Може од кафето да е. Види утре како ќе бидеш, ако не испитај протеинурија дали имаш, нели и тоа е еден од знаците. Јас не сум испитувала тоа до сега ама се мислам да испитам нареден пат кога ќе одам во лабораторија.
Широк повој не ви треба. Каде на друго место во светот има такво нешто?! Не дај боже нешто да не е во ред, широк повој не помага. Се ставаат гипсови, протези.. скраја да е. Ортопед ги прегледува бебињата на раѓање. После има преглед на 6 недели. На 6 месеци да утврдиш проблем, значи не си одел на прегледи на време. До 6 месеци бар 3 пати ќе биде видено детето.
Може и од кафињата и од променливото време да ти е. Не мисли веднаш на лошо. Можеш крвна слика со урина да направиш и да испиташ протеини за да си мирна. Обично 140/100 е проблематичен притисок, но заради претходна историја јас би испитала и ова. За широк повој не планирам и нема да ставам, од ортопед ми е даден совет, тој ќе го следи бебчето па што треба, тој ќе каже. Такви пелени не ни купувам.
Во Америка ова. И мене чудно ми падна како дури на 6 месеци и кажале да става широк повој. Е сега не разбрав дали и ставаат и протеза во одреден период од денот. На мајката криво и беше зашто не ставила одма кога се родило. Ортопедите ти викаат нема потреба ама ако сакаш ставај (во случаите што ги знам), а јас мислам нема штета од тоа ако се поноси некој месец. Да беше летно бебе сигурно немаше да ставам да му е топло дополнително. Кој како мисли така.
Isto i kaj mene e taka doma, dur se namestime ke se porodam... Jas imam bolki samo koga se vrtam na spienje i me boli strasno. Ke izdrzime
Верувај само ќе му ствараш нервоза на детето. Имам пример во близок круг со проблем со колкчиња. На 6 недели прават ехо, ако има проблем се гледа. И при проблем никој не вика широк повој, туку гипс, протеза и сл. Е тоа е веќе хорор Ако дошле до тоа протеза да носи одреден период од денот, никаков широк повој тоа нема да го спречело. Знаеш како стојат нозете со протеза?! Ко шпага да има детето направено! Спореди го тоа со широк повој. Тоа се проблеми од раѓање, не се стекнуваат на 6 месеци, ноту широк повој ќе ги реши. Ќе го прегледаат детето на пораѓај. Кај моето девојче кога се роди едното стапалце и беше повеќе исправено т.е. не се виткаше доволно горе-доле. Викаат физиолошки проблем заради позиција во матката. Ми дадоа вежби и на прегледот на 6 недели се си беше во ред. Педијатарот дури и не обрна внимание на оваа препорака, многу дечиња имале таков проблем затоа што движењата во матката се ограничени. Поентата ми е, се гледа ако и најмал проблем постои. Ќе правиш вежби за колкчиња на секоја промена на пелени. Ортопед ќе ти даде совет.
Јас ни на син ми ,ни на ќерка ми немам ставано шорок повој .Нема врска тоа женско машко ортопедот ми рече широк повој се става да се исправи нешто што не е во ред ,а не да искривиш нешто што е добро .Затоа ако ти е шубе дал да ставаш или не уште по само раѓање ехо на колкчиња и ќе си бидеш на чисто.
Здраво, јас сум 33+4 денес и пред малку имав кафеав исцедок малку како на почеток на менструација. И пишав на матичната не ми одговара уште. Ве молам за искуства, дали да одам одма на преглед?
За да ти биде мирна глава оди си, провери и дали исцедокот е како лигав со уште нешто да не е чепот иако рано ти е за тоа али сепак нема да си мирна додека не отидеш
Како сте девојки со притисокот и втоглавиците периодов? Јас мислам дека се утрпав спиејќи иако притисокот ми беше добар немав сила главата од перница да ја кренам. А и навечер почнаа почесто некои болки кај бубрезиве да ме фаќаат и тоа се навечер почнува страв да ме фаќа само да влезам во 9ти па ако сака нека биде . Дали и вас ве притиска на бешика како цело време да ви се мочка?
И вртоглавици и низок притисок. Обично ми е околу 120/130,а сега и до 90 паѓа. Кога имам вртоглавици, ми утрнува и рака и нога и јазик... Матичниот ми рече по малку кока-кола да пијам кога ми е многу низок притисокот.
И кај мене се натрупани ствари во еден ќош во спална:транспортер, релаксатор, корито.... Креветче ќе добијам во наследство од братучетка, само душек ќе си купиме. Ништо не ми е исперено и испеглано, се си мислам има време (31ва недела сум) Инаку што мислите за позајмување, поклонување облека? Имам доста понуди од сестра ми, братучетка ми, сигурно ќе ми се најдат, ама некако ми е шубе. Си сакаме ново @Happyinlove @kukla21 проверете есенски сетови има преубави по продавнициве на fb имаат и достава над одредена сума ( baby shopp, bomida, kids zone, muppet kids) . Пред една недела шетав низ град сегде летна гардероба и купаќи за бебиња.
Мене пола и повеќе облеката ми е од братучедка ми, мене воопшто не ми е шубе, што има врска бебенце го носело, а посекако и се ќе си исперам и испеглам. Нови многу малку земав, само за од болница кога ќе го вадам, неколку бодиња и 2-3 комплетчиња колку ајде нешто ново да има.
Јас имам доста нови што ние купувавме што другиве...ама пак ќе земам од сестра ми. За флекање за низ дома да ми се најдат постари боденца шпикозни тетра пелени лигавчиња за да не морам да пуштам секој ден машина подобро имај си повеќе. Има и скафандери јакни шалчиња капчиња се по 1 облечено.. некогаш од мерак пак ќе си купиш ново ама што ти даваат зимај си..
Шубе нема зошто да ти е, тие алиштенца се толку нови и неизносени, не се за фрлање, а ако веќе завршиле со раѓање, нема што да им прават. Јас прва родив и се купив сама, ама имам куп облека. За второ бебе нема потреба ништо да купувам, освен ако се во различни сезони. Се што имам ке подарам. 56 62 68 се носени по три недели. Ама те разбирам дека сакаш се да ти е новко, па прави како ти е убаво на душата.