Во гак не е толку хорор како што мислите, јас имав позитивно искуство(освен од тие сестрите кај бебињата што се). Болничарките беа душички, на пораѓај мочките и повраќаниците ми ги собираше една и толку фино се однесуваше, може таква ми се погодила. Храна, суво даваа. Лепче, супа и ориз со копанче. Лепче со јогурт.. За частење, ако некој заврши работа ок, јас си почастив сестра што се ангажираше за мене од старт. Доктор не, не знам зошто е тој став дека докторите мора да се потплаќаат. Ако одам на договорен царски ајде де, ама вака, доктор што бил на смена ме сецнал при пораѓај само, фала му, тоа му е работа.
Толку фалење за Чаир, само што се решив за таму , некои муабети ме предомислуваат, нели нова реновирана чисто се ја споредуваат со приватните, како под туш во wc? За ГАК немам замерки во врска со хигиена, топла вода и општи услови.
Сериозна си?!?! Работа му е тоа на докторот. Убаво им забранија едно време од дома да идат за пораѓај заради ова, ама еве, се дур има некој на кој ова му е нормално, ќе има и мито!!!!
Женски не е хорор во Чаир, еве јас сега се смеам на овие работи. И да ви се дере чистачка голема работа. Верувам во стручноста на докторите таму. За 3 дена све се издржува. Јас се пораѓав во приватна болница со сите салтанати па пак едвај чекав дома да си одам.
Прво не реков дека е нормално полека малку؛ Но ако бараш некој од дома специјално да ти дојде, тоа не е негова обврска؛ Ако добро прочита реков дека си има доктор на смена така да нема потреба од пари؛
Јас искрено незнам зашто толку фама околу храната, не знам за на пораѓај но еве сум била на гак за операција лежев 3 дена (толку е и за природен пораѓај) искрено храната ми била најмал проблем тогаш а не па кога би раѓала. Дека е лоша е лоша но не е дека ќе умреме од сувата кифла и јогурт и сл. Утреден и за пораѓај битно ми е да сме ок и јас и бебето да ми покажат како да го наместам да цица ако имам проблем да се тука сестрите и докторите храната ни малку не ми е битна. Мислам дека и на приватно да платам не е воопшто ради јадењето сепак се само неколку дена туку ради грижата околу мајката и бебето, а што ќе каснеме тие 2-3 дена не ми паѓа на ум. Ете може дека не сум била сеуште за пораѓај па така мислам
Во право си ја одаж приватно заради тоа да ми кажат за цицање, ради грижа, подобри услови а не ми е битна храната. И да сум на државно да ми носат јадење од дома пак нема да е проблем...мене ми е проблем што грото нив се понашаат идиотски према тебе и си дозволува да ти повишува тон. Глеј и на нив знам дека не им е лесно секакви пациенти ти доаѓаат таму ама мора да се има граница. Не може да не сакаш за доење преслакање бањање да ни покажеш
Они се одлучиле на таква работа што мислеле дека ќе си седат во канцеларија и ќе спијат по цел ден. За тоа учеле мочки,повраќаници и гомца кога оделе на пракса и кога специјализирале рози да не цветале...
Точно така, тоа и мене ми смета на државните клиники што секој те третира ко услуга да ти прави ако се однесува со тебе како што треба а не дека тоа му е работа
Jas se operirav vo Cair pred Edna godina se raboteshe za cista. Ama vakov tretman kako sto opishuvate nemalo. Higienata bese top na nivo pomosh od bolnicarkite i sestrite imavme koga i da potrazevme. Carshavite ni gi menea i po 2 pati vo den se po potreba. Na bolnicarkite gi zamoluvavme da ni kupat nesto i nikogash ne ne odbile. Hranata bese na zavidno nivo navistina neznam zoshto vaka. Jas bev 5 dena vo bolnica i plus ne sum od Skopje ama site ist tretman imavme. I nie pred operacija primavme klizma ama ne vrshevme nuzda pod tush imashe 3 vcea i se iznenadiv sto citam. Neznam jas spodeluvam moe iskustvo
Секој различно поминал пред една година и немаше пандемија и беше по растеретено сега во услови на пандемија гз преку глава им е сите се набутани во Чаир дека два пати во ден ќе им менуваат чаршаф малце потешко и дека ќе обрнат внимание каква среќа ќе имаш таква можеби тие подобрите и на одмор да ти се паднат или да не се на смена а батал сестри да ти се погодат и лошо да пројдеш или или ти е државно
Ја денес не знам што ми се дешава може и бебе е метеопат па му смета времево Осеќам дека се движи имам турбуленции ми се тресе стомак ама ме мачи што доле јајници ме болат како негде да притиска. Едвај што стоев ручек да направам наеднаш ќе ме заболи ќе го испакне газето и чекам да се помести. Цело време сум уфилмана дека нешто не треба вака. 30та недела сум нормално ли е ? Знам дека сега највеќе ќе почне да расте и ќе боли стомак како пред второ тромесечие..вас како ви е?
Јас и ти тука негде сме јас 33та сум и цело време му се испапчува газот на едната страна а со нозете ме бута доле во јајник бо тој момент ниту можам да се наведнам ниту ништо додека не се врати во нормална состојба сепак не се контракции ако мислиш за тоа
Ја само му викам на мм готово ќе се породам ми натиснало бебе. Он ко лекар Нема нели сега бебето е свртено па натиска..за греота само чита и студира поред мене паничар да ме теши да и ја осеќам ко да ми копа доле па грчеви некои па некои ситни болки
На патолошка е едно вц. Ти си лежела горе на 2 спрат. Таму може е поинаку и помалку жени има. Тука како на лента беа. На одделение после пороѓај во некоја соба има вц за 4 жени во некоја нема. Во ходникот има една вц. Абе условите за државно се тие, не може нешто повеќе од тоа да се очекува.
https://www.facebook.com/443378469063877/posts/2444705875597783/?d=null&vh=e Види линков дали ќе ти го отвори ќе имаш јасна слика што ни прават внатре газди се
Иста сум ама јас секоја вечер. Преку ден ќе мрдне ќе клоцне, ама навечер и тоа баш кога си легнувам, ужас. Па не можам да се наместам му викам на маж абе да не го гмечам, тој се смее. Секоја вечер мислам ќе се пораѓам. Сабајле се осеќам многу лесно како да не сум трудна, а навечер сум кит Јас ништо не знам, нит рака ли е, газе или глава. Само знам ако остане навечер активен како што е сеа у стомак, ја наредивме работава.
Хаха се бори внатре а на лекар кога одиме мирна беба спие нејќе да мрдне ...се ми е јасно Скроз исто сабајле и ја како да не сум трудна ептен сум "лесна" супер ми е. Сега вака ова време ме фаќа ептен со клоцање и пред спиење обавезно уште сега ме тренира а за гмечење и ја мислам некад дека го нагмечувам никако не можам да се наместам
Ако нема обврска, нема да доаѓа. Секоја болница си има дежурни доктори. Ако сака да дојде, ќе го направи затоа што сака, а не за мито. Не учел мито да зема, туку доктор да е. Еден да ми побара, одма ќе го пријавам!
Леле по мрдањево јас што го осеќам баш вака го замислувам внатре.. Значи ме раскостува од клоцање Со главата е надоле веќе свртен, со нозете горе кога клоца, кога шпага прави, кога карате вежба... само некои акробации изведува Богами ако и надвор е вака активен, јака ни душа