Со лесно да ти е, и нека биде најдобриот начин, природно или царски, за да поминеме со лесно. Ти си пред мене, те чекаме со убави вести наскоро. Ќе се договорам, ако сум царски да не прават фаци и гласно муабети и ќе гледам да не анализирам многу многу
Барем ти треба да имаш помалку страв од сите нас сите мислиме како ќе биде дека нема да издржиме ама кој знае што се крие длабоко во нас
@Alishan30 ме изнасмеа бре жено. Ако си царски ниту едно лице нема да видиш освен на анестезиологот кој ќе ти прави верувај 'бош' муабет. Имаш еден чаршав пред тебе огромен. Плус за 5 мин кога ќе видиш бебе веќе ни анестезиолог нема да погледнеш дур легнеш е работата. Се надевам како и да бидеш лесно ќе си пројдеш.
@eli.karameli не ме знаеш што лисичка сум, ко вентилатор ќе се вртам по нивните движењазнам дека има чаршав, ама знам се што се дешава позади него, доволно е да слушнам екартер, и одма сликата си ја замислувам @Brpbrp верувај, баш зошто знам што се дешава, не ми е лесно. Најдобро е да незнам што ќе ме чека
И мене исто ме интересира до кога се пие магнезиум, и јас од денеска 37 недела. Крајот се гледа, броиме ситно
@Alishan30 ти мислиш ќе слушаш и гледаш?! Нит едно, нит друго. Музиче има, тие си бркаат работа, а тебе анестезиологот ќе те замајава.
Дај боже се да е во ред и моето да се има наместено како што треба пошто карлично беше и ке има царски а и со првото сум царски па си знам што ме чека. Ти каде ке се пораѓаш.
Првото го родив исто царски, во Ремедика, и второто царски се очекува. Иако сите прегледи, брисеви, скрининзи ги направив во Ремедика за пораѓај овој пат се одлучив кај др. Исмаили во Чаир, искрено послабо стоиме финансиски баш овој период. Дај Боже сите со лесно да поминеме и се да биде во ред со нас и со нашите бебиња..
Јас имам преглед наредната недела па веројатно и за термин ке се договориме и датичка само се да биде во ред.
Ти посакувам душо лесен пораѓај и после да пишуваме позитивни примери за наредните трудници . Инаку јас утре имам преглед, ама сигурно следната недела и ние ќе се договориме за датумот.
Кажувате финта како да дишам? Ептен ми отежна дишењево. Се борев за воздух синоќа. Може бебе високо е качено па притиска не го знам ова језиво чувство да се бориш за воздух. Првово ептен долу ми беше стомаков и дишев нормално. Сега е страшно. На десна страна само успевав да се наместам. Но и сабајлево еве и во седење едвај дишам
На 2 перници да лежиш, скоро полулегната, за да се ослободат горните дишни патишта, 2-3 часа пред спиење не јади, за да не притиска и полн желудник врз дијафрагма
Сношти пешачев и леле луѓе една болка кога почна од страните на стомакот, како мускул да ми се затега надоле, мислев ќе ми испадне бебето, па уште и стомакот ми се стврдна, во комбинација со болки во грбот под лопатките. Се уплашив, седнав на клупа, помина и си реков 'официјално добредојдов во трето тромесечие'
Иста сум деновиве. Мислам дека ниско е спуштено бидејќи имам чувство како секој момент да сака да излезе а од друга страна пак војна водам со дишењето. Вчера додека зборевме со маж ми осеќав како да се гушам, ми фали воздух додека зборам, се заморувам. И така, сега си ќутам, и двајцата сме раат Навечер лежам подкрената на перница, или сум на клима или на тераса дишам воздух
37г.н. +4 дена. Дали е нормално да му се намалени движењата на бебето? Значи си мрда го осеќам, но не е како претходната недела.