И ја плачев навечер не можец да заспијам се нервирав дека душникот ме болеше дури како и да легнев Па пола лежев на грб пола на страна па едвај наоѓав позиција... Некако преку ноќ помина и веќе не ме боли веројатно бебево се поместило
Пошто повеќето што ни е прва бременост константно сме во некој грч и паника од непознатото, дали има некоја мајка овде што веќе го поминала тоа да не охрабри за болките и напоните? Се издржуваат или се премногу болни? Ајдее ни треба некој да не охрабри навистина.
@Lovebug01 се слушнав. Не се повторил од тој еден пат па ми рече нормално било. Сега имам зачестени бел и прозирен ама помалку густ. Највероватно дека цела бременост освен крварење немав воопшто исцедоци па сега ме зачуди. Лежам одмарам. Не Можам да опишам колку ми збофтиса. Цела бременост прво корона од старт се изнаседов дома сега ова. Ниту шетнав ниту разгледав се набрзина испазарено. Ај не е битно да си го родам па заедно ќе шетаме...
Оф леле знам, ајде ќе помине па кога ќе се гушкате ќе заборавиш и како се си купила набрзина и не си шетала и сета мака што ја имаш сега со лежењево ќе стане најнебитна
Еве и јас потврдувам и се пријавувам за частенка Откако почнав да добивам ненормални болки имав првите три дена и се труев со кетонали. После излезе некој муабет дека предизвикувал неплодност ако се користи често,па преминав на кафетин менструал,слаб ми беше па земав ефридол. После пораѓај првата менструација ја видов на гаќи велам видов, не ја осетив. Следните беа со малку нелагодност ама 99% сменети, со незначителна болка. Кај мене има промена во овулација, тогаш осеќам поголеми бодежи во јајници за разлика од претходно. Јас па си викам, се научило телово на болка после пораѓајот па сега овие болки за разлкика од родилните се гола вода Утрогестан ставав до 35та а магнезиум пиев до 36та Како нема да ги издржиш,па како мислиш дека се станува мајка? Нормално дека боли,но доброто е што не трае многу долго вообичаено. Јас прва болка осетив во 3 по полноќ и со постепено зголемување на интензитет беа до кај 22,23. Околу 18ч ме примија 3ипол прсти отворена Околу 1, 1ипол ми го пукнаа водењакот и тука почнаа појаките, место не ме фаќаше да лежам, се движев цело време и клечев, ми рекоа не смееш да седиш. Пола саат одев и врискав во себе и тивко на глас (ми беше срам ) Па ме земаа на бокс уште некоја болка со врескање без срам и оп се роди момчето на мама Кога излезе,прашав дали уште ќе ме боли Ама признавам си имав замислено дека помалку боли, затоа очекувајте пострашно за да излезе полабаво Со лесно на сите
Во живот 1 расипан заб немав не знам пломба што е ни забар освен за чистење каменец .. Сега гледа неколку веќе заби смениле боја, еден па ме заболуваше ...не знам ни како треба да боли расипан заб Што да правам? Да барам калциум да ми препишат докториве..не ми се оди на забар во коронава ми е страв
Јас пред да останам имав еден и ме наболуваше од нигде никаде ќе фати ќе ме болеше од кога останав трудна дали дека Идеос пијам да не се урочам заб ме нема заболено така да можеби ќе ти помогне калциумот
Калциум со д3 се џвакаат имаат малце вкус на ментол мене ми се гадни реално ама мака не видов 333 денари се 30 има внатре по едно на ден се џвака
Ги земав ама не прашав во аптека кога е најдобро да се зема? Ти 1 апче на ден земаш после јадење или пред?
Јас навечер пред спиење и си легнувам само со магнезиум да не го мешаш барем 4 саати најмалце растојание да има иначе ќе му го намали ефектот нема да се апсорбира
Од бременоста се кварат забите, мораш да одиш на забар. Калциум на страна, можеби имаш кариес кој мора да се среди.
Немам моментално проблем со забите ама се мислам да одам на еден преглед и да средам ако имам нешто пред да се породам и пред да фати коронава и другиве вируси уште појако. Страв-не страв, не знам... да имам мака/болка би одела да сум на твое место, да не се закомплицира.