Се чув со забаров и ми вика не би да те примам да те ставам во ризик. Освен да те ѕирнам ако имаш болки...а јас немам моментално болки никакви Он вика најдобро после пораѓај да правиме освен во итни случаи. Ќе почекам ако пак ме здоболи ќе отидам бар да ме види за правење кузнај дали ќе ми орави нешто сега.
јас сум 38+4 и уште пијам магнезиум, не ми кажа доктор да прекинам, читам повеќето сте прекинале до 37ма недела.
Женски од 28+ недели едно прашање Каде ги чувствувате бебушките овој период? Вчера бев на преглед и со главчето е надоле свртено, а овие 2-3 дена кога мрда осеќам само околу папокот и поинтензивни удари баш на бешика (на секое трчам за во вц од што ме мава таму)...Нели треба низ цел стомак да се осеќа, или си се филмам? Си викам нозете ако и се горе нели треба и погоре на стомакот да осеќам?
Тука околу папок мава,доле во бешика и цел стомак го тегне и тресе и изместува и пола секунда ми стои испкнат,изместен смешен. Ни оваа бременост не ме мавало бебе во ребра. Има некои таму шибаат. Зависи како е поставено. Деснава страна е пострашна од папоков. Кој знае колку се превртуваат. Барем ова кај мене.
Да имам приметено кога лежам некогаш едната страна на стомаков ми е поиспакната и потврда, ама па во тој момент освен стврднување и затегање на мускулот на тоа место, не чувствувам движење на бебе или удари...може си се протегнува така. А бешиката растур ја прави Вчера изглеа икаше, мм стави рака и се исплаши кога му реков дека изглеа ика, пошо како пулсирање беше ниско доле, кај што знам дека му е главата. Како може да ика ми вели, кога не голта воздух, да не не е нешто во ред. Хахах. Во ребра еднаш само имам осетено удар.
Исти сме јас и ти во ребра дали еднаш сум осетила. Баш од твојот период досега каде сум јас, се вакви движењата, само понатаму ќе бидат посилни ударите. За чести, не се многу кај мене, но посилни се
И кај мене десно од папокот обично се истега нозете му се тоа а личи како цела глава да има, а црла бременост со глава надоле е и на крај сватив дека се што ми шета околу пупак му се нозете а доле кај колкови/препони рацете али во секој случај знае повеќе пати и болка да осетам од тегнење
Kako go razlikuvas ikanjeto.....jas 24 nedela imam vidlivi udari sto go podiga stomakot ama neznam kako da go razlikuvam ikanjeto....
Икањето е како пулсирање. Кога ти мерат притисок и кога осеќаш како ти пулсира на тоа место кога ќе ти се стегне раката истото се случува и со стомакот само што после 34 недела е по видливо и повеќе се осеќа
Девојчиња понежни...Мојот батко од пред 2 дена така почна во ребра да ме удира дури пред некој ден викнав од болка. Ептен си добивам удари
Гледам погоре правите муабет за забите. Јас немам расипани, ама затоа непцата ми крварат ептен. Знам дека е нормално тоа во бременост ама ептен нервира. После миење заби од што ми крвареле непца цела вилица како да ми пулсира. Почнав и гаргара со листерин за побрзо да смири тоа пулсирање. Инаку околу икањето кај мене вчера икаше 4 пати во текот на денот. И мене страв ме фати се јавив кај докторката дуриРече дека ништо не може да се направи тука за да не ика а и безбедно било ништо опасно.
И мене ми крвавеа едно време ако трае долго земи си од тие пастите што се баш за тоа наменети може ќе ти помогнат. Мене ми крвавеа 5-6дена... А за икањето @Lovebug01 имам прочитано дека кога ние јадеме или пиеме бебињата отварале уста валда потсвесно и тогаш се напивале од водата и затоа икале. Втора варијанта што прочитав е дека вежбаат дишење отвараат уста и исто пивнуваат вода па затоа икаат... На гугл се ќе прочиташ колку е медицински докажано не знам
@firequeenn од астера марката за пасти породонтакс мислам се вика. Црна е пастата со активен јаглен. И ич не е вкусна дури и кисела. Ама затоа после миење има антибактериско/антисептично дејство и ти ги собира непцата како кинеско јаболко да си јадела. Нема шанси да крварат и после едно миење. Ептен сум задоволна.
Јас користам Лакалут екстра сензитив по препорака на стоматолог(мм) и помалце ми крварат од неа, сега на вкус не е баш добра солена е некако ама битно да врши работата. А што убава ми беше претходната со мирис на нане. Овошје кога јадам си го сецкам на помали парченца во тајнир и така го јадам, не загризувам оти одма ми прокрваруваат. Јаболко тврдо или праска да загризам и масакар се дешава
Pa ja cesto taka osekam mislam deka toa gi osekam bebinjata....sega koe e ikanje nemozam da napravam razlika.
Уште е рано за да го осеќаш икањето сигурно само си мрдкаат. Јас сум 33 па до сега 1 или 2 сум осетила пулсирање како икање и пак не сум 100% сигурна дека е тоа