Во принцип докторите имаат ден/час кога се во сала. Нели распоред треба да има. Па ќе те закаже во некој од тие денови. Ако е итен, ондак правец сала.
Јас ги користев, мене ради секретот ми ги дадоа иако брисевите ми беа ок ама после 2 недели пак си имав. Мене ми се ок пошто се со соја нешто и лесни се за ставање а и не си после цел ден лом од нив
А јас па баш сакав природно да пробам дека со првото царски не се отварав а поминаа 4 години. Докторот ми вика ако не се породам природно до 39 недела ќе ме правел царски
Мене ми е страв матка да не распука. Кај кој доктор си? Ретко кој се нафаќа природно после краток период од царски, ама ваљда си гледаат дали е безбедно или не. Јас се преплашив.
Ме интересира нешто.. Имам скратен цервикс, беше се нормално наеднаш се скрати, не се знае дали и следната бременост ќе го имам овој проблем. Прашањето ми е...по некоја моја логика и нешто што имам читано дека доколку трудница со скратен цервикс се пораѓа природно, дополнително го иритира цервиксот за да следната бременост биде потешка од првата, и е можно цело време да е со прст два отворена. Па во овој случај побезбедно е царски...Дали е вистина, дали некој доктор го има ова потврдено? Јас имам следен преглед наредна недела и баш ќе прашам ама ме интересираше и ваши мислења. Поз
Една пријателка породена е природно со второто, после 16 месеци од царскиот Првото го роди тука, второто во странство и докторите и рекле дека пошо нема индикација за царски, ќе раѓа природно ама за секој случај ќе и биде спремна сала за царски ако нешто се закомплицира. Поминала многу лесно и брзо и тоа без епидурал да ја прашаш што и било полесно, природниот вика дефинитивно
Лелеее и јас иста сум како тебе. Не се отварав со првото, т.е. сакаа со сила да ме породат и на крај царски. И сега не сакам природно, нејќам пак дупло се да осеќам да ме малтретираат и пред и после пораѓај маки да тргам. Овој пат и психичка блокада имам за природно...не знам што ќе праам, државно ќе раѓам...бебе уште ротира во стомакот, ќе видиме...
Која недела си? Немаш зборено со доктор за пороѓајот? Од кога сум трудна останата 300 планови ми сменија, ама ова во последна минута ајде природно ептен ме стресе. Не знам ни дали можам природно да издржам болки. Јас каков плашливец сум, заб немам правено без анестезија не па да раѓам
37 точно сум денес, од утре 38ма сум. Со кој да зборам, државно од кај знаеш кој ќе се погоди. Ми кажаа само карлично ако остане царски. Ама ова се врти уште кој го знае дали така ќе остане... Ми рекоа ако е царски уште недела две го вадиме, ова вчера на ГАК кога отидов за клексани божем. Во Чаир планирам да се пораѓам, наредна недела најверојатно ќе ги посетам, ако не им текне на ГАК во понеделник на контрола спаваќа да ми облечат
Како се врти? Не верувам веќе да мења положба. Може си ме читала топла препорака за Чаир имам, сите доктори се профи. Со лесно ти си веќе на крај
Се врти бе, беше карлично па се сврте пред десетина дена надоле со главата, вчера пак главата горе во ребра, а нозете во бешика. Утре во Ремедика ќе видиме како ќе биде свртено. Една недела е помало па може ќе му дадат малку време да порасне
Колку е тежината на бебчето? мислев кога се потешки дека не се вртат, заради помалиот простор, но можно е
Ако знаеш вака да протолкуваш... 3 пати прашав - а бебето колкаво е, три пати ми рекоа добро е таман е утре ќе ги пишам од Ремедика, бар таму си пишува се и слики си имаш...
Незнам да прерачунам, математички компјутерот прерачунува, по овие мерки ваљда. Јас незнам ова да го рачунам. Пр.педес означува поставеност со ноџињата (карлично) и малку зголемена плодова вода. За тежина нема колку е, не е пишано @Mantub кажи како рачунаш?
Аиии хехех, си пораснало. Ај баш утре да видиме во Ремедика дали ќе ми речат пак дека е мало.... Тенк јууу
Има калкулатори на нет, си ги пишеш меркиве, глава, фемур, машко/женско, гестациска недела и овој резултат го даде за овие мерки Ај не заборавај да ми пишеш колку ќе ти речат, да видам дали погодив