Може се обидуваш да си поопуштена..рече сонуваш по пат како одиш може дека лежиш и ти фали секако шетање пешачење... Ја се окупирав со секакви мисли и свашта ќе сонувам сега Сега дека збориме вечер ништо чудно да сонуваш
Јас еднаш на почеток на бременост сонував кај што цица бебе и многу беше убаво чувството. Па сум го спуштила во креветче па почнало да плаче а јас сум седела на балкон и сум пиела кафе, и си викав 'каква мајка си ти бебе да ти плаче, да вришти а ти си седиш, си го тераш ќеифот и не мрдаш' Во третиот месец беше мислам сонот, и го паметам, друг пат не се сеќавам дека сум сонувала вака. За спиење лесно заспивам странично, ставам перница голема меѓу нозе и таман сум се наместила и само што ќе го ставам утрогестанот-ми се оди во вц Некогаш станувам ноќе пак за во вц и после со часови не можам да заспијам, ме разденува. Ова мое бебе значи или е многу нежно или салце на стомак што си имам и амортизира удари Мрда ја осеќам, поткрева стомак особено во лежење приметувам ама рееетко да клоцне така посилно да ме штрекне. Или рано е можеби, што знам..Вчера под ребра осеќав удари. И не знам што карактер ќе беше ама кога ќе стави мм рака на стомакот кога е расклоцана, одма се смирува и после кога ќе ја тргне си продолжува и досега само еднаш, два пати ја има осетено. Исто кога ќе си го погледнам стомакот или фатам да снимам со телефон одма се смирува, а го тргнам погледот-се активира. Па не е фер
@Lovebug01 некои се понежни, и моето од старт беше помирно, и еве до денес немам бранови по стомак. Посилни се ударите оти имаат сила, но не е тоа многу често, и не се подига стомак, мноогу малку. За снимање исто, секогаш се смирува кога ќе ја пуштам камерата за да снимам.
Ти жениче со вакво нежно мирно бебе стварно ќе си пиеш раат кафе на тераса. Мојов вагабонт нема да ме пушти ми се чини до 18 год. да здивнам како што тргнал. Кој термин си девојче да не сме исто? Си најдов ли друшка за пораѓање?
Со лесно! Особено се радувам на близнаци затоа што и јас сум близнак. Да си ги дочекаш сите лудории со близначиња хехех Ќе ти биде весело верувај
Здраво женски, 33 ±, втора бременодт. Пред половинаа час почнав да чувствувам менструални болки во долниот дел на стомакот. Некако де исплашив дали е нормално или не. Хелп
Мајка ни така паѓала во сестра ми.Кога ја клоцала сестра ми, паѓала на колена.Ова во големите месеци.