Јас ако не пешачам навечер може да се збогувам со спиењето. Ме болат нозе кичма се по ред. А после пешачење ептен се преморувам од топло и од одењето заспивам кома од 10 до сабајле до 7 ..
Шетајте колку можете , не знам дали од што не смеев мн да се движам во бременоста, плус придонело сега да имам толку високи д-димери, после царскиот и после 13 клексани, димери 4500
Мене не ми е јасно она со свекрвите и со земањето бебе од болница. Само мене тоа ми се чини примитивно? Свекрвата вчера си испланирала дека таа ќе дојде да ме земе од болница, па после не знам какви обичаи ќе се правеле дома.... Мислам дека за секунда притисокот ми скокна. Кажав дека од болница ќе ме земе мм и дека никакви обичаи и собиранки нема да се прават дента кога јас со бебето ќе дојдам дома. Значи, полудев. Знам дека нема да остане на тоа, ќе пробува да си истера како што си зацртала и ако не ја отерам кај што не треба, нема да престане.
Не пешачам, многу ме мрзеее Ми тежи стомак и ми се спие нонстоп. Немам отоци, имам само апетит и мрза За дезодоранси да не пишам, м? Има да ме линчувате Ај, ќе си преќутам
Нека биде радосна дека ќе и го покажам, а за од болница и за адети дома, може само да сонува Зар'жи малку бре, мене ми успева кога р'жам и плачам.па сите ми ќутат
Па тоа е работата, кога ќе за'ржам, одма настанува молк. Ама тоа значи дека ќе престанеме да комуницираме, затоа што таа е такво едно створење, или е по нејзино или ќе се скара со сите
Прв пат слушам тоа. Интересно е ов Хрватска на пример детето од болница го вади некоја жена/човек по твој избор и такво ќе ти биде детето. На пример пријателка се породи и ди ја викна кумата затоа што смета дека е ведра и позитивна личност секогаш насмеана па бебето да биде такво она го изнесува секако дома си го носат родителите Мене мм ќе ме земе. Откога ќе здивнеме и дојдеме при себе ќе дојдат други со маски на 15мин од далеку да го видат. Секој родител одлучува како е најдобро за сопствено дете не дозволувај да ти се меша некој
И во сред корона ли? Отерај ја чим само така ќе се разберете. Нозе нема да те држат, најмалце со луѓе ќе сакаш тој ден да си. Нема по глупо нешто од тоа после болница да ти се начукаат гости. Гледај и поради коронава никакви адети и гостувања не дозволувај.
Како бе мојата не се најде да престане да комуницира, се правам и на игнор е и пак ме тинтре. Значи не давај/не давам да ми се меша. Ако се лути, нека и стои. И јас се лутам многу пати, па ми поминува и никому ништо. Не се плаши дека помош ќе немате, сами најубаво ќе си се научите да го чувате бебенцето. Никој не се родил со искуство, нити пак они, кои чувале деца пред 30 и кусур години @GolemaMala
Јас не сфаќам кога некоја ќе пише, ми се налути и не ми збори, што да правам Јас прашувам што направиле за да им се налути до незборење, да направам и јас
Ќешки да не ми збори, ама немам таква среќа многу пати ќутам, за да не ме замара. Таа рекла на мм, мачно и е, хормони плус, остај ја Алишан, греотка. Охха јас ќутам за да не ми збори таа Јас бе греотка
И кај мене свекрвата сакаше да ги земе децата од болница. Она била баба и ќе била главна. На секој можен начин гледаше да ме понижи. Ама јас ја зафркнав. Не и кажав кога ќе ме пуштат. На маж ми му кажав во 5 до 12, баш заради тоа. @Mantub едвај чекам да не ми збори свекривата. За земање од болница се знае. Уште во 9ти месец го решив тоа.
Во контекст на муабетот, одиме вчера на село кај нив, изненадно. Ми мириса на јадење, таа вечераше сама- веднаш стана за да јадам, нели трудна меца сум јас. Кафето и стои на маса, маж ми седнува па право за него се фати, шо да прави мајка зема и ново си свари. Наполнив кесите со јадење, тегли зимница, си зборнавме 10 минутки и ајдеее, си заминаа лудиве деца. Кој знае колку сме им мачни и напорни, користољубиви А, и дадов комплимент за цвеќињата, ама и да ми посади 2-3 коренчиња за мене И така-луда фамилија шта ќеш
Па треба да е ненормална до степен да сама си прави филмови во главата, и на се замерки да наоѓа ако не е според нејзините замисли... Јас не зборувам со мојата два месеци никако, ама таа пак испланира дека ќе дојде во болница по бебе дека ќе го бања секој ден... И така се тоа додека не збориме уопште, како мисли да ми се качува секој ден а не збориме не знам каква и е замислата. Свашта, какви оштетени генерации се страшно е.
Мешковциии ВНИМАВАЈТЕ што и како зборувате за свекрвите посебно Вие што имате синови ќе бидете и Вие свекрви еден ден па ќе Ве видам тогаш Гушкииии п.с да се насмееме малце
Ја па мислам кај ќе може тебе да ти се меша... треба стварно да е откачена да ти кажува бабини деветини. Дека медицинско лице и ти се ќе си знаеш за бебе грчеви, температури, прелади, симптоми..сама ќе знаеш што да дадеш како да реагираш. ..Зар она би дошла поред доктор да ти каже дај му вода или гладно е..или што год таму