Јас сум скроз сама дома со недели. Нит фамилија, нит маж, нит другарка, ни враг! Синоќа влегов да се туширам, нешто како да ми падна надоле, не знам како да објаснам, како да „падна“ врз јајниците. Он може и си клоцнал, ама... Првпат такво чувство. Си викам овој се спушти, ќе раѓам! 31ва недела сум. Торбицата за пораѓај е скоро спремна, бројот за итен случај во телефон, телефонот нон стоп со мене, никад се не зна!
А што треба да се спакува во торбицата? Конкретно за приватна болница прашувам - читав само прибор за лична хигиена и облека за одење дома (што може и накнадно да ми донесат)... Нели треба некои мрежести гаќи (не знам ни какви се ), некакви влошки, влошки за гради.. Јас сум 32ра, ама планирам после 36-37 да спремам тоа, се си мислам рано е, има време..
Јас се водам по една апликација тука... Градник за доење, спаваќа(ова зависи и од болницата), меки папучи, удобни алишта, влошки за гради, влошки за после пораѓај, опционално онакви гаќи-пелени за возрасни, несесер за нега(чупкалици, креми, чепкалки за уши итн), пелени, облека за бебето... По потреба може и партнерот да донесе нешто и така.
За приватна ти треба полнач за тел, чешел, лабелце и нешто козметика. Друго имаш се таму. Па и мрежасти гаќи.
Јас здравје Боже планирам да се пораѓам во Чаир, малце се изнервирав од искуствата споделени тука. Денес пак ја препрашував сестра ми дали им давале пари на докторите и сестрите, ми кажа ако има будали што даваат секако они земаат...Храната била ок и било многу чисто. Ова пред 7 месеци. Не очекувам хотел со 5 ѕвезди, ама белки ќе имам среќа да имам човечки третман, ништо повеќе не сакам.
Пари се дава ако сакаш конкретен доктор да ти е на располагање да дојде во 3 сабајле да те породи. Ова и на државна постои како практика не е само чаир. Иначе имам другарка што еден преглед не напрајла на државна ни доктор знае, ја фатија болки си отиде на дежурно си се породи и тоа е тоа. За храна не се замарај особено ако имаш опција некој да ти донесе. Тоа е само се надевам дека ќе ти се погоди добар третман тоа е најважно каде и да си. Затоа и многу на болничарки даваат пари.
Ич да не се секираш, ова низ муабетите се само извадени секвенци на кој што му сметало а и како му се погодило во моментот, не сме сите исти, нели. И мене ми сметаа некои ситници но генерално супер работат како болница. На болничарките што се понашаат нема да им обрнуваш внимание (тие се понашаат како да се над докторите ) и сѐ друго е со нормален човечки однос.
Се изненадив со муабетиве наназад за Чаир,јас можам да кажам дека поминав многу добро пред шест години,ако толку се сменило нешто? Храната беше ок,имаше и супа и салата колку што памтам,грав не памтам дека имавме за јадење,а и онака за два дена не ми беше битно што ќе јадам,секако мм ми донесе нешто суво што сакав.Од сестрите никоја не ми се дерела,напротив не можев да станувам дека бев многу шиена и малку повеќе крварење па ми се вртеше во глава и не можев до вц да отидам,па една чистачка или сестра не знам што беше ми рече никако станување кога ќе сум сакала нејзе да ја викам,жената ми носеше лопатка за во кревет. За болки исто така добивав лек ако им викнев,и ова никој не познавав во болницата,сама си отидов кога ме фатија болки и добив човечки третман од доле на прием до родилна сала,дури докторот ме масираше на боксот и ми ја топеше устата со вода да не ми се суши. Веце имавме во соба со туш, и секој ден го чистеа. На патолошка не знам какво е стварно не можам да зборам. И што вика @Kitten не се замарајте со секакви ситници,најбитно е да мислите позитивно и да излезете живи и здрави со бебето од болница,а за храна и луѓе се има по болнициве.
Zdravo devojki, imam edno prasanje, dali gi custvuvate bebinjata vo stomak i kolku cesto i silno. Jas sum 33 nedela i veke po slabo go custvuvam da mrda. Go osekjam samo ako legnam na grb ili ako bidam vo sedacka pozicija podolgo vreme. Togas se buntuva i me kloca. Porano go osekjav poaktivno i dvizenja i klocanja, a sega nekako poslabo. Nekoj da spodeli iskustvo...
За клоцањево буквално ми се дешава ова од видеото, и јас исто скроз доле го осеќам, денеска за прв пат помислив дека ќе се породам иако ми е рано, ама додека седев бебе се уби од клоцање и превртување мислам, кога се раздвижив не знам дали некој нерв или орган ми притисна доле, ама таква болка осетив што мислев у секој момент ќе се породам. И кога и кажав на мајка ми, ми се изнасмеа вика да беше така лесно од еднаш да се породиш, сите со песна ќе раѓаа. И си реков џабе филмови си правам, нормално е да се осеќа болка при некое клоцање, не е исто кога било 500 грама малечко и сега големо бебе од кило ипол.
Истото е и кај мене. Јас сум 35недела. Ми рекоа дека е можно малку да се намалат движењата бидејќи веќе се поголеми и им станува тесно и како се ближи терминот за раѓање тие повеќе спиеле. Поздрав
Девојки како оди? Јас веќе полека 8ми влегувам. Дома ни е каша попара едвај чекам да наместиме стварите. Инаку се ни е во кутии низ дневна креветче колички комоди облеки поклони.. се осеќам хаотично дека не можам ништо да бутнам тргнам средам..па едвај чекам да монтираме во спална. Иначе имам јаки болки некој нерв доле лево не можам да се движам, за дишење да не збориме Му викам на ММ ајде веќе едвај чекам не можам нека дојде октомври а толку далеку ми изгледа...
Kako kaj mene da opisuvash doma ista slika svari kolku sakas krevetceto ushte ne montirano oblekata isperena ispeglana i vakumirana. Se taka mi stoi go ceka mm koj ne e vo makedonija. Inaku 34 sum. Ama zdravie samo se ke sredime