Слушајќи ги и мајка ми и свекрва ми како тие ги изгледале другите внучиња, уште пред да се породам со првото им реков-супер за вас, моето јас сама ќе си го гледам. И така и беше. Сѐ сами со мм си правевме, си го изгледавме без проблем. А тек сега па со второво, ич не ми ни треба никој од страна. Разликата е во тоа што мајка ми воопшто не ми се меша, и да проба нешто и кажувам - не и се повлекува. Ама затоа свекрвата не се разбира од - не. Ај што таа внучињата ги гледала, па и комшиските деца, таа ги гледала, таа ги бањала, таа знае буквално се! Ама врв на сѐ беше кога сакаше да докаже дека може моето 1 месечно бебе без мене, па ја извади градата, демек ќе ја дои. Ми се згади.
Твојата е пореметена изгледа. Тоа да ми се случи, па нема да види внуче никогаш во живот. Треба да си разберат они се баби, а не мајки нивното било и прошло. Сега може да се седа од страна и да пеат тапшин ташин танана и толку од нивна страна.
Ама сите што ги правите овие муабети за незамарање кажувате дека имате свекрва што не се меша. Да имаш свекрва како овие за кои ние збориме ќе видиш дека не е до твоето незамарање. И мајка ми ако дава совети неповикани ја кратам уште во старт. Ама разликата во мајките и свекрвите е тоа што мајка ми ми го кажува тоа со тон "да не згрешиш во ситуацијата", а свекрвата го кажува со тон "конечно ситуација кај што можам да докажам дека си неспособна мајка и недоволна за мојот златен син". Ни една што имала свекрва која се меша не ги направила овие муабети што ги кажувате демек не замарај се. Не можеш да не се замараш кога на глава ти се качува.
Може да е така, дека не се мешала затоа така викам. Познавајќи се себе знам дека не би рекла ништо и дека ќе продолжам по свое, затоа што знам дека ја имам поддршката од страна на маж ми и дека он е тој што не би дозволил да се меша. Да не идам далеку од тема и да ја правам уште поопширана ама мажите се тие кои треба да пресечат со нивните родители.
Мислам дека тука дискусијава ке ја завршиме зошто реално го имаме победникот. И во тема снаи и свекрви твојава ке победи.
Инспирирана од муабетиве, го седнав денес мм и му реков: Слушај да се договориме, кога ќе се роди бебе ние ќе си го бањаме и пресоблакаме, добро? Нејќам да идаат мајка ми и мајка ти за бањање или за да ни помагаат за што било околу бебе. И он ми вика, а кој ќе ни покаже за бањање? Мора еднаш да дојдат Лелее, му викам штета што нема пренатални часови заради коронава да одевме, ама ај добро мене ќе ме поднаучат на болница, ти ќе гледаш клипчиња на јутјуб Добро, ми вика. Ми олесна Ај да не се радувам пред време. Нему му е многу страв да држи мало бебе во раце, не знам како ќе се опушти. Цело време му зборувам првиот, вториот пат е тешко после се навикнуваш. Дека јас "учена се родив" па знам се како треба
И ја зедов малата од раце. Што и да кажев, ќе ме направеше мене недоквакана. Махер е за извртување муабети и ситуации. Колку пати ме има направено мене луда со тие нејзини испади, подобро да не почнам да кажувам. После таа ситуација, малата ја гледаше само во мое присуство. Исто ќе биде и сега со второво.
Ич да не секираш како ќе ја бањате. Од прв ден сами ја бањавме, јас ја држев, мм ми потураше вода. Првпат бањав бебе и се снајдов.Никој не се родил учен, ама мајчинскиот инстинкт си го прави своето.
Морее, ич да не ја види. Му кажа ли на маж ти? Јас да го видев ова мислам дека големата ќе ја направев. Ќе урлав.
Му кажав. Мислеше дека измислувам. Рече дека можда и не било така, не мислела таа така. А можда е навикнат на такво нездраво понашање, не знам. Сега веќе е друга приказна. Тогаш може пробуваше да ја одбрани, сега не. Сега тој се расправа со неа кога претерува.
Замисли во полиција ја пријавуваш И ја ќе напраев на голема...а мм ако не изреагира и не ја напрај Големата куферите бебето и Ќао
Мислиш еднаш се имам спакувано? Ама не е тоа решение. Си поработив на односот со мм, фино лепо му објаснив некои работи. Се знае што е родител, а кој баба/дедо. И кој до каде ќе може да оди.
Абе ќе ја сликав и по една разгледница на цела фамилија и сите нејзини пријателки и комшики, да видат со каков човек си имаат работа Уште не можам да си ја замислам сликата на постара жена со висната цицка кај што му ја нуди на мало бебе. Ние тука се смееме ама @GolemaMala стварно проблем си имала. Среќа што имаш разбирање од мажот ти.
Знам секако те разбирам. Мака е како не сп такви. Не е решение брак да растуриш вк никој случај. Еве 2г сме во брак сега сфаќам колку треба да му се збори и збори за да научи да воспостави граница...бар мојов е таков