Хахаахаха мене од тоа ме фаќа страв дека премногу болни менструации имав и веќе толерантна сум на одреден степен на болка викам ова 100% ќе биде ајде качувај се на бокс еве го детето само пред да се случи тоа мора некој стрес на мажето да му се направи прво да се знае дека дете доаѓа
Хаха мислиш можно е ? Пошто и ја сум со многу јаки менс. Болки..мада страв ми е дека е рано уште чекам да влезам 9ти после веќе ама не се замарам
Се надевам дека е така само паничар да не бидеш и да не викаш како што има некои што урлаат и се дерат без осет
Менструални конкретно не. Ама навечер имам многу чудни болки на средина како печење жежење над срамна коска. Се будев синоќа на три саати за да мочам само од мака не ни нешто количински и продолжував. Препони колкови странични мускули ребра другото се по дефиниција се помирив со фактот дека сум првата боксирачка вреќа на син ми. Само ова вриење навечер ме плаши бидејќи до сега еднаш се беше случило со крв утрото. А оваа недела два пати ама не со некој изразен исцедок. Како многу циркулација да е во прашање се шират ли крвни садови влече ли матката или контракции се незнам. Докторката не вели ништо за ова.
Не ја со лекари сум послушна ептен. Како ми каже така Добро а кога се спуштат надоле бебињава? Осеќам доле тежина си мислам дека ќе ми испадне
И јас бев со јаки менструални болкикетонали обавезно ме боцкаа. И ви се придружувам во групава, страв ми е вистинските да не не ги почувствувам кога ќе дојде денот Д
Мислам дека последна недела им е 37ма за да се наместат иако некои доктори и во 36та кажуваат дали ќе се пораѓаш природно или не
@Milkiway нема да сетиш и видиш, ама стомакот ќе биде доле. Сега пробај да ставиш дланка измеѓу гради и мев, нема простор. Како ќе оди надоле, се повеќе дланки ќе собира
Да ве утешам за болните менструации, откако се породив со синко не ми беа така болни. Се трпеа и без лекарства.
Леле дај боже, болки имав до онесвестување, кривејќи и подгрбавена си заминував од работа првиот ден. Секогаш сакав за викенд да добивам, зошто пребледував од болки и нејќев да ме гледаат таква. Ако се смени после пораѓај, те частам што сакаш
Да ви кажам за болна менструација, точно е дека после пораѓај се препораѓате и вие (барем кај мене беше така) Јас скоро секој циклус бев на хитна, веќе апчиња не ми делуваа, ми ставаа инфузии, инекции, ме има земено амбуланта од работа, од сред пат еднаш си тргнав од работа дека не можам да стојам на нозе, по пат возејќи ми се стемни сѐ, почнав да повраќам, осетив дека ќе се онесвестам и немаше да биде прв пат па се јавив на хитна. Ми имаа кажано и во мк и овде во ит дека кога ќе родам ситуацијата ќе се промени, така и биде Одкако го родив син ми не осеќав кога добивав, се надевам сега нема да се вратам на старо Инаку болки и јас имам доле, како ептен ниско да се напика бебла, мислиш во секој момент ќе излезе. Денес пак бев за да контролираме протоци, ми правеа и цтг, се е во ред, следен преглед наредна недела. Да ви кажам денес додека ми правеа цтг имаше жена за пораѓај, сестрата рече дека е отворена 6см и кај и да е ќе почне процесот, сигурно ја имаа оставено да се движи малку, јас бев во една просторија близу и се беше штама, леле кога почна да офка, стенка па и да повраќа мислам душата си ја вадеше. Баш тогаш и јас си помислив каква би била јас да треба да раѓам природно? Со оглед на тоа дека имав болна менструација сигурно ќе бидам потиха, само си се тешам дека царски па се правам храбра, демек нема да офкам
Таа како мене, и јас повраќав па викав после. Таков глас не сум извадила ни пред ни после, не звучев на себе
Потпишувам. Инекции,чепови и таблети ми беа секојдневие додека траеше циклусот, тоа болки до онесвестување.. После пораѓај ме поштеди година дена, кога почнав да добивам не ни осеќав Никакви таблети не пиев бидејќи болката беше намалена за сигурно 90%.
И јас можно е да повраќам, од страв и паники и болки повраќам обично. Јас пак на царски би ме фатило паника, секој инструмент знам за што е и како е, и оти знам што би ме чекало, си се надевам на природно, оти тогаш и да стискам чаршави, или да викам и да пцујам и да урлам, тоа е. Вака ем не осеќаш ем ќе им ги анализирам лицевите експресии, погледите, веѓи дали дигаат, анестезиологот ќе го пукнам прашувајќи го за сатурација, пулс и кислород. Аууу лош пациент сум јас За таа епидуралната пак, 300 мисли си помислив. Посакувам да сум над 6 прсти отворена, и да ми речат дека неможе и да не ја барам, оти повеќе ми е страв да не си го за**ам рбетот и да престани да делува и пак да си ги кркам болките
Дај боже да си природно и се да мине како што треба. Ако си мед. Лице можам да замислам дека се ќе разбираш и стручно што разговараат на царски со спинална. Јас ќе сум царски пак, дека прворо така 35+5 сум и денес имам менструални болки, де ќе поминат де ќе дојдат со различен интензитет, чекам уште малку ако не се смират од магнезиум одам на преглед и цтг.