Последнава недела слушам некое шљуп во стомакот. Првиот пат помислив водењакот пукнал ама немаше ништо, сега се навикнав на тоа , сте слушнале така некој звук ?
33 недела и 3 дена, вчера цел ден такви болки, денес еве ништо ок ми е, на доктор утре ке одам. Ти како си?
Не знам точно ама од што читам болките треба да се на ист интервал на пример на 10 мин на 5 мин и тогаш одма терба во болница да се оди...
И мене баш не ми е јасно тоа како зошто јас имам постојано болка таква тапа некоја....а иначе треба пушти боли пушти боли баш не ми е јасно
Јас сум 14+0 и го слушам тој звук и само си викам бебето е Треба да имаш паузи без болки.Пример болка па пауза по 10 минути пак болка па пауза.Болката е краткотрајнаНа почетокот не се јаки постепено се зголемуваат.Со лесно
Јас така на три пати осетив како блуп нешто како да паѓа надоле викам ова детево да не се сместило И на мене ми кажаа дека нема да се чека до крај и мидлам дека уште по не стрплива сум за да излезе вакви жештини никогаш не сум осетила јас бев тип што го обожава сонцето и цел ден би се печела сега не можам да се поднесам самата себеси
Девојки можно ли е мукусната затка да ми испаѓа парче по парче? Денес станав сама да си земам лекови набрзина. Осетив тежење доле влечење. Се стрчав назад в кревет. Подоцна идам во вц и имаше густ исцедок баш мукус жолтеникав ама колку зрно грашок количина. Ако е толку малку може ли да се обнови? Или така по парчиња ќе ми искача....рано е многу на преглед сум дури за една недела. Сега ми летаат мислите. Треба цервиксот да е намален па да истече мукус или можно е со 4 см цервикс да се испразни па отвара? Во секој случај ќе звонам кај матичната утре ме интересира и ваше мислење.
Може само секрет да ти е. Јас нон стоп имам. Некогаш погусто, некогаш поводено. Ќе си прашаш лекар, ама да имало индикација, верувам ќе ти кажеле.
Можно е да паѓа на делови, ама за волку рано од што имам читано се обновува. Баш пиши што ќе ти каже матичната. А може е самп обичен исцедок. Него, мене скоро секое сабајле кога станувам и одам во вц ми протекува мала количина прозирна течност помешана со бели парченца...можно е да е од утрогестанот што го ставам наврчер да ми е така? Мислам дека од кога почнав да го користам таков ми стана исцедокот...Ми е страв да не е некоја бактерија, или плодова вода... А пак, после во текот на денот имам поинаков исцедок-кремаст, бел и густ и тоа мислам дека е од растопеното апче. Утрогестанот го ставам само навечер пред спиење.
Да мене така ми беше од утрогестанот дури и на гаќите имав после во текот на денот ко зрнца бели. Нормално е. Плодова вода не знам за тоа искрено само на форумов читам...еден куп трудници блиски сум имала стално се жалеле за нешто ама никогаш дека им било страв од течење на пв. Мислам тука откога прочитав и ја почнав да си мислам се така. Еве одам на лекар се ок. Ако се сомневаш за бактерија уринокултура една и ќе решиш дилеми.
Јас нон стот имам воден исцедок. Мокри гаќи. Уште од 4 месец се до сега. Секој пат прашувам доктор вика има плодова вода ок е, а што е ова што си тече господ знае. Чим ти е кремаст исцедокот не се плаши, тој е нормален, овој мојов којзнае што е
Па кога бев пред 2 недели на преглед заборавив да прашам, а се дешава вака веќе месец. Тогаш ми рече др има плодова вода доволно и не препрашав. Ваљда не е тоа..