Искуцај на google GERD symptoms. Јас пијам пре мама и почна да ми се дешава сега. Осми месец сум. Сме си го зезнале желудникот со витаминиве. Испивам кутијава, заклучно со 35та и say no more. Прошлата бременост ништо не пиев, бутур не ми беше.
Има некој искуство со лакуни во 32 недела? Бев на преглед кај матичната, ме испрати да испитам д-димери и хемостаза, ама не одам дури мојата докторка не ми потврди.
Мене сега во 38недела ми рекоа дека имам лакуни ама докторката што ке ме пораѓа рече нема зошто сега да испитувам нормално било ако плодот си расте како што треба.
Ќе испитам, да видам прво докторката што ме води што ќе ми каже. Матичнава не ми е верна, одам реда ради, колку да имам прегледи во мајчината
@Среќичка Еве ме да пишам за сите што имаат ист/сличен проблем со очите. Бев на преглед, Др.беше во чудо зошто се советува предвремен пород. Вика да си за царски, па ајде ама вака не никако. Вика бебето е супер стварно сеа да се породиш ќе биде се во ред, ама јас не сум за тоа. Жени со висок притисок да проблематични се, знае да се предложи царски бидејќи е напон јак на природен пород. Ама ова апсолутно не е причина за тоа. Посекако рече да го дадам наодот таму каде што ќе се породам. Поздрав до сите!
Нормално е да почнат да се создаваат во таа недела. Ако доплерот е ок и ддимери, биди си спокојна. И јас имав лакуни од кај 30та и без терапија стигнав до крај. Мене и д димерите ми беа високи но јас пак терав без терапија Тоа доктор најубаво ќе ти каже, без секирации.
Има ли некој проблем со мокрењето, јас мн тешко идам во вц, и не можам да се измокрам до крај дали е тоа што бебето претиска...?
Јас често одам ама ми требаат 10тина секунди додека почнам да мочам, најчесто е без притисок и количински по малку, мислам дека е од бебето што притиска.
Само бројам денови до следен цтг, па пораѓај да ми закажат датум точен. 37ма утре, бебе 3500гр претходната недела, тешко ми е неам зборови, прасенце. Онака чисто да си кажам убав ден
Со првото до 17.08, сеа маалце поранко, лето и бремена не е баш добра комбинација ама карма, јбг, ќе си трпиме
Сега во четврток сум кај докторката. Сигурно ќе ми даде нешто, зошто цркнав мочам на 5мин блазе тебе, опушти се сега. Моево бебе се потру од антибиотици
Пиј чај од брусница и јади брусница. Појачај витамин Ц. Кај мене го третираа и сопругот. Односи без заштита никако.
Пијам и бетер мокрам а за односи, не сме се ни бациле со сопругот кажи ми антибиотикот едно по друго ги испи без прекин?
Да и полигинакс две едно по друго и пробиотик најмалку четири саати разлика со антибиотикот. Сопруг испи две пакетчиња Цитерал едно по друго.