Лелееее летна времето, уште малку остана. Кога ве пречекав, среќна бев што уште малку ќе си го запознам пилето мое. Сега се гушкаме повеќе од два месеци, не знам ни сама како ми помина времето. Со лесно нека ви е и ве чекам и во подфорум Бебе
Си влегов во групава да читкам што се дешава во трето тромесечие, и оп глеам сме биле Ремедика истовремено и јас и ти и @Среќичка И јас бев од 11 до кај 12 и нешто. Сигурно сме чекале заедно хаха. А Милки, баш помислив на тебе кога видов една во фустанче од Њујоркер пошто претходна недела истото си го земав
Хахаххаа да таа бев. Ти ако си таа што мислам беше пред мене па чекаше и за после, претпоставувам на цтг беше додека јас се прегледував Се испонајдовме хахах. А ако Милки е таа што мислам јас бев после неа.
Кај докторката бев само еднаш. А ако си ме видела убичу се, во најлошо издание  бев доле за корона тест и умрев нагоре по жешкото... Сега одвај чекам да се породам и да се вратам во нормала. А ти ако си таа што мислам, супер сине ни помислив дека си бремена
Хахах не си помислила дека јас повеќе во ширина некако како да растам него во стомак Ако беше со сопругот и ако носеше ранче, ти беше сигурно. Ма какво лошо издание, јас си мањачев убави мешиња во чекална, посебно вие поголемките што сте пред пораѓај се топам кога ќе ве видам.
Хахха не сум била таа, добро е без сопругот бев, тој во кола си чека. И може некој ќе ми се налути ама не го оправдувам тоа седење на сопруг во чекална. Денес и за трудниците немаше место а мажи испоседнале.. Пс: Ти да не мислиш за една женичка со кратка коса? Таа беше со мене на цтг а сопругот ја чекаше со ранец.
Не, долга црна коса имаше таа што мислев дека си ти со ранецот. Имаше шарено фустанче. Нејсе, јас бев таа во црно-белото фустанче ама не видов кој влезе после мене значи ти си ме видела а јас не. Таа што мислев дека си, беше и пред мене на преглед, па чекаше со цтг-то во ходник ама не видов дали влезе во амбуланта. А тоа за сопрузите ај си викам може има некои парови што мора заедно да одат на прегледи (имаше двајца од лабораторија се враќаа па чекаа заедно). За разлика од минатиот пат кога бев, сега немаше толку мажи. Тогаш мислам повеќе мажи него жени имаше во чекална хахах. И мојот во кола ме чека. Ми е жал за тој чичкото на влез пена што му фаќа устата ама џабе, повеќето си тераат по свое.
Мене воопшто не ми е жал за чичкото "редар" и секој пат се карам. Неможе бе маж ми да дреме у кола 4 месеци а некои паметни секој пат исти веќе ги научив да си бидат со женичките. Ни ја потценуваат интелегенцијата или што? Па уште кога ќе ги видам испоседнати по столчињата или дека чекаат ред за во благајната демек жена му не е способна да си го плати прегледот ми доаѓа да си пукам во нога wtf!!!! И така муабетот ми беше дека секој ден го подбирам чичкото, за џабе. Сепак е до свеста и совеста! Штом си недела дена и ти си тука, ништо не значи тоа Со лесно да ни е на сите @LadyC Не бе не сум уште, тука сум уште малце здравје боже
Imam tapi bolki u kicmata i jajnicite me naboluat gleam na saatot dva pati veke na 10tina min.se bolkite eve sea pa kako mala menstrualna bolka Minimalna bolka e, ke cekam i bebeto e prilicno aktivno