Некни на контролата ми рекоа дека сум отворена 2 прсти без контракции, утре пак сум на контрола но ми рекоа ако осетам притисок на стомакот или болки веднаш да одам. Знам какви треба да бидат контракциите зошто ми е втора бременост но не осеќам ништо. Можно ли е да се отварам повеќе и повеќе без никакви болки. Бебето си клоца нормално. Инаку 38+1 сум
32 недела сум, веќе 2-3 дена во секретот гледам како конец бледа крв, многу малку, на бришење немам ништо, пред една недела бев на контрола се беше во ред, цервикс 31 мм, скроз затворен.... Некој вакво искуство дали е нормално?
Бев на преглед, јас 32+2,а бебе 33+3 со 2180гр. И викам на докторката ништо не ве разбирам со неделиве, дали ова значи ми се крати терминот. Ми рече не, најбитна е постелката и плодова вода, не се водиме по неделите, би сакала што повеќе да те оставам да си го носиш. За 2 недели почнувам со цтг. Се надевам ќе издржиме да поседи бебево колку што треба да си порасне.
Болка во препони, што може да значи, не сум имала до сега 37+4, кога легнав ме фати, еве не можам ни да се свртам во кревет, едвај станав од кревет,пијам 3 кесички магнезиум.
Ова не се само болки, буквално сум вкочанета цела ноќ, едвај мрдам, му се случило вака на некој? Денес имам контрола кај матичната попладне не знам дали да чекам, не треба да добијам контракции, може ли ова да е знак дека почнува процесот. Болка од препони цели нозе ме вртат.
Вака бев скоро еден месец. Нит да одиш, нит да седнеш, нит во кревет да се свртиш. Веројатно бебе беше во лоша позиција. Сега намали.
Сонувате ли и вие кошмари или само ја сум оптеретена со се и сешто ко идиот? Периодов ептен ми беше стресен и со работа и фамилијарно..мајка ми само ме кара дека не смеам да се нервирам Дури и дома со мм ќе се испокараме за глупост ама се тоа што сум напната. Секоја вечер сонувам дека крварам, дека нешто лошо се случило Бременоста ме напрај најголем падавичар. Сите викаат најубав период мене па некако се ми е стресно...
И мене ми се случуваше исто дури некогаш и викав и зборував во сон среќа траеше само недела дена, после тоа спиев како заклана,а сега од што ми е пре пре премногу топло не можам ни да спијам асално ништо живо не ме лади. Периоди се во прашање мора малце и стресно да биде
Јас пред втор скрининг сонував глупости, кошмари, дека ми кажале дека бебе не било во ред, па се будев и не можев да заспијам. Сигурно нормално е, секоја бремена жена си има стравови и колку и да не ги покажува, остануваат во потсвест. Читаме се и сешто, плус целата ситуација со пандемијата, што не се гледаме многу со луѓе, што сме затворени, си влијае на психа.
Јас бремена не се сонувам, ниту бебе дека имам ни ништо. Но затоа сонувам одмор, на море, нонстоп се губам во сон, па одам по патишта, по скали, се нешто барам во сон. Гледам големи бранови, многу вода.глупости сонувам, само ништо поврзано со бременоста
Јас неможам да дишам денес. Не сонувам ама неможам воздух да земам. Никако неможам да се наместам ,ни да седам ни да лежам. Дали се качило бебе горе незнам А и анемијава ме докрајчува ерор енегрија. Хеферолот го поврајќам никако не ми го прима органимов. Тотхема ке сменам. Но незнам дали е за анемија тотхемата? За железото ми ја даваа ама тогаш само послабо ми бепе железото хемоглобинот не беше вака низок. Стрии 5 на број што ми излегоа во првата бременост неколку дена пред порашај гледам сега се шират. И од бели лила боја се. А се мачкам но тоа е. На ова тегнење од бебево добро е и што и само толку е. Ме растура
Дојдов и јас тука! Со лесно девојки да си издржиме и истераме живи здрави сите до крај Гледам тема ви е спиење. Мака мачам навечер стомакот ми се дуе пута два станува. Како да превртувам буре од една на друга страна. Сонувам кратко ама слатко не стресни сонови и лесен ми е сонот полусвесна сум. Ама додека да стаса моментот цела ноќ сум се боксирала со перницата. Квалитетен одмор макс 3 саати. @Milkiway Спојлер два пати сонував крв. Првата бременост ама се сонив скрос заклана доле кошмар се разбудив со завивање како рането животно Оваа бременост нешто слично пред да почнам со крварењето. Сонив на долен веш крв ама и сама се тешев во сон не е страшно ќе се износи до крај. Само позитивна мисла. Оваа бременост го сонив и синко пред да знам дека носам машко го држев во раце му го кажав името. Исто така сонував дека дојам. Малото си цицкаше и ме гледаше со очињата странично. Прва бременост не ни знам какво е тоа чуство/сензација а сепак изгледаше многу реално дури и топлина на гради осетив.
Не знам за вас ама јас деновиве ништо не можам да јадам. Од времево ми е прежешко е едноставно ништо не ми се јаде. По цел ден на млеко и на овошје сум.Ова се деси откако пред некој ден јадев потешка храна и ми се слоши па повратив. Втор пат во овие 7 месеци повратив.Една од среќниците сум, знам. Притисок меревме вчера ми е 120 со 70. Мислам таман е. За спиење прво ми треба пола саат да заспијам дури да најдам положба, па како да ја наместам перницата кај стомакот, па ми се оди во вц, па ќе станам и одново истото, комедии сум пред спиење. А не сонувам ништо во последно време.
Добро ни дојде Исто и ја го сонувам и како бебе но и детенце веќе порасното...читав дека многу трудни си ги сонувале бебињата
Ќе додадам само пред да останам трудна истиот месец маж ми нешто се разборе во сон викаше "оп опа" ме изнасмеа. Обично не раскажува сонови мажи не се ни замараат. Ама од што ми беше смешен го прашав. Вика син ми го играв во сон детуле мало беше. Хахаха баачка Клеопатра не ми е рамна како си ги спојувам настаниве.