За колку време ви стигнаа брисевите за стрептокока за 2 дена може да се готови? Денес ги однесов ми рекоа во среда да си ги земам резултатите малце чудно ми падна
За 2 дена и тоа ме зачуди пишале после инкубација од 48 часа не се детектирани бактерии, а од времето на прием до резултатот има еве да речеме 36 часа, не повеќе...авицена ова.
Јас во Пролече ги однесов завршив одма работа ама малце чудно обично брисеви за недела дена имаш резултати
Да во државна поише е..значи да носам и јас во пролече најдобро штом се брзи @Brpbrp Моја грешка! Сега гледам во државна резултати сум земала за 3 дена ..се си мислев по 1нед чекам не знам зошто
Па може да тоа и забораваш дека си правел ..ама баш гледам брисевите во 12н првите така сум ги дпбила резултатите за 3 дена
Време е да се префрлам во групава Вчера бев на преглед, бебчето е ко за две недели плус Сте имале вакво искуство? И баш ми искоментира дека сум имала едно Лободче- не знам ни дали точно го пишувам? Два пати го спомна ама некако не успеав да запамтам Ама сум примала клексани па као било ок. Знае ли некој нешто за ова
Јас кога бев последно на преглед пред 1 недела ја прашав докторката дали е се во ред, чистина на плодова вода, да не имам лакуни на постелката случајно. Одма ме праша, имаш болки, како се чувствуваш. И велам немам. Епа тогаш седи си мирна , гледаш дека плодот одговара на гестациска недела според сите параметри. Aко имало нешто ќе било со развојот или понапред(пр. гестациски дијабет) или поназад (пр. проток на хранливи материии низ папочна врвца или општо проток на крвоток до бебето). Инаку и јас сум на клексани, треба да правам контрола утре во трансфузија па ќе видиме што ќе биде. Докторката рече ако ти се д-димери над 2500 ( минатиот пат беа 2880) обавезно да продолжам со терапија да не си играм играчки. Се надевам дека нема да морам да продолжам, еве како месец дена боцкам доста ми е.
Со јаки болки во грб си фатив патот на преглед. Се уплашив. Ме стегаше и без воздух останував. Ме ставија на цтг мирно без контракции. И си кркнав преглед со рака затворена сум тоа е најбитно. Болката може е бубрежна да одам на интернист препорака.