Немој да си се согласила порано, таман работа! Јас со првата бременост си добив диоптер, не сум имала никогаш тогаш почна да ми се гледа матно. 3 гинеколози ми кажаа дека е нормално нешто да "откажува" во бременост. Некој заби, очи, кожа итн. Се породив и кога проверив имав веќе - 1,5на едното, - 1 на другото. Носам наочари сега и ништо страшно. Ама дека ако те породат ќе превенираат нешто со тоа никој нека не те лаже.
Пред некое време баш му се жалев на маж ми дека почнав матно да гледам. Точно дека не е секој ден и сум приметила дека повеќе навечер и од далеку, не можам да ги распознавам луѓето од далеку. Сега се има подсмирено, јас искрено не му дадов големо значење, го препишав како нормално за во бременост, ама сега ме замисли и на наредната контрола ќе прашам за мислење.
И во апликацијата ми пишуваше, дека можно е заматен вид и проблем со гледањето во бременост. Јас и онака сум со диоптер, па мислев нормално е да ми е заматен видот
Очигледно многу го имаме истото верувам дека е нормална појава ама секако убаво е да се каже на лекар. Мене више смешно ми е само викам: Ова ме боли нормално е, крв од нос ми цури некогаш и пак нормално е, папокот ме боли нормално е
Јас ништо од ова не прашавзначи до толку и верувам на апликацијата, и баш имаше пишувано за видот, за болка во папок, за крв од носот. Се ми се исполни и затоа си велев "се е нормално" Овој период пишува за можна почетна лактација, да има колострум.и тоа го очекувам сега
Јас со едното око си имав проблем малку и пред бременост, а сега е бетер. Али го сматрам за нормално. Е уште ова да е ризик за предвремено и све имам Али мислам дека е ок и дека честа појава е.
Оваа апликација ја имаш и ти? И на оваа се ми пишуваше баш што ќе се случува. Мм вика па тоа дека читаш и ти се случува Тие се симптомите сите низ истото
Да, истата ја имам Одкога ќе прочитам, тогаш ми се случуваа истите работи Точно 1 недела сме разлика јас и ти Само за грамажата не ми е точно, никогаш според неа
@Milkiway @eli.karameli @Monella Претпоставував дека е од бременоста ама реално језиво е, а се стемни нишо не читам се заматено. Плус око е, заб е друго нели и затоа решив да проверам иначе воопшто не сум паничарка. Али очен Др да ми рече породи се порано мајко мила. И тоа може да се влоши а може и не ама ај ти породи си се ))))) ич не ми е смешно знам дека е само совет. И капки со бруфен да ставам 2-3 пати. Ок бруфен е дозволено во некој случаеви ама 2 3 пати на ден па зашто....еве фајл кој сака да види
Боже господе! Јас не сум лекар и немам навика да солам памет, само ти кажувам иста бев и јас. Одеднаш ништо не гледам. Ми кажаа и додека сум бремена диоптрија не се проверува, кога ќе се породам, така и направив. Ама ниту еден доктор не ми рече раѓај ќе се влоши. Советувај се и со друг лекар ако ти е на мисла, иако сметам дека ништо алармантно не е, ама сепак ова е мое искуство и не сум лекар.
Како си напишал предвремен пораѓај боже смешно изгледа стварно. Да отидеш ти на уште еден очен најдобро консултација чисто за споредба. Абе може ете и ние не знаеме ама малце е безвезе ова совет предвремен пораѓај ..бап ме интересира и матичен што би ти кажал на ова
Искрено воопшто не ми е на мисла, исто како тебе размислувам. Имав пред 5 6год јаки инфекции на око и малце повнимателна сум кога станува збор за окото. Мислев да не е нешто што пр може со витамини да се среди, да не ми фали некој витамин бебево да ме цеди и сл. Во пон сум на преглед и ќе прашам па ќе ви пишам. Смешно ми е дека од кога дојдов у Мкд само сакаат да ме породат предвреме исто приватно отидов на гинеколог ми рече да очекувам болки скоро, еве 4 недели пројдоа ))
Прво и основно, како бруфен би помогнал во подобрување на видот? Второ, каков совет е тоа порано да се породиш? Побитно е бебето да се роди живо и здраво, видот се поправа фала богу. Од мои 27 години, 24 носам наочари, па ништо не ми фали. Ни во првата бременост, а ни сега немав проблем, а ни др ништо ми немаат речено, а имам височок диоптер.
Ајдеее тој малце не р со сите и изгледа не разбира многу бременост може и он така мисли може било кога да си се породиме ...
Хаха абе сеа само ми текнуе шо збореше и си се смеам. Ми сметаше колку е у килажа, викам околу 2кг, ееее па нема гајле веќе ))) очен доктор...до душа докторка шо имала ќерка моја генерација. Гарант и за ќерка и исто ќе советуе