Како оди?! Едвај мрдам. Ко права мечка!! Толку лошо е поставено бебево што не можам нормално да функционирам не можам да одам, не можам да лежам, не можам детето да си го играм и шетам како сакам и како оно бара Едвај чекам да се породам. Па и од тоа ми е страв. Како ќе биде со бебето, па неспани ноќи, цицање, па и дома седење со короништево! Си се пожалив
Уфф ајде јас уште една недела и се приклучувам во групава Какво креветче земавте? Леле јас ништо немам купено освен нешто малку алиштенца. Немам ни прошетано, се само по интернет што имам видено имам по неколку опции за поголемите работи само да одам да ги видам и да изберам. Има време ама и лета време. Ќе почне паника да ме фаќа кај и да е Допрва плакари треба да нарачувам плус ќе реновираме од следна недела ситно нешто ама нервоза ми прави сакам побрзо да се средам.
Исти сме и ние, детската соба е при крај, врата сеуште нема, нарачана е. Вчера ламинатот го ставија. Креветчето во четврток ќе стигне, количката стигна но во кутии е, малото креветче за во спална и тоа стигна, се е спакувано, алиштенцата не се исперени уште се со етикети по кутии. Кадичката спакувана е и таа. Една женичка во вторник чекам да ми црта на еден ѕид. Комодичката за пресоблекување уште не е направена, само е избелено во собата. Сите се активирани, за оваа недела да завршат се. Јас само лежам и наредувампаника ме фаќа. Синоќа како да почувствував болка во јајници во сон. Се разбудив, но многу колковите ме болеа заради лежењето, станав бев до вц и ми помина, веднаш заспав. Тие трудничките болки во сон ли фаќаат? Од тоа најмногу се плашамсе мислам јас треба со најава кај мене да е
Да си земеш да си отпакуваш се, да не ти фали некој дел. На золва ми фалична количката испадна дека и е, не и ја сменија, после 2 недели дека се пожалила ,а тие тогаш ја отпакуваа. Затоа мене стварите уште од 8ми месец ми беа отпакувани Фаќаат и во сон болки, ама немај гајле, ако се многу болни ќе те разбудат викаат на прворотки ретко кога сам им пукнува водењакот. Уживај си и немај гајле Како си инаку? Кога си пак на преглед ?
Не дека немам да се жалам,имам многу но несмеам да се залежам и да ја изгубм кондицијава само заради син ми. Сами сме поголемиот дел од денот,тој уште е бебе. Сака во раце,не сака да се облекува , знае да ме удри несакајќи со нозете при пресекување пелена. А бебево меее растура од мавање. Ми се стврднува стомаков често. А при носење во раце на 11и нешто кила стомаков ми забегува на една страна ми е жал за бебево. Вооошто не одмарам. Ништо ама баш ништо му немам купено. Во петок после преглед се пуштам во акција. Но октомвриско бебе кој знае дали ке има сетови за од болница по долги. Во картерс ли.... имате видено некаде за рано есенски бебиња сетчиња?
За 3 недели на преглед дури сум, у меѓувреме само ако не ми пукнел водењак Отворивме тоа да провериме, дали се во ред со деловите, беа во ред и пак спакува маж ми 1 недела без еден ден издржав лежејќи, идемо даље, за исте паре
Јас еве денес прва тура исправ алишта, во сушара и ги здиплив во фиокер. Како ги ставате во вакум кеси, па ќе се изгужваат попара ќе ги направам. Ги оставив вака ќе ги покријам само со чаршав. Вчера излегов после не знам колку време до Џамбо и аптека. Купив сѐ. Луѓе 31 недела дојдов, не ми се верува. Ама се пазам, лежам си одмарам гледам да не се замарам многу. Се надевам ќе биде се добро. Вака и вас кога ве читам ме фаќа позитивна трема
Мене може вода да ми носите 34та недела, во четвртокот прв пат купив нешто за бебево од wenice и waikiki. Ептен бев до трансфузиологија и чекав резултати да одам на гак па пошто истураше во Рамстор се пикнав. Дома ги извадив од син ми алиштата, тие 56 и 62 ките корнат на повраќано Се потсетив дека треба 20 пати да ги испереш за да не се осеќа мирисот. Уште ништо не сум испрала, допрва ќе се кречи, спалната после 5ти септември до 20ти треба да ми стигне, а мене термин ми е 24ти септември. Спалнава на инсистирање на сопруг се купи во 5 до 12 .Мислам дека готово почна нервата да ме фаќа зошто лабав е и маж ми и мајстори и се. Шо им е на нив гајле, јас треба да чистам, перам, средувам, раѓам не они
Трудници овде сте најспремни, да ме подсетите што подготвивте за првите месеци за малите? Зимско бебе е и ништо немам Ќе идеме за Истанбул таму се да си земам па од сега ми треба список И за женско бебе дали стававте широк повој? Позади доста се дискутираше за Чаир и подмитување доктори. Никој не не тера да подмитуваме но од 8 дена што лежев што се видов а и слушнав богами ако немам ќе се позајмам ќе си платам доктор. Факт е дека има многу родилки а малку персонал и неможат на сите максимално да се посветат. Некои по 24х оставени со болки...Со првото Исмаили за 15 мин ме породи се надевам ќе прифати и за второто. Цар доктор. За храната да не е нешто, ни носеа кришки леб со зденка,чај или јогурт, некогаш имаше и поубави јадења но мене ми носеа готова храна секој ден моите па после им делев на жените. Значи може да ви носат храна.
Лелеее со детево исто како мене, и мојот има 11ипол кила, ако е 2 години и 3 месеци. И се сака да го земам, се беси, скока во скут. Бракстон овие 2-3 дена ми се многу јаки и чести, ме фаќа страв да не се породам побрзо, не сум спремна
Пробувај да не креваш . Јас некако ја навикнав да знае дека не можам да ја кревам. Уште неа во раце да ја земам ми фали. Си се гушкаме во скут. Ептен ми е мачорка, само сака да се гази и мали. Па и наулила во уста да се бацува. не дава образ, инсистира во уста да ме баци.
Креветче дрвено со фиока од бебе хоум промоција имаа и попуст и трк по куповање и ја сум таква сакам да средам па да одмарам мада сега се нешто ќе излегува при кран нема одмор
Пробав секако да му објаснам ама нејќе да слуша, одма легнува доле, клоца, цимоли. Машки де... А за галење и бацување во уста да. Маза е. Уште не се научи да заспива со татко му, а и кога ќе се разбуди мене ме бара. Ќе биде весело...
Да да тоа беше рекоа до 31.07 е акцијата ама после рекоа додека има на залиха. Следи ги цело време имаат а и во бебе суермаркет има убави дрвени баш ги гледавме и се мислевме многу од каде. Ама бебе хоум повеќе раб купивме душек оградици постелнини играчка за повојница и ептен попуст ни направија затоа одлучивме таму да земеме се
Па кутииве за новороденче што се се стандард памучни. Од wenice купив така подебелко е малку сет како блузиче, панталончиња со затворени ногавици и капче. Купув и сет од мамино подебел како плетено делува, панталони, блуза и дуксер, последниот беше за 3 до 6 месеци. Имало и помало ама го купиле. И уште едно комплетче исто панталони, блуза и дуксер на нитни, средна дебелина. Ваикики ништо, летно се е ама најдов памучни шпихозни и бодиња на преклоп по кратки и сетови памучни панталончиња.
Има цела тема во категоријата Бебе за ова. Оди разгледај, јас список од таму си направив, едно чудо работи има. Широк повој ќе ставам јас барем првите 2-3 месеци дека женско бебе. Ќе се консултирам со ортопед секако ама од широкиот повој само бенефит може да има. Да носев машко може немаше да му ставам пошо и самите пелени се така дизајнирани како за широк повој. Да не испадне како на една роднина не му ставаа на девојчето кога се роди, па после испадна на 6 месеци да мора да и стават.
Како стоите со притисокот сега при крај? Можно е благо покачување или почнаа проблемите кај мене? До сега цело време беше низок (95/58, 105/65) денес за прв пат измерив 120/85, не дека е превисок ама ме фаќа паника дека со првата бременост добив преекламсија, бев во болница 3недели и ме породија предвреме. Можно е да има врска тоа што денес прошетав малку повеќе по жешкото и испив 2 кафиња? Сега седам во темна соба, паничарка сум голема. Страв ми е од повторен предвремен пораѓај, плус ништо не ми е спремено за во болница. Утре ќе се фрлам на перење алишта, да си бидеме спремни за секој случај.