на одење ама ужасни, вака кога лежам ништо бутур не ми е, мада кога лежам кичма ме боли. Стомаков ми е ко да сум лапнала 20 кг лубеница. Значи претешко ми е и дишење, и маска носење, стани / седни, од кревет мм ме крева за да се исправам. Искрено? Само сакам да го вадат бебо веќе. Ќе пукнам жими се.
Иста сум, замисли секој ден одам на цтг и пренапорно ми е. Мислев до утре ќе се породам, ама докторов ќе тера до максимум колку можам сеа тек понеделник сум и така ќе си чекаме
Ова мое бебе е решено скроз да ме мрдне Убаво си беше поставено со главчето долу, сега е свртено. Главата му е горе, лево. Има време и шанси да се сврти, ама ако не, ќе мора царски. А ич не сакам царски, првото природно го родив и прелесно минав. Ај, битно добро е, па што сака нека биде.
@monka_bonbonka мене со едно ми е тешко, можам да те замислам тебе мила... Аууу... Се потам од самата помисла. Ќе се смеам да се породиме пред тебе ние другите. Ама те прогнозирам наредна дека ќе се олесниш. Ме бива мислам. @simonka93 има време да се сврти бебушка, ќе се намести. Ќе биде како сакаш уживкај.
Здраво женски! Во петокот правев крвна слика и ми покажа дека тромбоцитите ми се од 200mm намалени на 103mm. Другите вредности ми се во ред. Докторот ништо не искоментира. Да напоменам јас сум во 31гестациска недела. Дали има место за грижа. Ме фака паника да не е нешто лошо. Поздрав