Ќе ја среди ќерка и со такво размислување изгледа утнала струка требала гинеколог да биде не офтамолог
Ама смешно е вака кога гледаш испаѓа нема благе везе со пораѓајот и бременоста и само си гледа од своја струка..па шо има везе ќе ск поседи во инкубаторче де а на крај ќе испадне врска нема дека си можела да истераш и така. Сигурно така че и вика на ќерка и роди си го порано матичнава јас мислам кога ќе ти чуе ќе побеле
Јас не би го отфрлала неговото мислење дотолку. Сепак е доктор и знае нешто, повеќе од нас и да не се правиме паметни овде, подобро јави се на гинекологот што ти ја води бременоста и раскажи и за случката, па таа ќе одлучи дали да ставаш капки, дали да се пораѓаш предвремено ради очите итн. Јас така би направила.
@lemon8ejt штом си овде доколку не ти е проблем, ако можеш побарај и второ мислење од офталмолог. Не би пишале туку така во извештајот "за предвремено породување". Од мое скромно познавање, аблација на ретина не е туку така наивен проблем и не се работи за диоптрија на видот, туку за нешто друго и поспецифично. Би требало и да се реагира, но во бременост обично не се чепка, затоа и ти спомнале за пораѓај. Одлепување на мрежницата- по наш превод, доколку е стварно таа дијагноза, собери уште некое искуство и консултирај се. Не ми е поентата да те загрижам, затоа само како совет ти пишувам, ако сакаш послушај ме.
Значи браво за твојот одговор. И јас сум секогаш за второ мислење, сепак докторите треба најдобро да знаат. И мене периодов навечер знае да ми се замати вид ама не често, само кога ми се спие
Дечки секако дека ќе кажам на гинеколог, во понеделник сум на преглед. Јас не се согласувам и нема да се породам порано поради таа причина. Треба гинеколог да ми потврди дека е толку многу опасно по видот да ме можам уште 6 недели да истерам. Да ми ставаат провокации или царски да се пораѓам ако реално не е толку загрижувачки не доаѓа во предвид. Ќе ви пишам во пон што ми кажал.
Мислам дека гинекологот нема да знае колку чекањето е опасно за тебе. Инаку барем да можеш да влезеш во 9 месец. Консултирај се со друг очен доктор.
Уринокултура пак ја покажува бактеријата proteus mirabilis само сега е 1.000 000. Пред 1 месец ми земаше гинеколог мокрача со катетар излезе негативен резултат и ми рече не ги есапела резултати од мокрача во чашка. Сега што да правам? Јас во живот не сум имала бактерија, оваа не ја ни знам која е, а докторкава нешто ме убедува не била страшна.
Во мај и мене прв пат во живот ми се појави. Две пакетчиња Зинат и две пакетчиња Полигинакс плус чај од брусница пиев. После тоа ја немаше, а утре повторно чекам резултати и јас да видам дали пак ми се појавила...
Гледам од извештајот кај Бучковска си била. Она е еден од посериозните специјалисти во областа. Обавезно види и со гинекологот ичи второ мислење. Секако си при крај од бременоста, ваљда не е дека баш овие 3-4 недели мора да се интервенира кај очите.
Па добро, не сум лекар ама прочепкав на интернет за дијагнозата. Не е така наивно но дај Боже да си ја износи прво бременоста до крај.
@kukla21 @среќичка Да знам дека е една од најдобрите затоа и отидов таму. И јас како и членкиве што го имаат истиов проблем, можев да си викам од бременоста ми е ама ете решив да проверам. За 6 недели до крај не знам што треба да е за да се решам на предвремен пород. Утре сум си на гинеколог, тука споделив за ако некој има слични симптоми да знаат што дијагноза ми дале. А ме боли уво што пишува на нет, ја одам на доктор
Скоро втора недела од 7ми сум, понекогаш осеќам болки ниско и странично во стомакот, овие два дена посебно кога пешачам... Му се случува ли на некој слично...
Мене ме боли али тоа е ради детето што мрда внатре особено кога ќе фати некоја позиција опасна све боли да не кажам како да штипе некој од внатре