Од прегледот؛ И мене ми се појави и почнав да паничам дека е чеп затоа што сум 33 недела (на ГАК добив преглед) и кога и казав на мојата матична збесна зашто во 33 недела вагинално ме прегледувале а без болки на цтг
За преекламсија нели е тоа поврзано со висок крвен притисок да пробаш да го мериш почесто. А и многу апчиња ти се Идеос,железо,фолна,Ц,магнезиум и мултивитамини. колку и да сакаш да ги распоредиш во текот на денот нема да можеш ништо чудно и од мултивитамините да ти е ако е презаситен организмот веќе
Скоро 500 евра не штедев на ништо ама гледав да ми е практично за да не купувам дупли работи највеќе пари се трошат на ситниците кога ќе почнеш облека да купуваш се ќе ти се свиѓа па ќебенца итн итн си одат парите а нема ни да приметиш
Мене ми е и онака низок притисокот и иако кога мерам ми е под 120/80 некако ме копка... Пошто тоа не е единствен показател. А мм ми забушава со мерењето, а јас не знам сама да си измерам, не ми е дигитален апаратот... Башка матичната на секое одење за тоа ме предупредува пошто сум била дебела
Твое лично право е дали си дебела или не, на тебе би ти било тешко нема на неа свесни сме сите за тоа,а и кога ти се јаде сигурно нема да се изгладнуваш. Штом ти е нормален немаш потреба за паника и така и ти ситно броиш до крај се е од хормоните и нагоните на повраќање и се, мене ми се случува навечер кога ќе легнам ни јадена ни ништо наеднаш нагон да ми дојде да се исповратам да не кажам ми се вратија симптомите од почеток на бременост . Повеќе гледај за болки во стомак кичма да немаш гледај го тој процес
Точно не знам колку, ама знам дека прилично многу пари одат. Почнувајќи од самото водење на бременоста, и сите витамини и апчиња што треба да ги пиеш па до спремање и купување неосетно многу пари се фрлаат. Ама што се мора, се мора. Бидејќи имам внуци голем дел од алиштенцата ги земав од нив, па можам да кажам ете дека на гардероба заштедив нешто, сепак и сама купив многу работи затоа што ми се свиѓаа. И реално гледам на што можам да заштедам, не сакам на непотребни или одвишни работи да фрлам пари за џабе, се што можам да земам од внуците или нешто да позајмам си земам, купувам тоа што ми е најпотребно и неопходно.
Ма и стомак ме боли, Бракстон растураат и кичма, врат, глава се. Дефинитивно оваа бременост потешка ми е. Иначе 9 кила имам качено, со гестациски и хашимото сум и и онака не јадам што сакам и колку сакам. Ама почетна килажа ми е 80 кила и само за тоа ми збори дека ич не сум требала да качувам. Ееепа со дијагнозиве ми е невозможна мисија... Задутре сум на ГАК и Трансфузиологија, во петок во Ремедика па ќе видиме до кај сум...
Тие Бракстон контракции сите ли ги чувствувате? Јас или сум труп или појма немам како изгледаат Не ми се стврднал стомак. Онака некое место потврдо на допир неколку секунди, но мислев бебе се врти и од тоа дека е.
Блазеси ти, мене ме утепаа од 28ма недела немам раат Демек вежбало телото за порагај Се изнавежба моево, баш да видам како ке пројде на испит
Баш ти е во нормала покачувањето на тт, со таа почетна килажа нормално е да се здебелиш до 9кг. Јас сум со иста почетна килажа и веќе сум поправена 12-13кг матичната само ми кажа нема шанси толку кг да имаш сите ми зборат дека сум дебела, на почеток се нервирав сега им викам не сум дебела ТРУДНА СУМ! Свесна сум и јас имам огледало, не знам од кај им е таа потреба на луѓето да кажуваат дека си дебела ко ние да немаме очи. Пазам и не јадам благо и навечер, ама кг си одат нагоре, диета немам намера да држам. Нека се роди бебка жива и здрава па ќе слабееме има време
Не сум единствена значи ме претепаа и тоа посебно денес, па си викам кога ќе дојдат вистинските дали ќе ги познаам иако овие не ме болат и навечер не ми даваат сон, ама си викам؟уште 2 недели па во 36 веќе нема да им се преплашувам
Исто и мене така ќе ми се стврде ама тоа бебе се изместува неколку секунди осеќам на допир дека е бебето... вака и ја друго ништо не осеќам
Еве ме од преглед.. 32ра бебе како за 33та недела 2100кг.. машала Имаше прашања за трет скрининг, нормално ми го наплатија во ремедика како Ехо преглед а и ништо поразлично од секој преглед ...мерки, протоци, вода, постелка се е како што треба. Бебе наместено за природен пораѓај како што треба. Гастрогард ме спасија денес дури си викам што будала сум што порано не земав 3 дена се мачам За 4 недели прво ЦТГ сега дури почна реална работава да ми станува
Мене уште од пред 2-3 недели на моменти како да ми се затега и стврднува стомакот, баш пишав во некоја од темиве дали се брекстон или бебе се изместува, зошто брзо пушта, а јас пак не осеќам некое движење на бебе во тие моменти. Најверојатно е бебе се изместува... еве има дениви кај што немам така почувствувано. Немам прорачунато колку имам потрошено до сега, а само креветче+количка+транспортер ме коштаа 650 евра. Гледав тие работи да се поквалитетни, а за облека гледам што поефтино да поминам или да позајмам зошто некои работи одма се надраснуваат и според мене не вреди да се даваат многу пари особено за првите 3 месеци. Секој според своите можности, денес има навистина многу избор за секакви цени. Можеш да поминеш и со 500 и со 5000 евра, се зависи што сакаш и колку можеш да си дозволиш да потрошиш. Многу работи ќе добиеш на поклон, така да мислам дека најубаво е да се купи само неопходното што е за почеток, после ако треба се докупуваат работи ( на пример, кенгурче, релаксатор, baby gym, играчки, облека за поголемо, столче за хранење за почеток не ти требаат, може ќе добиеш поклон или ќе си купиш понатаму)
За трошок повеќе потрошивме за детска соба, прозор, врата, ламинат и фарбање и цртање во соба. За облека и украси во соба, козметика за малата, теписонче околу 1000 евра потрошивме. Количка, креветче, релаксатор, многу облека, плус од внука ми подарени носени работи, коритце комплет- тоа ништо не сме купиле ние. Се е поклон од родителите наши и сестра ми и зет ми. Да не беше собичката, многу ефтино ќе поминевме.