Луда работа со какањево во туш...чиниш шољата бара повеќе чистење од тушот...комедии само да се издржи
Леле кога ќе ми текне на чистачките во 5 сабајле како се дерат: Ти и дома ли вакво вц оставаш, јас ли ќе чистам по тебе ќе се издржи, за кратко сите одиме дома.
Еве и јас потврдувам, пред 2 години после клистирање право на туш. За ручек имаше компир манџа, значи вода, запршка, два компира и не се сеќавам мевце дали најдов. Киселини ме утепаа и после клизма повраќав под тушот се праев. Ужас
Една вика абе како да јадам грав, што ќе правам после на бокс кога ќе ме фатат болки? Сестрата и вика ти па мислиш многу зрна има, повеќе е како чорба(вода) среќа ќе кажам докторите се стварно стручни, за ова другово немам коментар.
Ова работава колку да не е на улица родено детево да не те гледа цел народ...каква мизерија од држава сме обично за Чаир викаат дека е најчиста и најсредена, за ГАК знам дека се катастрофа и нема никогаш да се оправат ама за Чаир стварно ми е чудно
Да сестра ми дека царски отиде кај Исмаили и баш и беше кажано дека си има тарифа за да дојде. А за храната... секој ден одев со тенџерињата тањирите ај за неа што носев него за уште 2 жени носев што не беа од Ск и немаше кој да им даде. Носев супа претежно домашна готвена дека друго не смееа да јадат. Оставав доле они качуваа и чекав 1ч да завршат со јадење да го земам приборот...Абе мизерија дај боже малку да се опраени. Не да ги плашиме тие што ќе одат таму ама бидете спремни на се и со храна и со сокови и имајте некој на располагање да ви носи Едит; И пак зависи како ќе ви се погоди третман моме супер ќе поминете ама со храна обезбедете се за секој случај
Во ГАК кога лежев со ќерката, бев на патолошка прво, па царски породена, храната беше супер, и тоа пред неколку години. А дека слушам многу позитивни коментари за Чаир баш сум изненадена дека толку лоша храна. Всушност и не е толку битно, дека треба царски да сум битна ми е само стручноста на тие што ќе ме сечат и шијат исто и анестезиологот многу е битен иако го забораваме. И така после операција не се јаде многу, барем ќе симнеме уште некое кг пред да си дојдеме дома.
Види не е ужас, далеку од тоа, ама греота е да нема топла вода и да треба со ладна да се миеш или да е само еден тоалет за 40 жени што лежат на патолошка. За хранава ќе се издржи, сегде по болнициве е така, ама бар другово малку да го оправеа. Инаку во однос на доктори нон стоп доаѓаат ги имаш на располагање. Затоа викам кратко седиш ќе заборавиш, само персоналот да биде ок. Инаку сегде носат храна. Обавезно вода сокови се што ми се јадеше ми носеше маж ми до доле, после ми качуваа. Голем плус е што не даваат посета.
Не не пред 5 години беше. Знам дека за чисто било бидејќи доплативме да ја стават во реновиранио дел е сега од тогаш не знам како се другите собо. Валда ја досредиле
Така си е, за неколку дена храната воопшто и не е битна. Битно да се стручни докторите да биде се во ред, џабе е и најубавото јадење ако докторите се за никаде
Леле тоа што го читам и за парите и за храната одма се нервирам. Ваљда хормоните си го прават своето Како бе на лекар што тоа му е работа, платен е за тоа да му дадеш 300€, па дури и на сестрите? Стварно се бездушни, народот го донесоа на просачки стап па за тие пари ќе си купиш нешто за бебето, не секој може да си дозволи да даде, значи некој треба и да се позајми само жива глава да спаси Исто и храната, грав и компир манџа Еве колку за пример, овде во соба имаш вц и немаш потреба да какаш под туш За јадење имаш мени, си избираш тоа што сакаш ти за цела недела, е сега ако си избрала пица, лазањи...нормално дека неможеш да ги јадеш после царски, тогаш ти носат супа, пире... Секогаш во послужувалник, во 3,4 пластични чинии, имаш прво (паста, ориз, крем супа) второ (месо со зеленчук) салата, свежо овошје/јогурт, шише вода и чаша, дури и рендан пармизан за пастата. Храната е вакумирана, топла, лебот исто во посебна ќеса... Давање пари, частење бомбоњери
Мене жал ми падна ептен што ве читам... Ај за третманот неибежен можеби е(избежен е, ама со радикални мерки), ама немате ли опција мажите да ви носат храна и да не ја јадете гадната болничка храна?
Пари доаѓаат во предвид ако докторот ти дојде од дома, реално не ни е долзен некој у 3 сабалје да дојде кога си има дезурен؛ Али на сестрите да им се дава е глупост؛ Искрено ич нека не ми помагаат ако тоа им е зелба, 2 дена ќе се издрзи؛ И за Храна не се замарам, течности и ако треба геврек ќе ми донесат и крај
Тие што се од Ск ќе се снајдат ама од друг град тешко...јас пишав носев за сестра ми и успат за 2 жени една од кавадарци друга мислам штип и сите 3 со царски и ајде супи, пиреа, мажите сокови ќе однесеа само немаш ни прибор ни нјшто никој не планирал така ја мислм во затворине е поубаво
Можеш, маж ми доаѓаше 3 пати на ден, зема боловање не одеше на работа. Ама забрануваа да јадеш во соба, има посебна трпезарија каде одат сите да јадат. Во соба нешто суво можеш. Ама имаше и женички што не беа од скопје, едвај во 2 дена им доаѓаше некој за сок и грицки.
Трагично... И она што ги терале под туш да вршат измет и после хигиеничарките им се дереле, ме изремети!