Трето тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од chache87, 19 септември 2014.

  1. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    882
    Пол:
    Женски
    Мила јас го правев прегледод на срценцето на бебчето и се виде дека се е во ред, му мерат притисок, проток на крв, дали е добро оформен срцевиот орган... во Систина е 2000 денари.
     
  2. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Ајде и јас да се пријавам овде, сега ја видов темата. :) Сега на крај времето многу бавно ми поминува, можеби дека се ми е скоро спремно па затоа така ми се чини. Облеката е исперена и испеглана. Креветче ќе одиме викендов со мм да гледаме, а количка кога ќе дојде мајка ми пред пораѓај ќе купиме (од моите ќе е количката, а од свекорот и свекрвата креветчето).
    Бебушко си мрдка, си клоца. Сеуште не сум примила некој силен удар :D , само некогаш како непријатно чувство во пределот на бешиката, но ништо страшно. Можеби дека не е многу големо, незнам.
    За спиење да не правиме муабет. Нон- стоп се будам, се превртувам, па ајде за во wc, па да пијам вода.... и ноќта поминала :| .
    Пред некој ден имав менструални болки и болки во кичмата, сега само во препоните и кај срамната коска. Се надевам дека синко нема да чека до термин.. нестрплива сум. :)
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    6.658
    Пол:
    Женски
    И јас мислев така но еве стигнав до 39+3 :) Последниве две ноќи бебчо е многу активно, се превртува, клоца и незнам што уште прави но стомакот ми иде лево десно цело време :lol: е сега не знам дали е од тоа но кога се случува тоа осеќам за прв пат некоја болка доле. Си викам може почнува да се шири матката :?: Денес сум на контрола, па ќе видиме докторот што ќе каже.

    Иначе да се пофалам, последниве 2 недели спијам како ТОП. Се будам во 11 :lol: Ноќта ја преспивам цела, за разлика од порано нели :) Убавко ми е, одморена сум, ми поминаа и мачнините што ги чувствував 2-3 дена. :clap:
     
    На First.Impression му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Женски
    Мешиња најубави бевме вчера на контрола,синко супер си напредува 1550 грама тежи,плодова вода доволно,брисеви ми рече дека нема потреба,бидејќи се досега ми беше негативно.Денес направивме крвна слика и мокраќа резултатите се супер само железото ми опаднало на 16,4 па ми даде да пијам Феровитал шуруп,и за породилно ми рече после 10 октомври да појдам кога сакам ке ми го отворела...
     
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.939
    Допаѓања:
    37.079
    Пол:
    Женски
    На heppymom, chocolade, wtff и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    6.658
    Пол:
    Женски
    Мешиња ние денес бевме на контрола на ЦТГ, резултатот супер. Бебево нема намера да искача :) Повторно ни закажа за понеделник сабајле, па ќе видиме што ќе биде...
     
  7. First.Impression

    First.Impression Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    24
    Мамички здраво денеска си го видов синко мој, поминував покрај матичниот и викам ај ако има слободно да го видам, па ми се погоди среќа одма ме прими :) пораснал убавиот на мајка, ми се смееше на ехото, си играше со рачињата, и беше многу активен. Пола саат го гледаше докторката, и му направи 3-4 баш убави слики. Иначе вчера влегов во 34та недела, син ми тежи 2250 грама сега и уште едно кило секако ќе стави до крај, а може и повеќе :rofl: значи добри сме со растот таман како што треба.
    и да ви кажам јас отидов онака на обично ехо кај матичната, ама и реков може ли да го видиш тоа за срцето дали е затворено (тој што е специјалниот преглед на срце кој што не го направив во Систина) и ми виде се беше супер во ред. И нон стоп го гледаше детално на 4Д, како да сум на детален скрининг што во Систина се наплаќа над 3000 денари.
    Инаку јас зашто планирам да се пораѓам во Систина, затоа и таму одев на прегледи секој месец, но за второто дете здравје, на прегледи ќе одам кај матичната, а за пораѓај само во Систина.
    Само здравје....
    Утре ми е последен ден на работа, и после цел октомври уживанција дома, ќе се средуваме, ќе кречиме и ќе чекаме со нетрпение да дојде 12ти ноември, барем се надевам дека после 1ви ќе дојде син ми, нека си поседи кај мене максимално колку сака, мене тоа не ми пречи :inlove:

    ве поздравувам мешиња...пишете вие како сте и како се тркалате последниве месеци.... :hai:
     
  8. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.978
    Допаѓања:
    9.488
    Здраво мешиња и од мене
    First.Impression супер за синко што напредува,така да продолжи,а кој ти е матичен? И ние вчера со цуца моја се видовме на ехо само си го крие лицето со рачето не дава убаво да ја видам,супер е расте,таман за неделите,испитавме и скриен шеќер и резултатите се одлични исто и д-димерите се добри,сега на преглед дури во 32 недела за фетален раст да видиме како ќе се одвива.
     
  9. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    307
    Машала сте пораснале :inlove: Само со лесно, нека си растат бебуши во стомачињата наши :)
    И јас сум како тебе, сите прегледи во Систина, со таа разлика што не сакам да го видам мојот матичен а уште помалку тој да ми го гледа бебето... Мене на секој преглед ми уклучува докторката што ми ја води бременоста 4 Д и ми вади сликички, нормално се детално си прегледува, а преглед е 2000, 3000 е само скринингот.
    Јас денес ќе го видам бебушко, вечер сме на преглед, мнооогу сум возбудена одамна не сум го видела, едвај чекам, сега само гледам рачиња ножиња и главче како ми се тегнат низ стомакот :inlove: Знам дека мнооогу ќе ми фали ова чувство откако ќе се породам, некогаш и се караме ако ја клоца многу мама :lol:
     
  10. First.Impression

    First.Impression Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    24

    Ординација Д-Р Ложанковски, а од докторите таму, јас одам кај Лолита Грковска и сум многу задоволна од неа. Темелна е ептен, кажува се и објаснува добро, и има супер пристап. :clap:
     
  11. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.978
    Допаѓања:
    9.488
    Мхм супер и јас сум таму само кај Др Радица :)
     
  12. First.Impression

    First.Impression Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    24
    chache87 и јас бев така за матичен, реков ќе запишам зашто мора, а и мораше зашто мораше да ми даде боледување 2 недели кога имав мало крварење во 12та недела, и случајно од овој од оној ми ја препорачаа оваа ординација а и блиску ми е до работа, па ми се виде згодно. но после тоа 3-4 пати отидов на преглед кога неможев да издржам да поминат 4 недели дури да одам во Систина, и си го сменив мислењето за ординацијата тотално и така и сабајлево отидов, непланирано. Затоа велам, здравје ако имам нормална бременост со второ дете, и ако се е во ред, на прегледи ќе си доаќам тука, а за пораќај че одам на приватно. Буквално исти се прегледите, а голема е разликата во парите.
     
  13. Najmili

    Najmili Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    46
    Zdravo mesinja kako napreduvate? Jas eve za 2 dena vleguvam vo 29 nedela i se custvuvam odlicno. Mrdame i dosta sme dinamicni ama sekoe mrdanje ni pricinuva ogromno zadovolstvo.....Utre sum na kontrola kaj maticnata se nadevam deka povtorno ke slusneme ubavi vesti za nasata princezicka....Potoa se frlame na sopping da si gi obezbedime najneophodnite raboti!!! Nekoe bemkice, spikozlicki, bodi i pelencinja nema da se na odmet....malku ovoj malku sledniot mesec i posle ke uzivame!!!! Inaku zimnicata si ja napravime i se obezbedivme maksimalno...so ajvarce, kiselo piperce, tursija, sok od praska, kompot od slivi, sos od domati i sto li uste ne!!! Zelkata ke ja stavime malku podocna i ke uzivame vo zimskite denovi koi ni pretstojat...em najadeni em srekni poradi doaganjeto na noviot clen!!!
     
  14. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    6.658
    Пол:
    Женски
    Здраво мешиња, како сте? Јас бев денес на контрола, отворена сум 2 прста. ЦТГ то покажува слаби контракции но така е веќе од саботата. Плодова вода ди има доволно и не и се искача. Ако до среда не се породам природно веќе ќе влезам во 41 недела и затоа докторот ми рече во четврток ќе мораме да интервенираме. Валда ке се проба со провокација. Како и да е се ближи крајот, а јас едвај чекам веќе да се олеснам и да се сретнам со најмилите очиња на овој свет :inlove:
     
    На chache87 и tincemajmunce им се допаѓа ова.
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.878
    Јас денес бев на 4Д и го видов бебушот :) После резултатите од амниото и овој преглед и ми олесни, навистина бев напната и во исчекување. Сега конечно можам да отидам да си купам нешто гардероба плус (окапав во два фустани и една сукња :D ), и закажав и козметичар за релаксација. Си растеме и јас и синко, до 380 грама стигнал :)

    Редактирам: сум избрзала малку, дури сега видов дека сум пишала во трето тромесечје, а мислев дека сум во труднички муабети :lol: Имаме уште месец и пол до таму :)
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Женски
    Мешиња ајде да ве прашам вие што сте тука проближно со мене,денес ја започнавме 33 недела последниве неколку дена ме фаќаат како менструални болки по неколку пати во денот и поминува,последно бев на контрола пред една недела и повеќе и се беше во ред.На следна контрола сум дури за две недели па реков да ве прашам кај вас како е,да не знаете што е,лажни контракции,припрема за раѓање...Ако има некоја да ме просветли ке и бидам благодарна.Прв пат ми е,прва бременост се некои паники ме фаќаат сега пред крај а иначе што би се рекло имав до сега школска бременост без никакви,маки,болки и потешкотии освен киселините...
     
  17. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    6.658
    Пол:
    Женски
    Не се секирај нормални појави се тоа. И мене ми беше исто и др ми рече магнезиум да земам. Како поминува времето, може но и не мора, да те болат и препони, стамната коска, ќичма, ребра, да се појават отоци ма раце нозе и болки. Мада свежо е веќе не верувам :). Се додека го чувствуваш бебето како мрда, ништо страшно. Уживај си во бременоста и немој да се стресуваш за се и сешто.
     
  18. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.978
    Допаѓања:
    9.488
    Женски како сте?
    Чоколадо ти уште малку ќе се олесниш,се ближи денот :)
    Тинчемајмунче и мене така пред некој ден од сабајле како слаби менструални болки ме фаќаа и си се напивав магнезиум,ама веќе бебушите се поголеми и се шират и притискаат секаде и затоа не боли :)
    Кај ни се Белла,Морела,не сум ги прочитала одамна :?:
    Инаку мојата бебушка деновиве е многу размрдана,на сите страни шета :rofl:
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    815
    И јас вчера бев на контрола 31+5. Бебето си е во ред и јас сум супер сега за сега. немам се уште отоци, се движам многу, пешачам секој ден по 1 саат и плус на јога и супер ми е. Многу ми е интересно да го гледам стомакот, бидејќи сега кога ќе мрда точно се гледа рече или ноџе, многу ми е смешко.
     
  20. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    307
    Луси и јас сум како тебе... Бебуш супер ама карлично свртен, со ножињата во уста а газето долу :)
    1700 грама бевме тешки минатата недела, но веќе тешко ми станува одењето и станувањето, се чувствувам многу голема, не ми се ни оди на работа веќе...
    Ќе чекаме нареден преглед да видиме дали ќе се сврти со главчето надолу или ќе си остане вака...
    Чоколатце ти до кај си? Да не дојде денот? Ни ја нема, може веќе се сретнале со малечкото...
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.