Ќе и земеш упат ако одиш државно за цтг од матична. Толку нм. Брис за стрептокока се прави од 35 та до 37ма недела. Кај што ќе одиш на цтг, т.е. кај што ќе се пораѓаш ќе си прашаш за карлица, мада мислам сами ќе проценат дали може или не да оди природно пораѓајот. Како што кажуваа некои членки, ја мереле карлицата, ја искрено поима неам,нит ми мереле, пошто отидов на закажан царски
@Zuza28 јас знаеш што правев? Го гледав списокот од термини за породување. И како се породувања жените од јуни, си викав добро е, ќе издржам до јули сега кога гледам дека уште малку има пред мене си викам можно ли е ова Јас во 29тс недела мислам, имав некој исцедок, мислев чепот да не е. Сега само го барам по тоалетот тој фамозен чеп а од него ни трага ни глас Знам дека за царски не е битен но и со син ми не го видов, ако не го видам и сега за 3та бременост пак врска ќе немам @Lovebug01 јас накај плавуша сум и одвај стоев. Ти знам на крај уште нешто правеше муабет со докторката а јас одвај чекав да влезам така те запамтив. @LadyC многу те гушкам. Јас и ти мислам ќе се погодиме со бебушките по болниците. @monka_bonbonka машала. Може и после нас ќе се породи. Срцка. Многу се радувам кога некој со близнаци ќе истурка до безбедна недела. И така, станав за во тоалет и сега не ми се спие. А, кога ќе стане мали ќе ми се спие, ќе ми се плаче.
Ти беше со термин 11ипол баш после мене? И јас ја приметив таа со долгата коса она беше пред мене на преглед Епа тие сме биле а на @Среќичка не ми текнува која чекаше за на цтг. А тоа со мажите да стварно ме нервира што народ ќе бевме ти им викаш без придружба они како за инат
@thegirl20.20 не дека сум стручна, ама вака ми кажа мојата у прва бременост "не ми се верува колку голем човек си, а мала карлица имаш." Бебе имало голем обем на глава, па како и да е не сакаше да иде природно, царски закажавме. Притисок кренав у вис од страв тогаш, ама најинтересно е што ме задржа итно и заврши царскиот баш царски. И да треба царски не се плаши, не можеме ние конкретно за тебе да знаеме, сепак секој е индивидуален... Само не се плаши. Не е страшно мила. @Среќичка @monka_bonbonka @Zuza28 ве гушкам лепотици. Едноставно преубаво ми беше "ова патување" споделено со сите, згодници сите од прва до последна, знам ќе ми фали ова.
Нејќев да пишувам да не те растревожам повеќе...Уште не сум почнала да одам на цтг, 30та недела сум. Со претходната бременост се породив во Чаир и од 35та недела почнав да одам. Пред пораѓај ја мерат карлицата, т.е. кога ќе те хоспитализираат. Барем кај мене беше така. Ама џабе мереа се пораѓав цел ден и на крај царски ми направија. Не се отварав, се некако со сила беше, а на бебето со саати му паѓаа тоновите. Меѓу другото ми искоментира докторката после дека и тесна ми била карлицата не очекувала... Дали стварно е така или ме мафташе нешто, не знам. Затоа што сестрата што мереше не праеше муабет не знам колку ми била. За вежби, не знам дали има ама карлицата ти е таа, не може да ти порасне... Разговарај за тоа што се плашиш на нареден преглед и нека ти ја измерат ако се во можност.
Хаха да Наспроти тебе седев. Дури кога стана приметив дека си трудна. Машала, многу згодна Не знам дали ти пишуваше во другата група за килограми дека си многу поправена, ама ич не се познава. Баш те гледав и си викав, блазе неа, само меше има @Среќичка може била на цтг ние додека сме чекале. А кога излегов од амбуланта ништо веќе не гледав од што бев во облаци дека ја видов бебка Само беше гужва кај наплата чекав може пола саат, нешто им се расипа компјутерот па фатив да им вртам на моите да им раскажувам за прегледот @monka_bonbonka мене за чичкото минатиот пат ме фати жал, дека додека на еден му мереше температура, маж и жена си се протнаа и си влегоа па тој трчаше по нив со топломерот во чекална и мажот му се испонаша као 'Кој си ти да ми кажуваш' .Мислам дека треба да стават некое саглам обезбедување на влез (млади силни мажи а не старо чиче ) и никој што нема потреба да не влегува. Сега барем беше убаво времето и голем дел седеа во дворчето позади, чичкото таму им дозволуваше.
Така си е. Јас уште не сум влегла во 9ката, тек понеделник, здравје и тоа да дочекам. Па после @Среќичка со 38ма недела да ја фатам А тебе алал да ти е со двечките. Со лесно да ни е
Дааа сега ми текнува која беше и ти згодница ептен те загледав. Баш викав што убаво фустанче има лесно изгледаше Јас почнав со мањак 10кг сум веќе до сега поправена затоа не ми се познава толку многу ајде може пак ќе се сретнеме нареден пат
Хахахах јас по вас три си се водам. Кога ќе видам дека сте пишале, се радувам. Јас и чепови гледав, и болки као имав, и водењак ми имаше као пукнато. Одев секоја недела му викав на докторот, јас секој ден се пораѓам. Али многу се исплашив со цервиксот и серклажот. И со спонтани претходно, абе не ми се верува дека сум на прагот на 9ти. За 7ми се молев. Ај уште малку да си попишуваме тука
Многу ми ствараат пресија мокриве гаќи. Буквлно 3 месеци како вода да цури. Брисеви уредни, уринокултура исто, дали да се сомневам во резултативе од Систина. Кога и кажувам на докторката само вика нормално од хормоните е ај да има бело прање, ова луѓе утоп мокри гаќи како од базен излезена. Многу секирации имам, денес требаше и депо да боцкам ама се затворено па оставив за утре. Утре и шеќер ќе проверувам, леле аман!
Мислам дека е нормално, и јас ид кога затопли сум цело време утоп но приметив дека се потам не е исцедок така да мисла ништо страшно да имаше нешто до сега ќе ми кажеа
И јас мислам дека е потење, иста сум.и нонстоп менувам гаќи, седам и се потам. И после спиење, обавезно сум утоп. Не е се исцедок, се познава точно делот од исцедок и е мал, се одоколу е пот Ќе го издржиме летово, плус и од хормони има потење, така да, тоа ни е. Се додека нема чешање, боја и мирис- не е алармантно
@elcezelce @Среќичка можно е сега да ве читам? Феминава си има некои гличеви си зезка малце. Фала Елче прееска ми објасни, ќе знам и сама, се надевам ќе издржам уште кратко, се гледа крајот веќе. Инаку @monka_bonbonka да се јави на главна каса.
@NanaMia @K7M10J @LadyC Фала ви милилички, голема подршка и единствена сте ми ❣ Ќе разговарам и ќе ја прашам матичната. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред. Мора да се издржи Пс. сега сум многу уморна и ќе речев по цел ден се чувтвувам така но преку ден дека топло и повеќе спијам па сега си се мачам да заспијам никако да си го погодам ритмов, а иначе сите витамини си ги пијам си мислам како ништо и да не внесувам воопшто немам ни енергија ни сила да станам и да гурам понатака,крвната слика ми е горедоле се во ред, а и едвај дишам на некои моменти мислам дека воопшто неможам да дишам
Пчеток на седми месец. На моменти, додека мирувам, чувствувам потешкотии со дишењето, како наеднаш да снемувам воздух. Знам дека подоцна во бременоста бебето притиска и органи и сѐ и дека ова е нормално. Дали е нормално и во седми месец? За волја на вистината, кога се споредувам со некои трудници, изгледам како да сум девети, стомакот ми е огромен!
Девојки дали некоја имала проблем со видот во бременост? Јас 2 3 недели почнав заматено да гледам навечер само и не секој ден. Вчера бев во една приватна клиника на преглед. Ми ширеа зеници и испадна дека имам плитки серозни аблации?! Прв пат слушам, но мислењето на Др е да сум се породела што е можно порано )) тука сите сакаат да ме породат порано посеизглеа. Можело да остане вака а можело и да се влоши и ради тоа ја да идам уште сеа 33та на царски. Секако дека ќе се консултирам со матичниот гинеколог, ама дали има некоја од вас искуство?
Јас сум 7ми гледам матно веќе 1 месец само навечер. Ама имам читано дека некогаш е нормално. Јас повеќе препишувам на умор дехидрираност топло време. Ама матно зборам на далеку кога гледам ако претходно било ок сега е заматено и исто како тебе не секој ден. Еве чим кажа ќе спомнам на матичен и јас следен пат ама не му препишувам многу значење...ова испаѓа се е сериозно за предвремен пораѓај и царски веќе на што и да се пожалиш