Ти тренира нерви на само види ако не е свекрва ти мајка ти ќе биде таква па само на прегледи одиш пак ли сега скоро беше ние не сме ни знаеле дали сме трудни,знаевме по тоа што ќе ни закасни нема да добиеме вие модерни сте итн итн кај мене мајка ми така ми викаше на почеток аман бе пред две недели беше ти се слушаш да се пожалиш мака дека имаш она притисок ќе ти крене
@eli.karameli супер што вие со Фаталната, вака функционирате и дај боже така и да продолжите. Ова се приказни за пофалба. Но верувај 90% во случаите и не се барало влакно во јајце. Пример си седите и ќе ти каже работи од праисторијата, за незнам како царски ќе ти било тешко (од каде знае прво царски дека ќе бидеш), дека сама ќе го бања она бебето, да се вратиш на работа ти, она ќе си го чува. И ти си слушаш, еднаш, два пати и три пати истата приказна. Потоа одговараш дека нема да биде така, оти треба заедно да го чуваме, бањаме, можеби убаво ќе поминам на пораѓај а не тешко како што таа замислила. Или како ќерка и на комшиката која многу се измачила. На трудница такви муабети не и се зборат. Сум гледала пораѓаи па не сум спомнала лоши делови на никого, не пак на трудница пред пораѓај. И таа те слуша и исто како да ништо не си рекла. Упорно со истата приказна си продолжува и утре, и пред други луѓе истите муабети. И кој да бара влакно сега, ова е една ситуација, а постојат милион. Лично јас со неа не полемизирам, се трудам колку можам да не влегувам во дискусии во најголем број од ситуациите, кажувам на маж па тој нека се објаснува со неа. Ама дека не е направено нешто во врска со нејзиниот однос, не би рекла. Исто е и со мајка ми, знае и таа да пререче нешто. Но ете, и кажав и неа некои работи дека не ги сакам, и не се спомнале од нејзина страна повеќе. Можеби е и до нивната култура, неприфаќањето на модерните работи, останато во главите дека мора традиционално да се тера како тие што замислиле. Среќа имате, што вакви муабети дома не слушате. Јас уште од сега се убедувам дека мед не се става на цуцла за да не плаче бебето, зошто на маж ми таа пред 30 и кусур години така го заспивала. И за млеко, до 3 месеци доеле сите, па и она, и јас така ќе сум била. Извинете на долгиот пост
Да се надоврзам...така е не се сите исти некои се без усул. Какви приказни ја во едно пиење кафе се изнаслушав за пораѓај и за бебиња..луѓе црни сценарија. Ти и викаш доста не ми збори она Не не мора да ти кажам и погласна. После мм кога гк построив во кола викам на што личи ова. И ноќта не спиев, нервоза стрес се изедов жива. Ама таа нервоза е поради приказните што ги слушав. Хорор сценарија од комшии. На крај станав реков лошо ми е и тргнав мм да го барам си отидовме. Да видам на ќерка дали така би и зборела или нема да и е сеедно ќере да се нервира. Како што мајка ми е внимателна што кажува и бира зборови. Од секоја ситуација прави нешто негативно и песомистичко. Таква е едноставно и со таков човек е тешко да седиш.
Јас ич не и се замарам на мојава. Ради коронава, па не сум ја ни видела. Си се дружи со ќерка и, која не пази ништо и кажано е да не иде. Ми правеше тензии дека морала да го земе бебе од болница со првото, ама ја откачивме и сега ја нема. Секако по мое ќе си истерам Јас си држам дистанца. Не и се јавувам, не ми се јавува. Што треба преку мм се комуницира. Работи за бебе нит купила, нит се понудила. Живи били јас и мм Уживајте си со мажите и бебињата и навртете капата
Ај, да си се расприкажам и јас. Ние сме дома наткренати и во хаос, кречевме, па сега чистиме и чекаме да ни стигнат плакарот за во детска и креветчето. Се нема време за готвење и се некако на брза храна сум деновиве ама килажата ми е уште добра, плус 8кг сум од почетокот, а сум 30та недела. Се надевам нема да накачам многу последниве недели. Почнува да ме фаќа некаква паника дека нема да стигнам да се доспремам, а уште 2 месеци имам до термин. Сакам во теков на следниов месец се да се среди и во 9ти на ништо да не мислам, освен на себе и бебе, да читнам некоја книга за породување, за нега на бебе, да правам вежби да се опуштам. Мајка ми ме напна она се да ми исперела, пеглала, да ми помагала за чистење генералка дома. Јас само да сум уживала. Ајде кога и е толку ќеиф нека прави, што да речам. Истата приказна беше и со сестра ми кога се породи ама па она си сака така да ја мазат и пазат и се некој околу неа да е. Па одмор да земела кога ќе се породам, да дојдела кај мене да седела и да ми помагала околу бебе. Е тоа ич не сакам. Јас сум посамостојна. Мм секако ќе со биде на одмор и сакам да пробаме сами ние двајца да се учиме и привикнуваме со бебе. Еднаш кога и го реков тоа како да се навреди жената. Мислам дека со неа ќе си имам повеќе проблем него со свекрва ми. Ама барем на неа можам да и кажам дирекно, без многу политики сепак мајка ми е, и да се налути ќе и помине (се надевам дека нема да дојде до лутенки и каранки). Свеки си стои на страна уште ништо не коментира вака да било, така да било. Среќна сум за тоа ама да не зборам пред време, ќе видиме. Гледајќи по јатрва ми како се понашаше кога имаше бебе, одеше секој ден или секој втор ден на кратко само да го види бебето, си делеше малку нејзини умови и совети ама не се лутеше ако не ја слушаа, не беше нешто наметлива. Барем таков впечаток имам и се надевам ќе е така и со мене Јас сум добра и немам некои тегоби освен некогаш што не можам да зафатам позиција за спиење. Читајќи ве тука очигледно 9ти месец е најтешкото, па имам време уште ни во 8ми не сум влегла. Бебка е активна ама ретко јако да клоцне, повеќе како да се движи/мрда и тегне, и како да ме гали одвнатре осеќам Многу често ика, некогаш можеби и по 3-4 пати на ден што малку ме загрижува ама се надевам не е нешто опасно. Читав после 32 недела треба да се намали икањето. Некогаш кога седам осеќам како нелагодност во пределот кај ребрата па си викам да не и се таму нозете па може се протегнува. Значи, не удари туку само како тапа болка кај ребрата, како затегнување. Следна недела сум на трет скрининг, се надевам дека се е во ред. Читам и за дезодоранси сте пишувале. Јас користам рексона обичен, а последниов пат видов дека се продава и без алуминиум па земав таков. Со какви не хемии сме опкружени, до дезодоранс ли дојдовме. Има едни кристали во стик се продаваат, во зегин ги има па се мислам такви да земам понатаму кога ќе се породам, без мирис се, а и да потиш барем не мирисаш. Ги имам користено убави се. Тоа од мене, доста си полежав, одам да се фатам за работа
Абе затоа реков има секакви, ама за да се функционира некако, со едно слушаш со едно гледаш и не лепиш на срце
Јас мислам и ние снаите дека сме тешки и малце сме пристрасни кон нашите мајки. Може и мајките исто да се понашаат ама нема да ни смета, ама доколку свекрвата ни каже нешто тоа ни смета. Знам дека има и свекрви со кои тешко да се излезе на крај, ама читајќи низ многу коментари гледам дека некои и непотребно си ствараат стресови. За некои банални ситници се нервирате. Некогаш одбијте на глупост и вие ќе немате ни нервоза, ни стрес. До сега не можам да кажам буквално ниеден лош збор за свекрва ми. Во ништо ми се нема помешано, секогаш ме прашува и ги почитува моите желби. Мислам дека самата она што немала добар однос со свекрва, она се поставила како ќерка со мене. Кога се спомна која да дојде да ми помогне околу бебето, самата она рече дека мајка ми најубаво да дојде прва. Се што треба да се купи за бебе ме прашува, ми купи постелнина без да ме праша и одма ми пиша ако сакаш не мора да ја користиш ама мене ми беше многу убава. Затоа и од мене има максимално почитување.
Аиии не. И мајките се напаст. Ама со нив ќе се скараш, ќе кажеш, ќе се разбереш и пак ќе се смириш. Со другиве друго е
Ете на мајка ми ќе и ја отстапам таа обврска, кога толку сака Многу работи ми има купено што ќе ми бидат за почеток, па и дадов и тоа што имам и јас купено да испере и да го спреми. Многу инсистираше и си реков ајде да не и го кршам филмот. Ама кога не се под моја контрола работите паничам уште толку. Си сакав јас се сама да си исперам, испеглам, наредам во плакар. Она сигурно ќе ги прави тие работи додека сум во болница
Гледам погоре за свекрвите се прави муабет. И мојата не е поарна. Уште од сега почна да ми дели совети како да сум правела со детето оти таа имала 2 изгледано па знаела. Како единствена на светов да е деца што гледала. Ми вели дека кога ќе се родело јас ќе сум била како изгубена немало да знам кој пат да го фатам ама затоа таа била тука да ме учи мене неспособната Вчера се избаци со муабет дека таа ќе пуштала машина долу кај неа за бебето оти тие малечки биле нежни алиштата а таа имала бејби програма на машината. И маж ми понесен од муабетов мислејќи дека така е мајдобро истрча и рече штом е така ти пуштај си долу. Пуштај си бе,ко нејзино да е детето. И реков јас ќе си пуштам горе. Потсвесно со ова сака сите околу себе да ги убеди дека таа е правата личност за гледање на бебето а не мајката. Кој има поголем инсткнкт од мајката кажете?! Никој. И да не знам нешто ќе се научам,бебето ќе ме научи - помош само ако ја побарам. И плус не сака ништо ново да прифати мисли дека уште 20ти век сме. Детето немало потреба многу да се дои голем ќе бил после годината. Таа треба да биде среќна млеко да имам да даде Господ за да го дојам,а не да кажува кога треба да се прекини. После вакви нејзини изјави ништо чудно да ми секне млеко пред време, колку и да сакаш не може да не се нервираш.
Јас не и прогледувам на мајка ми низ прсти. Особено и она што забегува со сфаќањата. Многу често сака да ми наметне свои работи. Мене како @Lovebug01 ме попука за тоа чистење и перење/пеглање. А што е најтрагично доктор и забрани да крева се напрега/чисти/крева. И се испокаравме дека нема што да пере пегла и чисти и ако треба да дојде ќе дојде...она упорна дека сами нема да можеме...И ај сеа. Не ми кажувајте за хармонии кај мене и двете се Сигурни дека ние сами нема да можеме и тоа страшно иритира да слушаш дури си трудна. На моменти се понашаат као ние нема да знаеме што со бебево... Кога ве читам вака среќа што не сме заедно во куќа...ептен е полошо со такви наметливи да живееш заедно
Подметни и некој текст од оние статиите на интернет кај што се пишува 'што не треба да и се кажува на една тазе мајка' Шала на страна ама вакви муабети од 20ти век само неедуцирани луѓе знаат да зборуваат. Некако дај и до знаење дека ти си мајката и ти знаеш што е најубаво. Знам лесно е да се каже ама поубаво дирекно објасни и со повреме дека хормоните после пораѓај ќе ти бидат малку полудени за да не ти замери ако и се нафрлиш и заради тоа да помага само ако ја побараш ти за помош. Со убаво прво, па ако сфати добро, ако не нека си збори ама не мораш се да применуваш, ќути си и гледај да не се нервираш
Ако почна да ми се мешкаа во врска со како да го гледам бебето од одма пресекувам со едно важи и толку. Не си ставам нервози, а ќе си терам по свое.
Клучот на врата и чао пријатно Не, реално стварно е тешко да не можеш да се убедиш, без разлика дали е мајка или свекрва. Јас сум таков тип на човек што ако си увртам во глава дека вака ќе биде, и некој од страна сака да ми замеша прсти, можам страшно да избувнам. Ама па после си викам, вреди ли за ова нервози? Само заради што јас сум замислила дека кога ќе влезам во 9ти треба се да е спремно и дека јас се ќе си средам а не некој друг, и ако не испадне така па нека не испадне си викам на крај, па кревам раце. Како сака нека биде, бебево во мене не е должно да ги трпи нервозите. Е за кога ќе се роди уште сега ги спремам дека можам да бидам малку 'незгодна' во однесувањето ако претерано ми се мешаат. На хормоните ќе се ваѓам
Епа тоа е она што мене ме нервира уште неродено одма ние неспособни сме. Ене ја сестра ми од прв ден сама си го капи бебето заедно со зет ми. Едниот потура другиот го држи бебето. Тие учени не се родиле, само си ја презеле контролата во свои раце. На неполна година летаа со авион, никој ништо не му рече,сами си одговараат. Ама тие се таква фамилија полиберални и никој не се потресува. Слободно можам да кажам светски луѓе се.Без драми и без циркузи.
Далеку дека и прогледувам низ прсти на мајка ми, и мајка ми е жива напаст не дека не, ама со самото тоа што ми е мајка можам и да и повишам тон и дирекно да и кажам не ме замарај со тоа, напорна си и слично кога ја преминува границата, додека на свекрвата не можеш баш вака опуштено, дирекно и дрско да и одговориш. И затоа јас со нејзе немам дирекна комуникација, се се одвива преку мм.
Ама и така треба да е. Може и мајками некогаш мм го напињала со глупи муабети он нема да се осуди да и повиши тон или да и пререче. Ќе ми каже мене и јас ќе си средам. Така и он со неговите ќе си средува. Само мојот на моменти е ќутук. Ти му викаш Кажи им нека не ми зборат така он ништо не кажува. Ахх ова синчињава