Па вас колку ви се притисоците? За мене низок е 80со50 толку ми е цела бременост тоа е низок вашиов нели е нормален?
Како балон да сум надувана и мислам ке пукнам. Страшно незнам можеби и од промената на времето незнам.
Ја сфатив на притисоци се жалите.. Ништо мм ме масирање при мигрени и ептен мр опушташе во темна соба без телефон и многу течности. Апче не сум пиела освен магнезиум
Има некој што постепено му истекувало плодовата вода? Како изгледа, може да се препознае некако? Неколку дена имам зголемен исцедок , во петок сум на цтг дали да чекам или да отидам да видам што се случува. Некаде читав дека при крај е нормален зголемен или ?
Дали ставаш утрогестан? И мене особено навечер се осеќам дека ми тече нешто и сабајле кога ќе се разбудам цели гаќи се со вода и мал дел од утрогестанот на лекар бев не е плодова вода туку од самата вагина што си се штити од бактерии
Не ставам утрогестан, вака веќе неколку дена, дека треба да бидам царски се плашам да не почне процесот пред да забележам. 37+2 , ама големко бебе, последното мерење 36+4 беше 3400
Ако пукне водењак нон стоп ќе ти тече, а ако ти е горе дупнат цел ден ќе имаш само како вода по малце ќе ти тече штом ќе си со царски немаш место за паника сигурно докторите би виделе до сега ако има нешто такво
Ја цела бременост имам исцедок ми рекле нормално е. Сега бев на ехо нормално има се..а од топлово мислам од што се потам и гаќите мокри ама дека цела бременост скоро сум така не придавам значење ама да не ти стои на глава оди денес
Ај иди си на преглед.Според мене ти се отвараш доле..Не мора чеп да ти падне ниту пак водењак да ти пукне какко знак дека нешто започнува..Со двете деца отидов 6 прста отворена баш со такви биолки како што опишуваш.Се срека и со лесно само
Наеднаш ми ослабела крвтта. Хемоглобинот е 94 а железото 7. Ми рекоа хеферол со витамин ц. А може вие сте земале нешто поефикасно ? Може и природно нешто плус рецепт. Затоа енергија немам воопшто
Добри се хеферолот,а природно земи боровинки ,аронија сега има да се купат,па ставај во смуди или сок секој ден
Немам добро искуство со хеферолот, го пијам и хемоглобинот си паѓа. Тотхемата е добра. Исто не кажуваат докторите но освен витамин ц заедно со лекарствата се крв е добро да се пие Б витамин, Б комплекс за возрасни. И пред бременоста редовно си имав проблем со железо и хемоглобин, се додека не почнав со Б витамини.