Како се справувате со главоболка? Цела бременост немав никаков проблем сега почна глава да ме боли, еве неколку дена по ред легнувам и станувам со болка. Инаку притисокот е ок.
Минатата недела 2 дена станував и легнував со главоболка, се напивав парацетамол и Б6, и кафе си сварив, а не пиев цела бременост. Ми помина
Здраво женски имам едно прашање за тие што се околу 28-30 недела. Каде ги чувствувате бебињата да ви мрдаат? Кај мене е е сеуште ниско стомакот па најмногу удари чувствувам под папок баш на средина. Инаку не дека не го осеќам како се врти над папок ама многу малку, се некако долу ја осеќам. За првото бебе се по цел стомак го чувствував ама оваа некако долу доста аткивно претка.
Најверојатно до времето е и мене ме боли главата од позади баш кај вратот дури и на перница што ми е ме боли не си единствена
Mami edno prasanje 29ta nedela sum i denes mi kazaa deka mi e skraten cerviksot na 25mm, imam serklaz vo 15ta nedela mi go stavija preventivno no me fakja panika. Dali nekoj imA slicno iskustvo? Koga ste se porodile so skrateno grlo na matka dali da ocekuvam porano ili nemora da znaci?
Тука има доста членки со скратено грло еве и @Alishan30 ќе ти каже 35та недела е мислам дека со утрогестан и мирување се тера и до 38ма недела само пазење треба
Од 31ва сум со скратен цервикс кој беше 1,85-2,0см и плус 1 см отворена(фанелинг). Примив зреење во 31ва недела, и пиев магнезиум и строго лежење, скоро 5 недели лежев. Пред некој ден бев на ехо, цервикс е 2,4см, фанелинг нема. Се очекува до 38ма да се породам. Со лесно и без негативни мисли.
Здраво женски. 38+6г.н. сум и веке два дена имам тапа болка доле ниското во стомакот. Имам и контракции, но не се редовни. Дали ова значи дека се наближува големиот ден. Поздрав до сите идни мамички
Денес мир немам од стврнување на цел стомак па и си трае неколку минути и покрај промена на полозба؛ Сега 36н а ако терам вака до крај тешко мене ваљда нема да изненади бебе деновиве
Јас вчера цела ноќ ја поминав со болки.Онакви баш менструални ниско долу и позади половината.По кафеавиот исцедок за кој пишав,почнаа болкиве.Прво ретки беа.Потоа зачестија на 40мин,па на 30мин и така стигнаа да ги имам и на 10мин може и помалце.Се упрпавама издржав и не отидов на лекар.Сабајлето накај 5сум заспала и спиев цели 2 ипол часа асалноСтанав,доручкував,се напив кафенце и се спремив демек денеска е денот.Торбата и во болница.Таму Цтг мирно ,а јас уште си ги имам болките но не толку често и во интервали.Си добив и преглед со рака и дијагноза дека се лажни болки инуште ми е рано,не сум воопшто отворенаа тоа кафеавото нормално билоИ така рикверц дома да си чекам
Во Ремедика кај Зоран Јовановски, ми рече ако не ми започне порагајот по природен пат до 39 ќе мора царски. И Афродита ми го рече истото а 4 години има поминато од првиот царски. А ти кај кого си? Ако има некој прв царски со втор природно нека сподели дали процесот си почнал по природен пат, без провокации. Иначе почнав по малку да отекувам на нозете и рацете ај уште малку уште месецов. Од една страна одвај чекам од друга ме фаќа страв
Јас во Систина сум, се изначитав за после царски природно и се што читам е голем ризик, баш ми е страв. Ама како одлучат доктори така ќе терам за отоците качувај нозе високо на перници, лежи и можеш облоги да редиш.