Јас постојано сонувам, секоја вечер.. не само во бременост туку и претходно.. прв пат кога го сонував бебе ме фатија породилни болки, бебе клоцаше премногу и оп - ноџе излезе низ стомак.. ноџе, раче, уште едно ноџе низ стомак и се разбудив.. следен сон - раѓам девојче (инаку носам машко), па ги обвинував дека ме излажале, им викав дека ќе ги тужам - толку пари дадов за облека и ствари за машко дете, плус стресот што ми го приредиле... хаос.. Трет сон - раѓам женски близнаци, а мислам дека носам 1 дете.. Само на пораѓајот мислам, преплашена сум и си сонувам цело време
Во посебен пост да прашам друго - пред 2 месеци железото ми беше паднато на 8,9. Ми дадоа Флорадикс сируп. Пиев еден месец, железото ми падна на 5,8. Пиев Тотхема 28 денс и плус мед со коприва. Железото ми е 7,5... секако вит Ц 1.000 пијам цело време. Има ли и друга што Тотхема не и помогнала? Дали Хеферол да пијам? Во понеделник ќе разговарам со докторката, ама чудно ми е што нема резултати толку време
Хеферолот мене ми помогнаа многу, но мн несакани ефекти имав од нив: црна столица или запек и желудочни и цревни болки. Потоа почнав до фероглобин Б12, втор месец ги пијам и хгб ми е 12, а и железото е супер околу 12-13. Дефицитарни се моментално, па ги фалат сидерал форте и хемовит плус. Консултирај се со гинекологот со што да продолжиш.
Јас пиев Олигогал ФЕ. Тоа во првата бременост. Апчињата ми направија проблем со одење во вц. Во втората ништо не сум пиела. Консумирав овошје и зеленчук.
Мене ми помогнаа Сидерал Форте за 20 дена има од 7ца на 20ка ми се качи железото не пиев дополнително витамин Ц бидејќи има во нив али овие на мене ми имаат помогнато еднаш само пиев и толку
Овие 2 дена не можам да се поднесам. Од кожа да си излезам најдобро. Нит на лево, нит на десно можам да лежам. Топло ми е на секоја температура, ми се лоши чат пат..
Дур ја пијам (кочан ладна), ок ми е. После ужас. Полудев начисто. Нит одморена сум, нит наспана, нит па сум излегла да прошетам. Се ми е ужас.
Ја со киселини највеќе се мачам..имам и ситници уште за купување се нервирам што не можам да шетам...
Само бројам денови уште колку имам. Точно 1 месец од денес термин. Ама нема до крај да се чека, па се тешам се гледа крајот.
Исто.... а можеби и порано. ПРЕПЛАШЕНА СУМ. инаку жени како изгледа мукозниот чеп? Може да е жолт и лигав? Пошто вчера изгледа ми падна...